За кој смер? Ако е за стоматологија не можеш, за забен техничар и стоматолошка сестра може да има вонредно...
Ме интересира околу усниот дел, дали прво полагаш писмено, па усно, и дали прашањата се поврзани или се скроз нови? Дали се полага пред цел амфитеатар? Страшна анксиозност имам од усно полагање ..
Акаунтов го направив чисто за да коментирам тука...2-3 зборови околу УКИМ стоматологија... Се работи за преисфрустриран кадар, однесување НУЛА. Однос професор кон студент да си заборавите. Испити се полагаат со повик И ТОА КАКО. Ти сакаш си учел 3 месеци пак постои шанса да си паднат, а на другарот до тебе му средиле мама и тато па со основни прашања си добива 10ка. На еден список се напишани едни поени, потоа оп магично 20 поени плус. Јас навистина немам коментар. Фер е да е строг факултетот, но да биде исто за сите. Дали ќе положиш или не зависи од самото расположение на дотичните. Па ти чекај да го допијат кафето 1 час па да влезеш на испит. Соработка 0, ниту од асистенти, со 2-3 исклучоци. Тешка брука. Одете во Штип или на европски... само ќе заштедите нерви и време
Целосно се согласувам, имам блиска пријателка која ми кажуваше ваква слична ситуација, на еден список едни поени или воопшто ги немало студентите, а на друг положени со највисоки поени. Не се појавувале ниту на усен испит и на крај 10ки. За жал тоа е реалната слика за тој факултет и за тие професори.
А јас се чудам како колеги кои на вежби една реченица не знаат да состават на испити редовно највисоки поени имаат... Да не ни зборуваам за тоа колку на некои студенти им се гледа низ прсти и како на секој испит имаат цела опрема за препишување.