1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стоте (The 100)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од navyforever, 22 февруари 2017.

  1. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Неможев да најдам тема за серијава.
    The 100 е серија за животот на планетата земја после апокалиптичната нуклеарна војна која настанала помеѓу државите .Но дел од луѓето кои живееле на земјата ја создале "арката" која кружи околу орбитата на земјата .По неколку години луѓето кои се во "арката " донесуваат одлука да пратат 100 криминалци на земјата за да проверат дали е оспособена за живот .Досега има 4 сезони уште не е завршена 4-тата.

     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.795
    Пол:
    Женски
    Зарем стварно немавме тема за серијава до сега?:?:
    Јас од почеток си ја гледам, ептен ми е интересна. И сестра ми ја заразив и она ги изгледа сите епизоди.
    Препорака од мене за серијава. Само многу многу не се приврзувајте за ликовите, џоа ГоТ е :D
     
    На Tiki-lolipop и navyforever им се допаѓа ова.
  3. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Интересна серија е.
    Фин ми беше најсрцка ама го уби Кларк :(
     
  4. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Леле навистина, 4 сезони а тема за серијава никако да си отвориме. Толку работи се исподесија, и дефинитивно не треба да се приврзуваш за некој лик, бетер од ГОТ стана..:D:D
    Интересно ми почна сезонава, ќе видиме како ќе се спасат од радијацијава и навистина се надевам дека нема некој од битниве ликови повторно да умре.
    Се исплашив за Октавија, ама среќа испадна дека е жива, мислам ќе стигне на време да ги предупреди.
    Овој Роан заедно со Ехо на нерви ми идат навистина, нити го бива да биде крал и кај и да е време е да го скинат. Се надевам дека Луна како единствен nightblood ќе стана the next commander:D Освен ако според новиот план сите ги претворат во nightbood, па тогаш ќе биде интересно.
    И ме иритира како тоа сите ја напаѓаат Кларк секогаш,не е фер зашто само она е таа што ги носи тешките одлуки, никој не се замара за алијанси, како да опстојат, и пак секоја одлука што ќе ја донесе сите ја напаѓаат. Само Белами ја поддржува и многу ми се убави ко пар, сакам да ги спојат:l:
     
  5. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Оваа серија игра во Соединетите Американски Држави, не сум ја забележала на каналите кои се емитуваат во Р.Македонија.
     
  6. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Ја нема кај нас ама ја има по сајтовите за серии :)
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали ќе се обнови за 5 сезона има некоја информација?
    Една од најомилените серии.:inlove:
     
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.155

    Да, ќе има 5та сезона.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.807
    Пол:
    Женски
    Не сум ги изгледала новите епизоди, не ми се приоритет сега, ама ми се допаѓа новата сезона, има конечно нови случувања и нова тема околу која се врти.
    Осеќам некако дека Рејвн ќе најде најдобро решение, таа е поспособна од сите таму заедно.

    Ептен се испонервирав кога го убија Линколн, ама ете, актериве и нивните договори. Сепак, тоа придонесе за развиток на ликот на Октавија. Кога сме веќе кај неа, како бе успеа да падне од толкава висина со меч во стомак и да остане свесна да се качи на коњ. И плус коњот слезе на некој магичен начин. :rofl:
    И Лекса ми се допаѓаше, убав пар беа со Кларк, ама некако не ме погоди толку нејзината смрт, но сепак тоа што умре ептен збрки направи со клановите.

    Омилени ликови ми се Рејвн и Белами. Рејвн е неверојатно паметна, а Белами е спремен на сè.
    П.С. Темава би требало да се вика „Стоте“.:)
     
  10. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Еднаш е Кларк средена, избањата, еднаш Белами се соблече и никако баш тогаш заедно да бидат|(
    Не знам дали оваа сезона ќе бидне нешто, мислам нема, зашто ја обновија нели за 5 сезона, а ништо чудно да го убијат Белами, како што почнаа со главниве ликови.
    Октавија и Илијан, добро се гледаше дека ќе завршат заедно уште од почеток, ама океј добро како и да е, мора Октавија да продолжи понатаму, ептен ми падна жал и минатата епизода кога го прикажаа Линколн, еден од омилените ликови ми беше.
    И Емори опасна, како го намести тој, исти се со Марфи, баш си одговараат.
    Туку не ја разбирам поентава сега со коскената срж, нели ќе треба да ја исцрпат цела од Луна и Луна ќе умре така, нели исто беше и со MountWeather, кога им ја земаа и ги убиваа.. осеќам како у круг да се вртат малку со приказниве.. па дури и они да преживеат, нели радијацијата ќе уништи се на земјата, од што ќе се хранат, вода нема да имаат чиста за пиење..
    И баш што ми падна на памет, нели можат сите да ги донесат тука во лабораторијата кај Бека, ко што рече Аби на 5 ката е, и плус куќата е огромна кај што беа Кларк. Емори и Марфи. Најубаво ќе бидат заштитени од дождот.
     
