Во Мк сме веќе, не сум сигурна дали има Трип трап тука, можеби знаеш? Баш ми се допаѓа тој тип на столче. Овој од Бебе хоме мислам нема таков додаток, штета.
Не знам. Ама има полно што го купиле и кај нас. Евентуално ако имаш по некој да го нарачаш. Абе они ќе седнат ка и да, ама ете и за месец дена да е, пак попрактично е.
Некој да не го има ова столче? Дали има и послужавник, бидејќи не го гледам на сликите? До која возраст може да се користи?
Дали е во ред да седне бебе во дрвениве хранилки, само кратко за јадење, доколку сеуште не седи самостојно? Имаме совет од педијатар и ортопед до 60 степени седење, па тоа ме предомислува. Мораме да земеме хранилка, веќе не сака во транспортер да седи, еве денес во скут го држев поднавален за да јаде. Ептен ми беше мерак за таква, но ми треба хранилка веднаш, не можам да чекам за да седне па потоа да ја купам. Што мислите? Имате некаква препорака од хранилките што може наслонот да се прилагоди на 60 степени?
Ако имаш релаксатор транзитирај во него, па купи си дрвено според мене. Баш пишував дека да ги имаше и да ги знаев за првото овие никогаш немаше да купам од оние другите столчиња, затоа што позицијата на седење во нив е како фотелја и не е баш правилна за јадење. За второво купив од овие дрвениве и стварно има разлика во начинот на седење. Инаку во сличен ценовен ранг мислам со ова на фри он беше тимбат на бебе комфорт, јас тоа би ти го препорачала, има послужавник и многу повеќе нивоа за да се користи и како класично столче покрај маса, ама за помали деца да седат нормално.
@Ano ти благодарам, деновиве се храниме потпрени на перница на 45-60 степени, па седи мирен така, ќе биде во ред за периодов, па ќе си ја дочекаме дрвената изгледа сепак. Гледам Тимба и Енок се речиси исти, има некоја разлика меѓу двете ако знае некој да ми каже? Тимбата ја немаат на залиха моментално, не знам кога и дали би ја добиле.
Здраво Бебето има 5 месеци и една недела почнуваме со вкусови деновиве Во хранилка ли го ставате за почеток? предлог за хранилки од кои сте задоволни? Фала ви ☺️
Дали некоја од вас ја има? Рано ми е уште за ова да разгледувам ама сакам да се информирам на што да се внимава при изборот
E i jas sega ke kupuvam, rano ni e ama me zapnaa posto poklon e pa da odberam. Citajki nanazad gi falat Stokke Trip Trap-ot, kopiite nivni nekoi se zadovolni, nekoi ne; a od regular izgled stolcinjata Loco Croco Tiny i Pali Papi Light od Bebehome imase zadovolni i mi se dopadnaa, ama vtorava e out of stock odamna. Za ova kako tvoeto imase edna clenka pisano, super se, samo deka e glomazno i ne se sklopuva. Eve ke citiram sto najdov da se gleda pri izbor Jas za Tiny od Loco Croco sum najveke, ako ima nekoja zemeno skoro neka spodeli
Јас го имам Tiny. Задоволна сум - стабилно е, има појаси, се поместува горе долу, наслонот на грбот исто така се поместува во 3 позиции што за почеток ептен значи. Има потпора за нозете ама не се поместува или јас уште добро не сум проверила, не ми требало. А да, и лесно се чисти.
Се склопува? @Tiny Love Ние ја имаме kinderkraft tixi 2 in 1, слична е на оваа. За одржување е предобра, по блв се хранеше големиот, со влажна крпа се чисти. Маана е шо не се склопува, а ногарите долу се раширени и фаќа прилично простор. И ако бараш за помало бебе, не е соодветна дека не се подесува позиција на седиште, послужавник, наслон за нозе.
Сум заборавила да напишам - да, се склопува. Често ја имаше и на попуст, проверете и на Ананас дали е поевтина. Мислам дека за 3600-3700 ја купив.
@DaisyDream Фала ти многу, ова со хранилкиве навистина нема играчка, јас па се запнав дека дрвена и ќе биде многу стабилна а за подесувањето немаше да се сетам сигурно, важно на изглед многу убава е А тие stokke trip trap не знам зошто ич не ми се свиѓаат, важно штом толку треба да се внимава при изборот со време сум почнала да барам A оваа tiny и мене ми фати око уште само розева да има и ќе биде таман ама како сум тргнала се да ми одговара изгледа на крај ќе јаде од скут
Штета, многу ми се допадна. Сигурно уште ќе разгледувам, ете за просторот не е страшно ама за наслонов и позицијата велат да се запази. Дали можеш да ми кажеш од колку месеци седи?