1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стравот кај децата и негово совладување со помош на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    108
    имам керка 5,5 год и многу се плаши да остане сама во собата, ме интересираат вашите искуства со стравот и совет како истиот да го надминеме
     
  2. BICI

    BICI Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    12
    Можеби нема да биде најстручен совет но сепак да Ви кажам пример кога едно комшиче плачеше и се плашеше да го бањаат се додека неговите не откриа дека исто такво однесување имало на неговиот омилен јунак од цртанките - Вини Пу :) Можеби звучи чудно но јас на моето внуче кое се плашеше од мечки и баба роги му го симнав Monsters 1. Многу паметна замисла има цртаниот филм во кој (ако не сте го гледале) децата се плашат од чудовишта но од друга страна чудовиштата се преплашени од деца :D Интересно филмче е. Пробајте со овој цртан филм и со отворен разговор со Вашата керка која иако има само 5ипол години сепак доволно е големка да си каже што е тоа што ја плаши.
    Поздрав и се надевам наскоро ке ни испратите да ни кажете дека поминал стравот ;)
     
    На marchi-cool и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  3. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    108
    бици овде не можам да ја соочам со стравот бидејќи низ разговор ми призна *ми е страв дека ќе умреш и ќе ми дојде лоша маќеа* колку и да ги избегнував тие детали од приказните додека беше помала сега веќе разбира, сама чита, прашува изведува заклучоци и сл
     
  4. angel

    angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    51
    Чувството на страв е многу комплексен проблем. Во овој случај можеби најдобро е да не ги избегнувате тие детали од приказните, а отворено да зборувате за се што ја интересира вашата ќеркичка. Секое дете се плаши да не ја изгуби својата мајка. Многу е веројатно како што кажа BICI, нејзиниот страв де е резултат од некој филм или цртан каде што е прикажан лик на мало девојче што ја губи својата мајка, а вашата ќерка да се поистовети со тој лик. Најчесто луѓето се плашат од она што не можат да го видат или не можат да го разберат. Редовно повторувајте и дека многу ја сакате и дека никогаш нема да ја напуштите.
    Важно е да разговарате со неа за тоа што чувствува кога се плаши. Најдобро е да се обидете сега да го решите тој проблем, затоа што стравеот ретко поминува со текот на времето.

    Инаку јас имам доста читано за стравот, затоа што цел живот се плашам кога ќе останам сама. Но, кај мене е друг случај затоа што се плашам од нереални нешта. :?
     
    На emzzy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dominika

    dominika Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Mnogu interesna tema,odnosno vecniot strav.Site lujge se plasat od nesto,bez razlika dali se golemi ili mali.Ponekogas e zacuduvacki kolkavo golemo vlijanie ima stravot kaj lujgeto.No sega e vo prasanje stravot kaj edno dete.Prvo,majkata treba da se zaprasa sto go inicirali takvoto mislenje kaj devojceto,dali maleckata odi vo gradinka ili ja cuvaat babata i dedoto.Decata se mnogu povrzani so majkata,tie patat i koga nie odime na rabota ,zatoa se plasat deka ce ja izgubat majkata.Custvoto na napustenost mnogu brgu se javuva i vo ovoj slucaj bi trebalo majkata da i posveti pogolemo vnimanie,so zborovi da i objasni deka mnogu ja saka ,deka za nea sekogas ce bidi tuka,ako odi nekade da i objasni zosto go pravi toa...i t.n Najvazno e deteto da zivee vo harmonicno semejstvo,kade otvoreno se pokazuvaat custvata na sakanje,kade majkata sekogas ce bidi nasmeana i so topol pogled pred svoeto dete..Pokusaj da i pokazis neizmerna ljubov i neznost,igraj so nea,zaedno odete na prosetki,pokazii i deka e sakana,jas mislam ako seto toa go pocustvuva malata,sigurno i stravot ce iscezne. Se nadevam deka nesto od seto ova ce vi pomogne..
     