    На sweet-cherry и Lella им се допаѓа ова.
  11. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дали некогаш Кларк ви оди на нерви?
    Не знам зашто ама во последно време ми е многу антипатична. Мислам дека има многу повеќе ликови што се поинтересни и заслужуваат поголемо внимание од неа. Веќе ме нервира она нејзино мешање буквално во се, и како неа сите ја слушаат и ја следат и како само нејзините идеа ги прифаќаат. Сфаќам дека она на некој начин и ја превзема таа одговорност, ама сите некако брзо заборавија кога си замина минатата сезона и кога нејзините луѓе ги остави сами.
    На пример многу поинтересна ми е Луна, и криво ми е што ја имаше само во неколку епизоди, кога можеа да ја направат како Лекса и да се избегнат сега овие борби.
    Наредна епизода ќе биде Hunger Games and may the odds be ever in your favour:D Се надевам Октавија нема да умре, знам дека ќе испадне нешто во последен момент, сигурно Кларк како и секогаш ќе направи некој херојски чин да го спречи убивањето. Аман не ми е јасно, па дивјаци се, нормално дека цел живот преживеале со борби и сите кланови се мразат едни со други. Што не ги оставија да се испоубијат и ајде чао.
    Имам осеќај дека ќе бидне нешто со Рејвен, ќе отиде сигурно во вслената и ќе ги спаси, ама мислам дека така и ќе умре. Не гледам на каков друг начин би ја спасиле со оглед на тоа што мозокот и е веќе оштетен. А не самам ич да умре, една од омилените ми е, најмногу од сите патеше во серијава.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Е Кларк сериозно го претера.
    Ми идеше мене преку екран да станам и да ја удавам како Луна што му направи на Роан.
    Цело време збори како е не е битно кој ќе победи, битно е човештвото да победи и на крај си ги заклучува нејзините луѓе внатре. И тоа воопшто не мисли ни на Кејн, Октавија, сите што уште не успеа да се вратат. Посебично од ова мислам дека не можеше да постапи. Зарем сериозно мисли дека Белами ќе дозволи сестра му да умре надвор? Со ова веќе го достигна врвот. Не се разликува нити од луѓено од Mountweather што им ја црпеа крвта да преживеат, нити од Џаха уште на Арката кога ги пуштаа луѓето на Земјата да умрат. И што е најтрагично која е Кларк за да донесе ваква одлука без да праша никого и сама да заклучи дека тоа е најдобро. Нити малку верба немаше во Октавија.
    Крајот целосно ми ја расипа епизодава која беше одлична. Жал ми е за Илијан, за Роан така-така, посреќна ќе бев ако умреше и Ехо. И не секогаш е физичката спремност пресудна што се докажа во случајот со Луна. Октавија паметно постапи и најмногу се израдував кога победи, и целиот говор за заедно да преживеат, Линколн стварно ќе беше горд на неа. Само што нели Кларк мораше да го расипе тоа.
    И во право беше што и кажа Роан на почеток, нема никаков почит за нивните традиции, си тера само по свое, и што е најтрагично она мисли дека тоа е за нејзините луѓе, а на нејзините луѓе кога најмногу им требаше ги напушти и си мисли само на себе. Нека ја убие некој на крај и нека ни ги скрати маките.|(|(|(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Сама си коментирам, но добро. :D
    Кој ќе дочека сега до јануари не знам, не е фер вака што ја завршуваат сезоната на cliffhangers.
    Уште од минатата недела, излегоа спојлери дека Кларк ќе биде таа што ќе остане, така да тоа не ми беше ни некакво изненадување. Немаше да умре сигурно, па очигледно беше дека nightblood-oт ќе функционира.
    Таман помислив дека конечно со Белами ќе бидат заедно на Арката:( Само да не го спојат со Ехо, баш се надевав дека ќе умре. Ќе биде интересно наредна сезона, со доаѓањето на овој бродот, исто така со затвореници, сега они ќе бидат grounders. Потврдено е дека ќе има flashbacks така да, ќе објаснат што се случило, како Кларк преживеала, а како овие се уште затворени во бункерот.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.795
    Пол:
    Женски
    Конечно седнав да ги изгледам последните епизоди
    Ептен ми е жал за Илијан, ми беа интересна спојка со Октавија, и таман мислев дека конечно ќе најде некој после Линколн, го убија ликот :doh: Плус презгоден ми е глумецот :D За Роан, така/така ми беше криво, интересен лик ми беше, како и неговото пријателство со Кларк. Инаку постапкиве на Кларк озбилно почнуваат да ме нервираат и ми оди на нерви |( Ко божем Скаикру се најдобрите луѓе на земјата па мора они да се спасат. И додека Октавија го жртвуваше животот за сите нив они ја оставија :@ Јasper и Harper ме нервираат исто така, Монти се жртвува за нив, а они упорни со тоа дека требало да умрат. И не ми се верува дека ликот на Кларк го уништија до толку што дури би пукала во Белами.
    На сцената кога бираа кој ќе преживее а кој не, се расплакав малце, доста силна емотивна сцена беше, и со музика и со се.
    Еcho ми е многу одвратен лик и јас се надевам дека нема да ја спојат со Белами. И едвај ја чекам новата сезона, многу ме интересира што правела Кларк 6 години, и колку има преживеани. И секако што се случува со овие во бункерот, како и Белами И Рејвен во бродот? И што е со новиот брод што стигна? Curious af :D
    Има некои информации кога ќе излезе новата сезона? Јас само знам дека ја продолжија за петта сезона и ништо друго.
    Eдит: сега видов, нова сезона дури во 2018 ;(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Јас како што прочитав некои спојлери за новава сезона, ова девојчево Меди е исто така nightblood и ќе имаат нешто како mother-daughter bond со Кларк.
    Новиов брод што стигна бил исто така со затвореници, претходно на почеток на сезоната во некоја епизода демек го спомнале, дека всушност Бека за нив го синтетизирала лекот. И сега ќе биде обратно, Кларк и компанија ќе бидат grounders во случајов.
    И дефинитивно Белами ќе го спојат со некого, или со Рејвен или со Ехо, најверојатно со Ехо, и тоа
    ќе биде ужас и мене ми е одвратна многу и се надевам на Bellarke, колку и во некој случаеви да не можам да ја поднесам Кларк.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.807
    Пол:
    Женски
    Јас од поодамна ја изгледав ама сум заборавила да пишам.

