1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв ми е да верувам на машко кога станува збор за љубов

Дискусија во 'Сингл' започната од sweety90, 21 октомври 2010.

  1. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Пред 6 месеци запознав дечко преку нет, постар од мене 7 год. На почеток бевме пријатели, но после некој период ми каза дека бил заљубен во мене, и еднаш ме праша дали би сакала да бидам со него :worried: :worried:нишо не му одговорив...не знам ни јас самата што да правам, ми се свиѓа вака, ама не можам да верувам кога ми вели дека ме сака,не можам да му верувам кога станува збор за љубов...страв ми е дека гледа во мене забава, дека ке ме искористи и на крај ке си замине...инаку досега се немаме видено во живо, се слушаме преку телефон и на скајп во слободно време...релација скопје-штип...

    Ве молам за совет! Благодарам, поздрав :*
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    го немаш видено во живо? :^) баш ми е чудно како тој посакал да биде со тебе, а уште се немате видено... а тоа дека ќе те искористе и ќе си замине, никогаш нема да дознаеш пред да пробаш, а најмалку ние можеме да ти кажеме. но мене малку чудно ми е цело ова... а сигурна ли си дека дечкото е ок, дека е тоа што се претставува? не ме сфаќај погрешка, ама има многу случаеви... од вака...
    а и не мора уште одма да си со него, ќе му кажеш бе убаво, дека треба прво да си запознаете, не оде тоа така, па и не видени, ни кафето испиено што се вика :D
    а ти всушност имаш страв кај секое машко, или само кај овој (зборуваме нели за љубовта, не физичка страв, да не дојде до забуни)?
    си била некогаш повредена во љубовта? те изневерил некој?
    те прашувам ова затоа што може имаш трауми од минатото. знаеш кога ќе не повреди некој, страв ни е да продолжиме и да веруваме понатаму. можеби од тоа не веруваш веќе на секој еден...
     
  3. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    знам дека е чудно тоа што се немаме видено и тоа е една од причините поради која ми е страв да му верувам...има 27 години :worried: инаку да бев повредена и тоа многу...понекогаш си мислам дека е можеби оженет човек, другарките пак ми велат дека ако е оженет нема да ти се јавува секој ден на телефон...не знам стварно што да праваам :(
     
  4. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Запознај се со него. Преку интернет и преку телефон тешко дека ке можеш да дознаеш, ти комуницираш само со него, а не и со негови пријатели :) Запознајте се, одете на кафе ама да не брзаш, нека помине некое време :)
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    во ваквите запознавања нормално е да се појави страв. не знаеш ни кој е, ни што е... ама многу врски пак успеале на ваков начин, секое лошо си има и своја добра страна.
    така да, прво убаво запознаете се, запознај ја некговата околина... и не брзај, има време за се... кога ќе бидеш сигурна 100%, дури тогаш можеш да размислуваш дали да бидеш со него или не.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Вака ако си скептична во животот за се, најмногу ќе западнеш во невољи. Тебе ти е страв да ризикуваш, ако ризикуваш или ќе има или ќе нема ефект. Како и да е без разлика дали добиваш или губиш едно искуство плус имаш. Ти несакаш да ризикуваш и немаш искуства, знај дека без искуства ништо во животот не правиш. Се треба да си осетиш на своја кожа за во иднина да внимаваш.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Заљубен по телефон?!Ма дај...па секако дека сака да се шегува со тебе или се внесол малку дечкото...
    Мене ме интргира оној дел со...ќе ме искористи и остави...чекај сега...кој век сме?!
    Нема користења,секој прави за свој кејф.А ако тебе не ти е кејф тогаш немој да бидеш со него,а ако ти е...и да дојде до разделба нема потреба да го сфаќаш како искористување.На крај краева нема да ти се срони бисерот или ти си од оние империјалистки?!Само да освојуваат,а да не смеат да бидат тие оставените.
    Такво ладно однесување никаде нема да те однесе,освен ако се работи само за овој случај.Во овој случај јас на дечково би му рекла,дечко олади и не му кревам повеќе.Ниту го знам,ниту го познавам,а ми изјавува љубов...лудак.
     
