Нешто пред 2 години го извадив, веќе сакаше да седи на стол како сите нас и да не сака да седнува на неговото и тогаш го извадив.
Jas ja zemav prvata pred dve nedeli. Zadovolna sum bidejki e vo 3pozicii. Ima kaisi i visinata se pomestuva i ima trkalca. Stabilna e. Zimaj ja dur e na popust
Презадоволна. Баш пишував пред некое време кога ја купив, незнам кој ги измислил другите хранилки, ама хранилка од овој тип е одлична и за одржување и за правилна позиција за јадење. Единстевна мана е кога бебе уште не е стабилно заседнато. Откако ќе заседне е одлична инвестиција. Само јас има натур, не во боја.
Каде можам да најдам booster хранилка што се прикачува на обичен стол? Не сум сигурна дали така правилно се викаат, ама видов по нет и баш практично ми се виде.
Го имам, џабе фрлени пари. Прениско е за седење, дури сега му одговара на син ми (97цм е висок). За патување е супер.
Во што ги храните бебчињата додека не почнат да седат цврсто исправено (и спремни за столче)? Далеку сме од седење, а хранилка ја меркам таа дрвената спомната погоре. Го седнувам во транспортерот за сега. Некоја друга идеја?
На трип трап столче во делот за новороденче од постариот модел. Доаѓа како да седи на некој агол од 45 степени. Она баш се радува да седи во него, оти може да не гледа од друг агол, не лежи и не и смета. Не знам уште ли сте во странство. Го купив на старо го убивме од користење секој ден.