  6. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    108
    blagodaram za sovetot, me]utoa mislam deka ne postoi dete na koe mu e uka\ana tolku qubov, i po milion pati na den i ka\uvam i poka\uvam kolku jas sakam, odi vo gradinka, no jas rabotam vo obrazovanie t.e. kratko vreme od denot sum na rabota pa taka da imam mnogu vreme za nea ama problemot sepak postoi
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    123.280
    Стравот е емоција како љубовта која не прати низ целиот живот,нешто што не може да се одвои,па дури и е една од главните причини заради кои правиме нешто во животот,деструктивни или конструктивен,сосема сеедно,го има.Најинтензивна,но честопати добра емоција за да не натера да размислиме,одбраниме,дејствуваме,но најлош вид е страв од стравот.
    Првиот страв со кој се соочуваме е токму тој,загуба на нашата мајка како клучна личност со која најпрво се запознаваме и преку која го запознаваме светот.Децата се отворени,децата не знаат да се заштитат и рационализираат,тоа е она што го прават возрасните за нив.Примаат се безусловно како малечки сунѓерчиња.Ќеркичката се што бара од Вас е да ја заштитите,во случајот да ја убедите дека на Вас ништо лошо нема да ви се случи,дека сте среќна и здрава.Забележете,целиот живот го поминуваме во ритуали и навики кои прават да се чувствуваме дека сме безбедни и дека ја контролираме ситуацијата.Ова е комплексен страв,но верувајте е страшно нешто да се задржи низ цел живот,затоа мој совет од конкретни искуства и познавања,направете одреден ритуал дека е се во ред,дека мама е добра,тато ја сака мама,нема никаква лоша макеја и пепелашка е само приказна ( :) ) и дека ништо лошо не може да се случи.Тоа би можело да биде задолжителна прегратка и бакнеж пред легнување со ветување дека наутро пак ќе се видите и гушнете,бидете инвентивни и размислете што е тоа што Вашето девојче го прави среќно и во согласност со тоа прилагодете.И да,потрудете се да дознаете што е тоа што ја натерало така да помисли,обично таму лежи одговорот,макар било и приказна.
    Не дозволувајте стравот да остане,затоа што веќе во пубертетот и адолесценцијата повторно ќе се разбуди и ќе почне да се манифестира и на други начини кои и не се така убави.
    Се надевам дека успешно ќе го надминете,па ете да го наречеме проблемот... :)
     
    На Nina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Claudia

    Claudia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    30
    Тоа што сакав да го кажам, мама kiki riki веќе многу добро си го знае :) да се ангажира околу решавање на проблемот. Стравот е голем проблем за едно дете. Веќе сум возрасна и уште имам проблеми со стравот, но на моментите од детството поминати во страв не сакам ни да се секавам... Покрај ужасните ноќи поминати со широко отворени очи и привидувања дека некој седи на фотелјата покрај креветот, некој ги поместува предметите во собата, некој чекори или дише до мене се прашувам како сум останала нормална :) моите беа многу загрижени за тоа мое однесување, а половина од ноќите ги минував секогаш на спалната помеѓу нив...Стравот просто ме измачуваше. Сум легнувала во 9 покриена со перница на главата за да заспијам додека моите да си легнат :? Кога моите ќе си легнат рано, а мене не ми се спие, тоа беше вистински хорор за мене. Откако имаше некои неуспешни обиди да се дознае вистинската причина за стравот, мајка ми ме однесе кај една баба на баење. Јас во принцип не верувам во такви работи, но дали бабата беше надарена или ми влијаело тоа на психичка база, не знам, само знам дека ми помогна. Стравот изчезна и ноќите ми беа многу помирни, се додека пак не ми се врати кога имав околу 17 години и уште имам проблеми. Ја барав пак бабата, ама починала. Тоа е веќе нешто друго, може јас и angel да си позборуваме повеќе на таа тема :)
     
