Знам многу мажи и жени кои се сингл и не веруваат едниот во другиот пол. Ми изгледа како денес да е почесто ваквото размислување, него ли што беше пред 20 години, кога 'бев на пазарот'. Ме интересира, дали е тоа само мое видување, или навистина е денес понапнато отколку тогаш?
Па не е само твое видување Така е Изменети се моралните вредности, да не речам изреметени, па затоа е и погледот таков
Но сигурно има луѓе кои се слични по размислувања и замисли за иднината? Или пак, повеќе се лажат едни со други тие што се во врски? За да немаш воопшто доверба во некој, треба да ти има покажано дека не е човек за верување... Не мислам дека сите се лажговци... или пак се? Збунета сум.. стар чоек
Ако го имаш црвот на недоверба - ќе имаш и проблеми во таа врска. Не велам да се верува на секој, но ако некој го одберите за ваш партнер, почните врска и да не му верувате (сем ако партнерот не испадни за недоверлив човек кој ја прекршил вашата доверба претходно), како таа врска ќе успее? Со сомнежи, со недоверба? Па основата на една врска е љубов, почит и доверба.
Здраво.Веќе 3 месеци а можда и повеќе си пишував со еден дечко кој стварно ми се допаѓаше ептен.И јас на него му се допаѓав како шо слушав од други.Па неколку пати ми рече да излеземе ама тоа онака како на зафрканции и си пишувавме ние се така,за на крај да не врати ништо.Не знаев што е проблемот не сфаќав неколку дена кога денес видов дека тој се смирил со бившата.Ми беше многу криво и еве цел ден сум како во депресија не знам шо да правам...