Сакам да прашам студенти на стоматолошки дали сте запознаени дали смеам да работам како стоматолошка сестра/забен техничар и притоа да се запишам на стоматолошкиот во Скопје?
Aко имаш сертификат за завршено средно такво (или она што е на 3 години на стоматолошки-смер стоматолошка сестра,забен техничар) можеш.. А у меѓувреме да студираш за доктор по дентална медицина (така се води сега по ново смерот баш за стоматолог) Ја имам завршено средно за техничар а учам за доктор по стоматологија сега и можам да работам..Ама незнам како планираш да работиш и да студираш зашто покрај учење што многу треба за Стоматологија , ти треба редовност од настава и ВЕЖБИ што ке ти одземе пола ден..останатото гледам да учам и немам време за одмор многу..првите 3 години се најнапорни на Стоматологија..ама ако имаш способност и да учиш и да работиш у исто време бујрум
Не можеш да бидеш редовен студент и да бидеш пријавен на работно место. Ако работиш непријавена, така може, иначе ако си пријавен може да бидеш само вонреден студент. Додека јас студирав, до лани, вонреден студент по стоматологија не постоеше. Сега со ова дентална медицина не сум сигурна, ама би требало да е истото правило. Или си студент или си вработен. Двете не може, без разлика за кој факултет се работи. Барем така знам јас...
Moja грешка , неможеш да си редовен и да си пријавен дека работиш , мораш да бидеш вонреден студент А стоматологија , општа медицина и фармација немаат опција - вонредно Инаку забен техничар смерот 3 години , како виша што му доаѓа а доста просперитетно ако те интересира и ако имаш талент да го работиш тоа
Навистина ми треба мислење за овој смер Забен техничар ...Еве се мислам да се запишам на овој смер на факс па некое мислење секогаш е добредојдено...
Дали стоматолошкиот факултет е правилен избор сега ии дали има некоја феминка која ќе оди на истиот? Ве молам за мислење, баш се двоумам
Девојки споделувајте мислења и искуства .. Потребни сте!!!! Сакам да се запишам на овој факултет ама не сум сигурна во својот избор .. сите од страна ме советуваат дека не е перспективен факултетов и дека нема да најдам платена работа и бла бла .. колку и да речам дека не ми е битно туѓото мислење .. сепак е битно нејкам да направам банална грешка .. и ве молам без коментари од стилот ако стварно сакаш ќе одиш .. да се разбереме сите бараме факултет кој ќе ни овозможи полесна иднина.Косата сеедно ќе ми обеле ...........
Ќе си ја побараш на студентски прашања. Порано одма ја даваа на лице место, сега мислам дека се плаќа нешто, ама може да сум грешка. Оди си со индексот таму, ќе завршиш работа.
Девојчиња со Медицински, Стоматолошки или Фармацевтски факултет (студенти или дипломирани), ќе има кастинг за промоции на медицинска козметика. Се работи петок, сабота и недела, околу 5-6 часа дневно, се плаќа по 150 денари од саат, пари на сметка се добиваат за еден месец. Пишете ми лп ако сте заинтересирани за работа.
Кај сте забарки ? Епа од следната година и јас би сакала да се запишам на стоматолошкиот факултет во Скопје ,па ако може некои мислења, како со предметите и се останато И ме збунува тоа што на страната на факултетот видов доктор по дентална медицина и доктор по стоматологија Што е разликата?
Оваа година дипломираше последната генерација на доктори по стоматологија. За да се исполнат некои европски стандарди, сменето е официјалното име во дентална медицина. Значи ако сега се запишеш на стоматологија, стануваш дипломиран доктор по дентална медицина.
Сите што ке се запишат во 2015 на Стоматолошки факултет ке студираат 6 години по новата програма но многу ке им е подобро зашто ке им бидат растеретени предметите а не како нашиве па глава да не можеме да дигнеме Што и да треба прашајте имате 3 смера -доктор по дентална медицина -стручен забен техничар -стручни стоматолошки сестри Факултетов е тежок , првите 3 години учите медицински предмети повеќе , после почнуваат Стоматолошки и ме нервира што често пати сме омаловажувани од страна од медицинскиот факултет у стил демек најлесно им е на стоматолози немаат гајле , јадни медицинари а уствари нема врска и ние многу учиме ако се прашувате за работа после стоматологија ,кај мене на факултет 80% се деца на доктори а тие што не се ке си се измачат и материјално доста за да отвоарат ординација , па дали ке е просперитетна е прашање а кај доктор ако работите тоа е смешна плата во однос на вложениот труд и времето потрошено
Колку поени се доволни да се влезе воопшто на Стоматолошкиот факултет во Скопје? Јас планирам со кофинансирање. Сакам да студирам дентална медицина.
Зависи секоја година е различно, а зависи од конкуренцијата како и бројот на студенти кои ги планираат.