  9. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    81
    da vi kazam mene sto mi se slucuvase vo vrska so stravot
    koga bev mala , za vikend obicno, odev kaj tetka mi na spienje , radi druzba so moite dve bratucedki , arno ama mi se slucuvase istoto ova sto pisa Claudia prethodno, da ne mozam da zaspijam vednas i da se izmacuvam dolgo vreme , a bidejki ne sum si doma glupavo mi bese da setam po sobite kako nekoj duh i da gi budam , taka si pominuvav nekoe vreme
    I nekogas duri se plasev da odam na gosti so spienje , so misla kako ke pomine nokta
    Neznam kako i posle kolku vreme se izgubija moite nokni izmacuvanja, ama ete jas seuste se sekavam na niv i ne mi e bas prijatno
     
  10. Ena

    Ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Stravovite se prisutni vo zivotot na sekoj covek, kaj nekogo se poveke izrazeni, kaj nekogo pomalku. Najcesto se javuvaat za da ne zastitat. Nema dete koe nema problem so strav, najverojatno za toa sto svetot im se cini strasen, ne znaat odgovori na mnogu prasanja. Decata najcesto se plasat od kuce, temnina, krv, uciliste..... Najcest e stravot od temnina. Ocekuvaat vo temninata nesto neprijatno da im se sluci a ne znaat sto bi mozelo da bide toa. Za stravovite ne vredi mnogu da se diskutira so decata. Ednostavno ako se plasi da ostane samo vo sobata, bidete so nego izvesen period. Ne vredi da mu objasnuvate deka nema nisto da mu se sluci. Vi garantiram deka stravot za kratok period ke iscezne, a potoa ke se javi nekoj drug.... Nikade ne pisuva deka e lesno da se bide roditel, a toa e edno od polesnite problemcinja. Bez griza, ke zajakne, pa i taa ponekogas ke ve tesi so Vasite zborovi. Pozdrav
     
  11. angel

    angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    51
    Можеби некое другарче од градинка и го има ставено тој проблем во главчето. Мислам дека е важно да се разговара за проблемот, иако е мала.
    И јас посакувам моите да разговарале со мене навреме за стравот, затоа што и до ден денес ме прогонува. Не посакувам тоа да и се случи на твојата ќеркичка.

    Со среќа
     
  12. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    кога бев мала спиев со вклучена светилка, се додека не дојде мајка ми и ми се обрати како на возрасна. Ми рече дека е залудно да свети цела ноќ , и дека за струјата се плаќа и ако се навикнам да спијам во темно ке има повеќе пари за да ми купи повеќе играчки :D на ова се сеќавам како да беше вчера, таа ноќ спиев во темница и се навикнав на неа:D
     
  13. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40
    samo tvojata afekcija kon nea ke go izleci toa....treba da i se "vsadi" vo glavceto deka mama e tuka sekogas za nea.gresime koga gi podcenuvame decata i istite nivni stravovi gi koristime protiv niv, kako npr ne saka da jade a se plasi od kuce i mu vikame sega kuceto ke ti dojde........toa ne e zdravo i mu se stvaraat fobii....ima milion objasnuvanja zosto e toa taka kaj tvojata kerkicka .Postoi i moznost , sto cesto go pravime gi pravime zavisni 100%od nas,iako se malecki treba da ima doza na samostalnost kaj decata.

    i tato treba da e tuka isto taka a ne pre tv fudbal da gleda :lol:
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    123.280
    Hahaha vo taa situacija sposobno e slon da progolta so eden zalak,a pa ne nesto drugo.
     
  15. marina30

    marina30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    48
    od ova sto go procitav istoto se slucuva i so sin mi .I toj nemoze da spie noke se plasi deka ke mu vleze nekoj deka nesto tropa i mnogu raboti jas ili nie doma site razgovarame so nego go prasuvam od sto se plasi no nikako nemozam da dopram do toa vo nego neznae ili neeumee da mi objasni toj veke ima 10 ipol god. A za baaenje go vodev i po babi i ne pomogna ni toa..No jas mislam deka kaj nego dojde stravot od koga pocna da igra onaa CANTER ili kako se vikase mu zabranivme i mu davam B6 mi rece doktorkata i sega e podobar iako ima veceri koga ke dojde kaj nas vo spalnata da ne gusne i taka spie kako bebe....
     
