1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стоматолошки факултет

Дискусија во 'Образование' започната од maca99, 25 октомври 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.671
    ајде девојки стоматолози и идни стоматолози ,што че кажете за нашиов ни фак.?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    19.614
    Допаѓања:
    170.315
    Пол:
    Женски
    Мислиш за стоматолошкиот факултет на Државниот Универзитет? Оти има и приватен, на Европски Универзитет. Ама како што овој вториов не вреди ни да се спомне... ќе си зборам за моето искуство.
    Имам кажано и претходно - студирањето ми беше едно прекрасно доживување. Да, така е, не само заради самиот факултет, туку заради тоа што имав среќа луѓето да ми се погодат, т.е колегите во мојата група.

    Се запишав на стоматологија (во далечната 1999 год. - :o толку одамна беше?! ) затоа што сакав практична работа - да ми работат и рацете, а не само мозокот. Студирав по старата програма, со шест студиски години, т.е 12 семестри. Уште од самиот почеток почнавме со предавања и вежби - уште несвестени дека треба целосно да се активираме и да вложиме многу ако сакаме навистина да успееме. И така и беше - кој не се трудеше, остана назад - од 20 души во мојата група во прва година, во втора бевме само 8. И учевме се, небаре медицински факултет е во прашање. Од почеток со природни науки на ПМФ, после со институтските медицински предмети (анатомија, физиологија, биохемија, патологија, патофизиологија) и тука некаде она што не уверуваше дека сепак сме се запишале на стоматологија (предклиничките стоматолошки предмети). Лека полека доаѓаа и клиничките медицински предмети заедно со она што навистина сакавме да го работиме (да му чепкаме некому во уста :lol: ). И така некаде се до 2006-2007 година, кога веќе ги зедовме дипломите во раце, после положениот испит по максилофацијална хирургија.

    Ова може малку поетски звучеше :P ама сакам да кажам дека имав позитивни искуства. Не дека немаше лоши работи, ама на крајот само убавото останува. Ми пречеше тоа што во првите години професорите, особено по медицинските институтски предмети, се однесуваа со нас, идните стоматолози, како ние ништо да не вредиме, ниту пак знаеме, а во ѕвезди ги дигаа медицинарите. Мислам дека тоа беше таа заради фактот што тие професори немаа контакт со живи луѓе на факултет (мислам на пациенти). На испит се докажуваше кој навистина вреди, затоа што ние не полагавме писмено (на прсти од една рака се бројат испити што сум ги полагала писмено). Можеби ако премолчев некои работи, немаше трета година да отидам квадрат, ама едноставно, не можев да преминам преку тоа омаловажување. Како и да е, искуство плус (да ќутам кога треба :P ). После веќе беше полесно - асистентите и професорите беа поинакви, покултурни и повеќе ценеа знаење. А најубав дел од цело студирање беа последните две години, кога постојано работевме на клиника, со пациенти. Тогаш видов и нучив многу работи кои сега потешко ќе ги видам и научам, а кои ми се доказ дека се може да има на светов.
    Не можам да се пожалам од квалитетот на предавањата и вежбите, или можеби јас имав среќа оти ми се погодија фантастични луѓе и колеги од кои навистина можеше да се научи нешто и кои несебично го делеа знаењето. Како што знам, денес веќе не е така. Најмногу поради приватизацијата на стоматологијата, но и поради тоа што сега при вработувањата на клиника мора да се испочитува рамковниот договор. Никогаш не ги ценев луѓето според тоа дали се Македонци, Албанци, Турци или не знам што - ги ценев според трудот и знаењето. Криво ми е што тоа денес не е мерка за тоа каков треба да биде еден стоматолошки факултет - ама не губам надеж дека тоа ќе се промени, дека ќе се врати на реномето што го имаше претходно. Криво ми е што на новите генерации воопшто не им го признаваат факултетот никаде, иако студиите се по ЕКТС.
    Ќе речам на крајот, убав факултет, само погрешно време и погрешно место. Затоа што кај нас секој завршува, макар и со години да студира.
     
    На Maša8, maca99 и irenna им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.671
    да мислев на државниот стоматолошки.оти колку што знам европскиот не е признаен воопшто
     
  4. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    9.346
    Пол:
    Женски
    Моментално сум трета и да ви кажам се изнаживеав :D нема подобро од студентски живот...
    Никогаш немав желба да станам стоматолог, еве учам и сеуште не сакам, ама редот си го фатив и да ви кажам право забавно ми е. Како што кажа Annath, тешкото ми прошло, сега све ми е интересно :)
     
  5. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    јас сакам да се запишам на стоматолигија и ме интересира дали и каде е признаена дипломата ?
     
