Мене не ми е страв. Ако имаме страв како ќе си ја научиме лекцијата? Проценувам по дела и размислувања. Многу е подобро да ја слушате сопствената интиуција таа никогаш не греши.
Пак ова е од индивидуа ди индивидуа, пример јас сум отворен и секогаш сакам да покажам или кажам кои ми се намерите со девојката. Последно нешто што ми се случи ... и кажав на девојката дека ми е интересна, симпатична, згодна ама не се гледам со нејзе во иднина, не сакам да и давам надеж а и самиот себе си да се лажам дека ќе излезе нешто сериозно. Постапив така заради тоа што она почна со некои планови за шетање натаму наваму ... Може и ти си имала слично искуство со твоите дечковци, повеќето или ситр биле за забава со тебе...
Тоа е сосема во ред и сметам дека секое машко треба уште од почеток да ги отвори картите и да си ги кажи намерите бидејќи не сите сакаат забава, па зошто да си го губи времето и едниот и другиот нели.. Е тука настапува главниот проблем што тоа никој не го прави, само си го тера ќефот дури му е убаво и после едната страна останува повредена и започнуваат тие trust issues..
Као тоа никој не го прави? Ти дадов пример од мое лично искуство, ти пак пишуваш дека никој не го прави тоа, не го правеле со тие што си била А со останатите што не си била го прават тоа се додека не се докаже спротивното
Па сега ти ако "искачаш из паштете" не се сите како тебе.. Пишав претходно дека досега сите машки што сум ги запознала било да ми биле само другари или нешто повеќе никој не рекол дека уште на прв дејт си кажува што сака од девојката, нити пак сум слушнала од други дека наишле на некој таков.. Секој си тера дури му е убаво после секој по својот пат. Ако беше како што велиш дека сите се такви ко тебе немаше оваа тема да постои и немаше да дискутираме овде и секој ќе си го пронајдеше идеалниот за себе и немаше да има повредени девојки кои ги оставиле некои будали кои во еден миг се сетиле дека им се здосадило.. Ти изгледа си ретка врста во изумирање, подобро да те затвориме во музеј
A на кого не му било страв? Посебно кога еднаш ќе се изгори човек, после на се живо дува. Доверба се гради многу години. И кога ќе се стекне, 99% се верува, добар 1% ќе јаде. Стара народна: "Верувај но секогаш проверувај". Освен во Бог, на се останато со резерва гледам.
Хахаха, не реков дека го правам на прв дејт, ама се случува на почетокот ... периодпт кога се запознаваме. Не сакам да кажам дека сите се како мене и не сум цвеќе за мирисање ... далеку од тоа. Само пробувам да бидам искрен и отворен. Нејсе, поентата ми беше дека не сме сите исти.
И јас сум ист како Tiff2 само до сега сум немал на кого да го кажам тоа што го напишал . Јас за тие од понежниот пол сум премногу сериозен тип и исто така не сум некој лепотан. Па за тоа што не сум лепотан не сум крив јас татко бил мајсторот. Инаку очигледно е дека не сме сите исти и нема потреба да генерализираме. Ако најдам некоја девојка која ќе ме сака онаков каков што сум добро, ако не здравје ќе го избадијалџам животот и ќе умрам како волк самотник.
Па со таков mindset уште долго ќе си останеш сам, самодовербата е најважна, ако не се сакаш себеси зошто некоја друга би те сакала. Сигурно познаваш или си сретнал некој тип, можеби другар или познаник кој не е лепотан, и е испод просек но секогаш ги има најдобрите девојки покрај себе, ако се прашуваш во што е тајната тогаш да знаеш дека е во самодовербата. Од лично искуство ти кажувам не сите се палат на убавина, мора да има нешто друго. Fake it untill you make it Но тоа не е темата овде, добро е што постојат такви искрени дечки како вас, оставате образ за поголемиот дел од машките.. Искреноста секако се вреднува најпрва, а ние девојките секогаш се прашуваме каде загинале тие машки а тие уствари се криеле затоа што сметале дека не се како овие нафураните плејбојс и немаат шанси, епа многу сте погрешиле бе другари!!!
До некаде си во право со ова што го напиша имам разнишана самодоверба и самопочитување , но не поради вакви ситуации туку поради лични причини. И не е е убаво што има искрени како нас двајца бидејќи ние секогаш го јадеме подебелиот крај од стапот.
Другар ти многу песимистички звучиш околу твојот изглед, не смееш да размислуваш така. Мораш да поработиш на самодовербата. Конечно не сме сите исти
Па тоа и го реков, вие сте 1% од 99% па не доаѓате до израз а причина за тоа е ниска самодоверба и остало.. И на крај што да правиме ние девојките кога ни приоѓаат само овие од другата врста, немаме баш избор нели.. Зошто да го извлекувате подебелиот крај? Не знам зошто некому би му пречела искреноста..?
Па џабе е доколку јас бидам искрен, а девојката не е искрена кон мене. На крајот доаѓа до ситуација каде што ние сме повредени и нашата доверба е изневерена. Затоа на почетокот и не треба да бидеш толку искрен, зошто постојат девојки кои тоа знаат да го искористат како моја слабост. И после јас ќе се чудам зошто ме повредила и која е причината поради која го сторила тоа. Инаку темата која ја започнавме е многу широка и голема за да можеме да ја објасниме во неколку реченици.
И мене ми е страв да верувам во Дедо Мраз кога станува збор за поклони, или во Дизни кога станува збор за чистење Нема страв - не страв. Четири отворени и гледаш со кого имаш работа. Еееее колку сум се јас изгорела... Па еве, јбг, и сам човек не бидува, ќе се склопиш и ќе продолжиш. Дека треба време - треба, ама...