    На penelopa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. betibeti69

    betibeti69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Da bides majka bilo mnogu teska rabota.Dete kako dete se plasi nekogas i nie gi zaplasuvame za poveke da ne slusaat.Gi citam prethodnite poraki i site mi bea povrzani so deca.Jas sum majka i go imam stravot.Se omaziv mlada i prakticno se oddeliv od majka mi na 18 godini.Se soociv so mnogu golemi obvrsi,a jas uste dete.Domakinka i majka.Pocnav da gi gubam nervite.Ve molam nekoj da mi pomogne so sovet.Imam golem strav.Dali ke bidam dobra majka,primer.Sto da izmenam vo vospituvanjeto od mojata majka a sto da dodadam novo.
    Drugo imam golem strav za rabota.Gi imam site kvaliteti i pametna i kulturna so skromno odnesuvanje a mi e strav da odam na nekoe intervju.Sto koga ke me prasat sto imam zavrseno jas se omaziv rano i ostanav so sredno skolo.Bev bremena cuvav dete i nikoj ne ti dava prilika da se pokazes.
    Toa se moite dva najgolemi strava i ve molam uste ednas nekoj sto go imal istoto pominato i prebrodeno da mi pomogne.
     
  17. marina30

    marina30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    48
    poz betibeti69 i ja se omaziv na 18 god i tye razbiram koga trebase da ziveam i da setam jas stanav majka i iskreno koga rastese sin mi pomina kako vo son bidejki kako sto kaza i ti dojdoa novi problemi pa a za stravot moras da go pomines toa kako sto velis pametna kulturna pa sega samo sredno mnogu ima samo so sredno zarem nie ne treba da ziveeme treba da si postavis cel vo zivotot i da se boris da ja ostvaris i da se gordeeme sto sme mladi majki neli....J as nese sramam shto sum samo so sredno a rab 10 god i ostaviv sega sum doma celosno posvetena na decata i malku e dosadno no toa e.
     
  18. blagicag

    blagicag Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Совет Помош или незнам како да наречам !!!

    Имам синче кое е 2 години и има проблем со страв а тоа се случи наеднаш односно како се случи .

    Пред 2 недели додека го капев наеднаш почна да се плаши од капење почна да вика му мрдал тушот или буба односно измисува се нешто почнавме во копанка во соба и пак истото ,а кога се уплаши првиот пат ниту имаше буба ниту жешка вода ниту ништо .Е сега ај ќе плачи ќе го искапиме но денес нова работа нејќи да му се менува пелена плачи не остава и тука со сила .

    Ве молам доколку има некој искусто со такви проблеми нека ми каже каде да се обратам оти веќе преминува во сериозен проблем ;(
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    144
    Совет Помош или незнам како да наречам !!!

    брат ми исто многу се плашеше од туш и он буба го викаше ама со тек на време му помина. Мислам дека му е само период на детето и ќе му пројде со тек на време. Незнам пронај да му објасниш дека нема од што да се плаши ...
     
  20. seriozna

    seriozna Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    109
    Совет Помош или незнам како да наречам !!!

    Немој со сила да го тераш детето да се капи или да прави било што.Давај му Б6 по една таблетка пред спиење.Малку да се смири.
    Сигурно се има исплашено од нешто,можеби некој лош сон,можеби од некоја ситуација.Само смирено.Немој да го грдиш и да го караш кога нема да сака нешто да направи.Полека објасни му ја целата ситуација.И ако не сака да се капи со тушот,не мора.Ке си го поливаш со лонче,чаша,што било,додека да му помине стравот.