  6. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Се викам Валерија имам 15 години и сум прва година средно..Одлична сум ученичка но не скроз..планирам да се запишам на стоматолошки,колку поени ми се потребни дали ке ме примаат?
    фала многу!!
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.093
    Пол:
    Женски
    Си го сакам факултетот. Си ги сакам кафињата, дружбите. Си ја сакам анатомијата, микро, патофиза. Патологија не, доасадна е :) .
    Мислам дека убава (ќе) е нашата работа. Занает.
    А оној Стоматолошки на Европски не го сметам за ништо. Градинка за големи деца
     
    На Maša8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Се слошувам. Не вредат приватните факултети, сите кои што завршуваат на приватен имаат купена диплома и штуро знаење !
     
  9. Enable

    Enable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Каде се наоѓа деканатот на стоматолошкиот факултет во Скопје?знам дека е сместен во комплексот на Државна болница ама незнам точно каде!и ако некој ја знае жиро сметката на стоматолошкиот факултет нека ја напише,бидејки на страната на стоматолошки нема никакви информации :| . ви благодарам однапред :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    19.614
    Допаѓања:
    170.315
    Пол:
    Женски
    Никаде, иако нас не маткаа дека се признавала во некои си таму европски земји... како да не... во Словенија ти признаваат ако имаш завршено по старата програма со шест студиски години, плус што се полагаат два или три испити, јазикот и државен испит за лиценца за работа. А во други земји... тешко.
     
  11. Dentist-18

    Dentist-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво...Нова сум на форумот...Сакам да прашам нешто во врска со Стоматолошкиот факултет...Имам 83 поени па ме интересира кои се шансите да влезам во приватна квота..Ме интересираат мислења од претходните години како е било..Ве молам ако некој знае да ми одговори..Фала однапред
     
  12. Chriss

    Chriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.671
    Teмата да ја оживееме малку :)
    До каде сте со студиите,гледате ли некаде надеж? Колку го сакав факултетот,струката,белиот мантил,столот,буквално се! Минува времето а јас се разочарувам.Колку пари фрлени,колку стресови,нервози,неправди,борби......И за на крај,сето тоа да не се врати.
    Милион огласи и интервјуа,секаде исто.Ќе работиш како стоматолошка сестра,за 6-8000 ,без платен превоз и слично.Или евентуално,ако имаш искуство-а каде да го стекнам,стоматолог пријавен како сестра.
    Неколку пријатели од оваа фела,ми рекоа од некаде морало да почнам! Со 6000 ден како? 2000 ќе одат само на превоз,со 4000 што попрво! И од дома нема фајде,работев и нешто не на струка,ама ваквиот третман ме уништува скроз.Специјализација 10.000 евра,а зошто? Ќе ми се исплати утре? Да имав моја ординација да знам дека ќе вложам а може ќе се врати.Вака сум за никаде.
    Плус запишуваат и запишуваат нови |(
    Како фела,се многу арогантни,иако сум стоматолог.Мои блиски отворија некои ординации си седат по цел ден,ама кога замолив за мене ми се обратија со -а искуство имаш? а до вчера бевме заедно.
    Жално,уште пострашно што воопшто не сме обединети нити с е бориме за место под сонцето :|
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    9.346
    Пол:
    Женски
    Јас сум сега четврта, и уште од сега се потресувам со муабетов. Ама тоа е што е. Добро е што барем лиценца за работа имаш, сега и за тоа викаат дека ќе бараат 3 години искуство со надгледување од постар стоматолог. Да сме живи и здрави, ќе биде. А во меѓувреме ќе се снаоѓаме. Јас почнав да работам промоции уште сега, за кога ќе завршам да имам нешо работичка додека да најдам нешто по струка.
     
  15. Gordi

    Gordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    какви прашања се паѓаат на приемниот на стоматолошки ?
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    9.346
    Пол:
    Женски
    аууу приемен мислам дека немало од кога се запишав пред 4 години, а и од пред тоа некоја година... :/
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.093
    Пол:
    Женски
    Приемен нема, сега се полага државна матура, па бодовите од истата и бодовите од успехот од сите 4 години средно се собираат.
     
  18. Gordi

    Gordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Некаде прочитав дека се врши проверка на знаењата со тест по биологија !?
     
  19. kara23

    kara23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Колешки да не има случајно некој од вас да бара цимери за во Скопје? Итно ми е! Инаку се извинувам што пишувам тука... знам дека има посебна тема за огласи за цимерки ама дека бараме стрикно од медицина или стоматологија затоа пишав тука. Ако има некоја заинтересорана нека ми пиши ЛП. позз :)
     
  20. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    112
    Мртва е некако темава, дали тоа значи дека од феминките матурантки годинава нема баш заинтересирани за на стоматолошки? Јас ке се запишувам на стоматологија и сум многу возбудена зошто се ближи времето. Ви посакувам среќа на сите !