Столче имаме на Чико, со поголемата ќерка го користевме,а и таа мирно седеше, со помалата нема шанси да ја ставам,некако не се навикна дете да седи,па така ми стои за украс, на крај ќе го продадам еве го нашето
Jas denovive razgleduvam za hranilka. Sakam da kupam, nemozam da se odlucam. Cere e mala, 1 mesec, ima vreme dodeka ja koristeme. Ama, ke dojde vnuk mi na 2 meseci, treba za nego. Pa rekov ke kupam sega em za nego em potoa za malata ke si ja cuvam. Pomegju ovie se mislam. Prvite se okolu 5000 so dobri karakteristiki. Poslednata e 2.500 ama neznam kolku e prakticna, stabilna? So ogled sto se koristi podolg period mislam deka vredi da se ulozi vo podobra hranilka. Iskustva? Moze i preporaka. @danichap ima postirano edna, mi se svigja. Samo nemozam da go najdam modelot dostapen.
Ние имаме на чиполино и спас ми е. Онака не јадеме, многу сме темпераменти и не седнуваме во место секунда. И затоа си седиме во столчето и така јадеме. Еве вакво е нашето
И ние имаме на Lorelli, задоволна сум од него. Синко сега за сега си седи мирен додека го хранам во него, кога ќе го нахранам веднаш го вадам од него. И пред да го ставам знае дека ќе ручка и се радува.
Дома го имам овој модел. Едниот дел е класично седење кога детето е опркнато, другиот дел е одличен за фазата на пробуавње вкусови и пројадување. Конкретно моделот е sit and relax hauck. За кај мајка ми зедов од локо кроко за 2090 ден. најобично столче. Го препорачувам за опркнати дечиња, мојава добро се прилагоди на него иако нема некои посебни функции. За мали бебиња, кои штотуку седнуваат, не би било идеален избор.
Мојава додека не лазеше седеше и јадеше во столчето. Како почна да се пушта сама, прави триста лудории во столчето. Не е човек да ја остави ни 5 мин. Испадна хранилката најнеискористена работа. Обично трчам низ дома со лажичето или измислувам топла вода за да јаде.
Мојава максимално искористена, научи дека таму треба да јаде и точка, други лудории никако. Еве 21 месец има и сеуште ја користам, за ручек, доручек, некогаш и вечера.. Сум пробала да му давам да јаде на обично столче или на земјаа, нема шанса.. станува бега и јаде недоволно така..
Со пластичен граничник дефинитивно. Од кога е родена ја немам врзано со каишчиња, многу убаво ја држи, со каиш само се лизга/ше надолу.
Јaс oд ситу мoл ги купив беби блу мислaм беше ,бaш ке ги прaшaм a и бo лoкo крoкo ке прaшaм дaли имaaт и кoлку се,ти блaгoдaрaм
Кога купував баш тоа го приметив, некако многу тесно тоа седиште со пластичен граничник меѓу нозете... ако земев такво гзето на мојов веќе на една година немаше да му го собира таму дека е групно и големко дете, а во ова што го имам со каиш еве го на 21 месец уште си седи, скроз таман му е.. а доста е крупен како 2ипол 3 годинки дете кога беше малечок ептен кога не бев до него го врзував само со долните каиши, горните што се преку рамо ни еднаш не ги закачив. Одамна си седи незаврзан
Девојки врска немам кај да го поставам прашањево, па еве одбрав тука, ако е грешка преместете го. Хранилка ми препорача ортопед да земам на позиции бидејќи мали е 4 ипол месеци. Сакам мека да е, стабилна и со позиции нормално ко што ми кажаа. Дајте ми ве молам совет или искуство од кај да набавам. Фалааааа
Од Џамбо е сосема солидна, со три позиции на наслонот, 45, 65 и 90 степени, се подесува и висината според масата или столчето, исто и масичката се прилагодува да биде понапред или поназад според детето. Ние зедовме таква, презадоволна сум, 2999 ден. е.