Во почетокот на студиите, сите бевме мотивирани максимално, но по дипломирањето се остана едно ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ!! За жал стоматологијата кај нас умира, не е ценета ниту платена... Со срека на новите колеги, се надеваме дека нешто ке се смени па ке бидеме поценети
Дајте некој нека каже ако знае, што е со електронсково пријавување на испити кое трае до 20ти декември? Никој ништо не кажува и не превзема, а времето тече
Годинава ке завршам, се надевам дека ќе дипломирам до септември, па после со среќа нека ни е И да се убиеш од учење џабе ти е, и да не учиш пак ќе завршиш без некои поголеми проблеми. А за праксата, мене ми се посреќи со асистенти и пациенти, па има работа. Ама имам колеги кои со 5 години факс уште ништо немаат работено. Епа, како што реков со среќа нека ни е
Дипломирани стоматолози, имам едно прашање. Колку пари е стручен испит што се полага после стажот? Слушнав за цифра околу 500 евра, зар е можно да е толку?
Јас зборував со колега од медицински, и он исто ми спомна дека е 500 евра, па најверојатно е вистина, толку е.
Тетка ми е стоматолог, ве молам да не се обесхрабрувате! Искуството, вештината и платата се зголемуваат со текот на работното искуство и годините. Не може веднаш да бидете успешни. Се си доаѓа со тек на време и се исплаќа. Само храбро и позитивно размислувајте
чекајте малку, колку што разбрав со завршени 5 год стоматологија факултет не стануваш стоматолог лекар? поправете ме ако сум грешка
Со 5-те години стануваш дипломиран доктор по стоматологија, ама за да уствари смееш да работиш ти треба една година стаж и после да полагаш стручен испит за да ти дадат лиценца за работа. Девојки, изгледа од стоматологија малце не има на Фемина, темава слабо нешто... Јас дипломирав во октомври и почнав да одам во приватна ординација на стаж. Што сум видела во ординација овој период е 100 пати повеќе од моите 5 години на факултет. А приватниот на Европски, сега си е и признаен, башка работат практично многу повеќе од мене и моите колеги. Се што таму не се учи теоретски, надоместуваат практично. Може книгите им беа едвај 20 страни ама затоа работат како луди и имаат многу искуство. А јас тек сега почнав да надоместувам...
Здраво сакам да ве прашам за приемниот испит по биологија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Дали е тежок? Какви прашања има?
Ако има помлади од факултетот нека ме поправат, ама мислам дека откако е воведена матурата на крајот од средно, приемен нема на стоматологија. И неколку години пред матурата мислам дека немаше. Приемен има само ако е многу тесна границата мегу бодовите, ама сега со матурата добиваш некои бодови на пример 97,76 така да тешко дека ќе има потреба дополнително полагање за да се одреди кој ќе се упише.
Кога се учеше по стариот систем и кога немаше на секој чекор приватни факултети по стоматологија, студентите учеа многу, а пракса имаа доволно за да бидат спремни и сами да држат амбуланта после полагање на стручен испит. Инаку, не се залажувајте дека цвета стоматологијата - цвета кај оние стоматолози кои успешно работат приватно уште одамна, од 90тите (без договори со ФЗО) и имаат стекнато некој углед и име меѓу народот, и нив обично ги наследуваат нивните деца. Има и успешни случаи кои работат приватно со договор со ФЗО, ама ретки се... останатите затвораат ординации или работат нешто што не им е по струка, а во краен случај, си седат дома. Комората ни функционира само на хартија, постои само за да ги собира парите за разни давачки што ги измислуваат секој месец, а да не зборувам за семинарите на кои мора да се оди поради собирање бодови. Хиперпродукција на кадри има во секоја област во нашава држава, па така и во стоматологија. Секако, кому како му е среќата, јас немав досега среќа да најдам постојано работно место во мојата струка, а да отворам своја ординација не ни помислувам, бидејќи не можам да си дозволам да вложам толку капитал, а да работам со загуба. Многу се разочарав и искрено се каам што воопшто завршив стоматологија, самиот факултет и струка се супер, ама не во Македонија, каде што испаѓа дека секое семејство може да си има свој стоматолог само за себе. Не сакам да ве обесхрабрам вас, идните стоматолози, можеби за вас ќе биде подобро, ама јас веќе не се надевам.
Ви благодарам многу имам уште едно прашање дали доколку за државна матура си одбрал филозофија и историја ке ти прават проблем при упис на стоматологија?
Нема да ти прават проблем, ама секако дека предност ќе имаат оние што одбрале предмет поврзан со стоматологија/медицина, но сепак најголема улога играат оценките, ако ти се 5ки на матура и ако си поминувала одлична сите 4 години во средно, ќе немаш проблем. А ако тоа не е случај, тогаш шансите за во државна квота ќе ти бидат минимални, ама во приватна т.е. со кофинансирање сигурно ќе те примат.
Кај сте студенти на Стоматологија ? Дајте малце да си ја разработиме темата од нашата сфера колку ве има