Немора да значи дека ако еден те повредил дека сите ќе те повредат ,има и мажи кој не треба да им се верува има и жени кој не треба да им се верува ,треба само добро да знаеш да ја процениш личноста ,јас ако не би верувала на личноста со која сум во врска не би ни можела да останам во таа врска а камо ли брак. Затоа треба да внимаваме многу при изборот на партнер.
Не дека ако еден не повредил па сега и другиот така ќе постапи, но до дека да можеме да ја здобиеме довербата на таа личност ќе треба многу време да помине. И мене ми е страв да верувам, кога станува збор за љубов.
Порано не верував воопшто бидејќи немав дечко, не бев почуствувала љубов. Мислев машките можат само да искористуваат, а ретко некој навистина да биде заљубен. Но кога почустував дека машко може навистина да сака, да биде заљубен тогаш го сменив мислењето и знаев дека цело време сум била во грешка.
Во врска најбитна е довербата, но бидејќи никогаш не ја знеме иднината верувај но со резерва чисто да не ја изгубиш сопствената изградена личност заради некој/а .Сакај се себе си првенствено па потоа останатите
Па и не треба да се верува на машко сите машки се примитивни копилиња со извиненње кон машките ама така е сите жени ги гледаат ко објекти само за секс мислат само за нив си мислат себичњаци
Jas na senkava moja ne i veruvam , ne pa na masko . Sto ste cudni . Inaku , i kaj mazite i kaj zenite ima isklucoci . Sekoja cest za niv
Често читам вакви реплики. Не значи дека некоја е светица у покушају или безгрешна ако знае што е добро а што е лошо и што треба а што не треба да прави. Ако некоја не прави глупости како вашите не мора веднаш да се нарекува така. Тоа се големи зборови, а ние сме само обични луѓе.
Исто. Инаку колку што има луѓе толку и карактери. Не значи ако едно машко не знаело да те сака дека сите се такви. Секогаш има исклучоци. И кај жените е така. Неретко се случува луѓето да трчаат по оние кои не ги сакаат, а да ги игнорираат оние кои нив ги сакаат.
Треба да ти е страв да веруваш на човек-нечовек, а не специјално на машко. Или си човек или не. Јас многу повеќе доверба имам во машките, него во женските. И се почесто гледам како жени изневеруваат, отколку мажи.