Ние го имаме тикси. Скоро година и пол го користиме, расклопувано, склопувано милион пати. Столчето не е мрднато. Лесно е за одржување, недостаток е што не се склопува, а ногарите му се широки па фаќа прилично простор (и барем сто пати се имаме сопнато на ногарите ). Ако те интересира уште нешто, кажи ми.
Ти благодарам на одговорот. Најмногу ме интересираше дали лесно се одржува и чисти, еве велиш дека да. Инаку, претпоставив дека ќе биде прашање заземањето простор, но тоа не е проблем кај мене дома конкретно.
Лесно се одржува. Седиштето е дебела пластика, ногарите се дрвени, со влажна крпа само пребришувам. Навлаката се вади и се пери, флека досега не останала, иако моето бебе по блв се хранеше па можиш да замислиш колку многу беше валкана хранилката.
Мајки да ве прашам, случајно да не знаете да има некаде да се купат каиши за хранилката? Ми се скина едниот бидејќи е постара веќе користена па сега ми е нефункционална.
По истражувањето изборот на хранилки ми се сведе на неколку: safety 1st timba, kinderkraft enock, cangaroo nuttle, free on moon и free on chef. Доколку некоја од вас има користено некоја од овие хранилки, ве молам, ако можете споделете искуство. И оние што ги користите хранилките на stokke, од каде ги набавувате?
Некој имаше пишано дека копиите се расклатувле, им се лупела боја и сл. Трип трапот нас ни е од бебе хоме од Солун.
Да ми кажат колку време ги користеа солидно пред се ова? Многу голема инвестиција ми е во моментов трип трапот, a многу ја сакам, исто и номи многу ми прави ќеф. Како си ти задоволна од трип трап? Вреди толку пари да се дадат?
Во споредба со копииве не знам да ти дадам мислење, ги гледав и јас и се премислив, намерата беше сепак да го користам долго и не ми се ризикуваше. И еве скоро година не е мрднато, 1 или два пати ги преместував нивоата и тоа е тоа, не сум имала потреба да го пристгенувам или слично. Во споредба со обичниве хранилки такви по ресторани или по хотели што сме користеле ми е неспоредливо, тие не се толку големи колку што се гломазни, ова не е мало ама е некако компактно, пре би од икеа белото столче пошто и на такви има седено и е сосем ок само да се стави потпора за нозе. Лесно е за чистење многу, буквално со едно бришење со влажна крпа е како ново, ништо не му се познава, ниту има храна што не можам да ја извадам од негде, а каишите ги перам во машина. Дека вреди вреди. Ама зависи која ти е намерата, ако сакаш да го користиш 10 години тогаш вреди, ако ти е само заради дизајн тогаш не, пошто имаш копии кои ќе ти ја бркаат истата работа за помала сума и ќе ги користиш 1-2 години. А од најпрактична гледна точка мене ми е Икеата, евтино е, ќе го користиш година-две, лесно се чисти, е потпора само му треба за нозе.
@Mucika за повеќе години сакам, го планирам за без послужавник покасно да го користиме. На другиве видови нема толку можности за движење на подлогата за нозе ниту пак седиштето се преместува горе доле. Ајде да видиме дали ќе се убедам дома некако, ако не два пати ќе купиме копија, барем парите ќе ги разредиме.
Слободно можеш од старт да го користиш без послужавник. Мене не ми е толкава масата, кога има место е директ на маса ама ако нема и го ставам послужавникот.