    И мене ме изнервира Кларк, беше цело време за човештвото, ова она, а после вика „If only one clan gets to live, it might as well be ours.“ Навистина ѝ го испомешаа ликот, не знаеја што да направат со неа.
    Не знам зошто skaikru се сметаат за нешто паметни, разумни, милосрдни, кога на прсти се бројат десетина такви од кај нив, другите се само овцички што се бунтуваат за најмала работа. Тоа барем го нема кај trikru и azgeda, тие се лојални до срж.
    Не ми се допадна тоа што сега Кларк има фигура на ќерка, сосема непотребно, тоа само ќе ја тера да прави очајно лоши одлуки понатаму.
    Мислам дека Октавија добро ќе се справи со водењето на бункерот, импулсивна е ама знае да ги смири масите.
    За Белами и Рејвн или Еко, или нека е со Кларк или со никој. :D Не ми оди некако. А на почеток го беа претставиле како женкар кој има по две-три девојки во шатор. |( Работава, I make the moves up as I go. :lol:

    Ама има интересна storyline сега. Да осетат малку скајкру како е да се биде grounder, особено Кларк.
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.795
    Пол:
    Женски
    Никој не ја гледаше 5-тата сезона? Јас само што го завршив финалето, врвно повторно. Серијава ми остана меѓу омилените.

    Повторно земјата уништена, и пронаоѓање на нова планета. Искрено се мислам дека еден ден и нашата иднина ќе биде вака.

    Жал ми е за Монти и Харпер, си пуштив по некоја солза на крајот. Иако не беа кој знае колку важни ликови, од самиот почеток на серијава се и некако се приврзуваш за нив.

    Кларк се уште ме нервира многу, во лош правец и го тераат ликот. Ама барем Октавија малце ја оправија во последниве епизоди. Се надевам дека Кејн ќе преживее иако и он почна да ме нервира. Од новиве ликови Shaw ми е доста интересен (y)

    Прогноза за нареднава сезона, планетата кај што дојдоа е населена so deja vu again.

    Сега пак чекање до 2019 за 6-та сезона;(
     
    На WildMk, Lella и niaholly им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.008
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав сите 5 сезони. Серијата ми е предобра (y)
    Со новата планета, пак очекувам слични дејствија како во овие сезони. Борба за опстанок и преживување.Додека излезе новата сезона, ќе заборавам што се случуваше до сега :lol:
    Незнам дали само мене, Кларк ми беше ептен антипатичен лик. Белами ми е срцка.
    Многу ми беше криво кога го убија Линколн. Мислев со тој другиот ќе продолжи Октавија, но и тој го убија ептен брзо.
    Кога отидоа во вселената, а Кларк остана мислев дека нема да се спаси.Ама кај без неа 5та сезона :envy:
    Крајот во последната епизода беше ептен тажен. Посебно за Монти ;(
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.186
    2 пати ги гледав сите сезони :l:

    Болна паднав кога го отепаа Линколн!! Рикав ко магарица... Сенкир дечко ми го отепаа |(

    :inlove:

    the-100-saison-3-episode-10-episode-9-spoilers.jpg
     
    На Leviosa2503 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Ги изгледавте двете нови епизоди од 6та сезона?
    Уште во прва епизода смрт... Се утепав од плачење, ко секад... После толку умрени не треба да ме изненадува веќе, ама ете :(
     
    На WildMk и sweet-cherry им се допаѓа ова.