Не можам да го најдам, мислам го имав и во темава ставано. Ама го нема веќе, последен пат пред некое време кога барав го немаше. Постар модел некој беше и се склопуваше како куферче.
Јас ова го имам и го носев по одмори. Син ми сега е 3 год и 2 мес. Сеуште јаде во него. Само не врзан и без послужавникот напред што е . Си седи во него и јаде на масата. Обичниот стол му доаѓа ниско , па затоа на ова. Најискористен реквизит ни е ова столче
Уште еден месец треба да почнеме со вкусови па би сакала да ми помогнете при избор на хранилка, која би ми ја предложиле? Бтв цел стан е плочки ни треба некоја да не се лизга.
Пред некое време и јас прашував во темава. Се одлучив за макси кози минла и не згрешив. Цврсто, стабилно, повеќе нивоа за потпирање, изглед одличен. За 2025 е на второ место, на прво е стоке ама мене лично, грди ми се тое столчиња, не знам зошто. Недостаток на макси кози е перењето, беба ќе направи лом па пери суши, но, вреди.
Дали можам во машина за алишта да ги исперам деловите од хранилката? Оние што се за седење од чико хранилка имам?
Јас ги перам на quick wash на 30 степени. Околу 20 минути е програмата. На моето пишува да не се пере ама јас го перам. Не е чико мојата.
Јас ја имам Tiny жирафката од Локо кроко. За парите е топ, презадоволна сум. Цврста е, стабилна, се подесува под агол, како подлегнато и за седење и тоа делот за јадење на 3 позиции можеш да го местиш. Во смисол далеку/блиску до бебето, пр само кога ќе си јаде да е веднаш пред него.
Tiny имам од локо кроко презадоволна сум со 3 позиции е последмата како лежечка ја немам користено ама затоа другите две од 60° од 5месеца и шпсле тоа до ден денес на 90° ја утепавме јадење играње додека птавам на бебо јадење, пијам кафе, за до вц и сл. супер да не мислам бебо на подлога дали киднало негде. Исто како @Cherry blossom89 само нашата е со пилиња
Искуства? Дали се добри на Кика Бу? Enci Menci- teddy овие три? Исти се, имаат само дизајн различен. Предлог за некоја добра хранилка? Треба да одберам веќе. Дали е подобро со тркалца да биде?
Има оти штоке се на прво место. Мојата е 2 и ќе го користиме трип трап уште многу време сигурно. Од пред 5 месеци е на столче со делот за новороденче.