    На topce25 и Offspring им се допаѓа ова.
  8. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    хмм, фала ви за советите :) поздрав
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    баш ме интересира што одлучи, од цело ова? :)
     
  10. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    мислам дека е најдобро разговор во 4 очи, да се запоознаеме подобро :) па после ке видеме што како :)
    поздрав
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    уфф овој проблем си го имам и јас.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Па, јас мислам и не е за верување преку нет. Значи едно е да ти е страв да му веруваш на машко кога станува збор за љубов ама се знаете, а сосема друго кога се допишувате на нет само. Не ме сфаќајте погрешно, но не може некој да се заљуби преку нет. Каква е таа љубов кога не се ни знаете не сте се ни виделе? И не само ти туку било кој да е на твое место ќе се плаши, бидејќи не ни знае каква е таа личност. Мој совет прво видете се, запознајте се, а потоа одлучи дали е навистина како што си мислела и дали треба да бидеш со него. :)
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    За ова што се немате видено, нормално да не му веруваш никако, којзнаешто си има речено и стар плус. ако веќе го запознаеш, и дознаеп за него факти ок тогаш.
    Инаку маж да ти е да не му веруваш сосема. Ко тие што си играат играчки, и ти исто. И секогаш на дистанца и со резерва. Ако се залљубиш готово, не очекувај ништо така нема да се разочараш, а можеш само да добиеш.
     
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Значи го запознаваш преку нет и бил заљубен а е 27 години? Ма дај те молам...Ај вака да те прашам....Значи разликата меѓу вас е 7 години.....иако има посебна тема отворено за ова ќе го споменам и овде....7 години е премногу особено кога си 20...не делите ништо заедничко...он има различни преоритети, ти имаш различни...нема за што да праите муабет....Може те повредува ова но така е....кога тогаш ќе сватите дека не ја бива....он сака да се жени, ти сакаш на 20? он сака деца, веќе накај 30 иде...ти сакаш? а за ова што не е за верување не е, те запознал преку нет и се заљубил а е 27 години....јас не верувам во вакво да не речам bull sh.t....ама ова е мое размислување....значи кога ќе размислиш реално, онака баш, најреално, така е !!!
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Децата се лажат и залажуваат а возрасните не.
    Совеста е интересна работа а радозналоста многу за*бана. Се додека не се оствари средбата ќе си летиш во облачиња. Негово е да побара а твое е дали ќе си дадеш ;) .
    Проблемот е дали да го видиш бидејќи комуницирате онлине а не страв дека не веруваш на машко кога станува збор за љубов. На секоја девојка и годи кога ке и кажат дека е сакана :D
    Оди види го и реши си дали си за врска и дали тој сака врска.
    Среќно!
     
  16. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    подобро и да не се верува премногу не бадијала не уЧеле не верувај во се сто ќе слуснес
     
  17. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    хахаха :D многу комичен дечко :D
    срцка не верувај на се што ке ти кажуват некои непознати фаци на нет...посебно не дека некој те сака ..како што рече дечкото :) ...зш тоа едноставно не е возможно...тешко е машко да засака општо земено ...а камоли да те засака некој преку нет...а да се немате видено во живо :) позз :*
     
  18. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Девојки здравоо :) да ви кажам дека пред три недели излегов на кафе со дечкото од нет :) беше мн интересно и забавно :) имав прилика да запознаам некои од неговите пријатели и баш се кул. На третата средба падна и првиот бакнеж :D мммм беше толку мн убавооооо...кога сум во негово друштво се чувствувам сигурна, насмеана, срекна се нај нај...не знам што да кажам ама мислам дека почнав да се вљубувам во дечкото од нет :) а и мислам дека и ТОЈ го чувствува истото кон мене... сега се гледаме почесто, речиси секој викенд ми иде на гости :) хехех не знам ЉУБОВ или НЕШТО ДРУГО е во ПРАШАЊЕ!!! Поздрав до сите :*
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    sweety90 со среќа нека ти е, ако ти е убаво со него продолжи, понекогаш љубовта е чудна од дечко од нет може да стане и твој маж- Леле оваа технологијава кај отиде ;)
     
    На sweety90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Гледаш дека се е можно...Сега само опушти се и препушти се,нека си оди се спонтано.Не е битно кај ќе пронајдеш дечко битно е да се пронајдете и да си ја пронајдете љубовта помеѓу вас.Се најдобро! :)
     
    На sweety90 му/ѝ се допаѓа ова.