1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв ми е да му раскинам...

Дискусија во 'Канта' започната од gotivna, 8 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gotivna

    gotivna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    кога го запознав се престави како дечко што знае да ме свати, да направи муабет...но тоа траеше само два месеца...после тој период почна да станува љубоморен..почна да ме контролира да ми, забранува да се гледам со другарки и мн други такви слични работи..едноставно почна да ми го контролира животот веќе 5месеци..сакав да му раскинам не ми дозволи ми претеше дека ке ме побрука на работа дека ке ме истепа пред сите..кога собрав храброст по втор пат да му раскинам го направи тоа што го збореше ме удри...поминаа неколку дена и сега живеам во страв неможам да кажам дома..несакам веќе да бидам со него а незнам како да се тргнам од него страв ми е да не го направи тоа пак...ве молам за помош
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    страв ми е да му раскинам...

    Пријателке, се’, се’, ама додека не поминеш преку болдираната „бариера“, не очекувај работата да тргне на подобро. Затоа се домашните крај тебе, да ја „изгураат“ до крај работата што ти не можеш, заедно со тебе, секако. Зборувај со нив, срамот НЕ СМЕЕ да е поголем од она што може да ти се случи доколку пак пробаш да ставиш крај со вака нестабилен дечко. :!:
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    страв ми е да му раскинам...

    А не ти е страв да останеш со него и цел живот да те тепа?
    Главата горе и терај понатака....без него.
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    страв ми е да му раскинам...

    Ми се чини дека можам да преминам преку се, ама баш преку се, ама преку удирање НИКАКО!!! :tmi: Ако не можеш сама да се справиш со проблемот, побарај помош од некој близок, ама никако не смееш да дозволиш да те малтретира. Како може да те сака , а да те удира, сељак!
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Некогаш овој стравов за раскинување сами си го режираме.

    Имаше една приказна за една девојка, која љубеше да е фаца со тоа што сакаше со мафиозо да оди, кој дотогаш гниеше по затвори. Тазе беше излезен од затвор, се фатија, одеа некое време... после се слушаа мубаети дека само тој шета, таа сама дома... а таа била сама дома, не излегувала за да не ги манифестира модриците и отоците. Сето тоа го трпеше од пуста желба за слава, можеби и од страв да му раскине. Кога пробала да му раскине, и вперил пиштол во чело. Ајде некако се премислил од пукањето, па отишол дома и кај нејзините со пиштолот (абе детска работа, ај не тебе, ке те кажам на татко ти |( )... со полиција, со пожарна, со што знам јас, куртулиле луѓето...
    Помина скандалот, се разделија некако, замина таа во друг град да учи, за да се тргне од него некако.
    Еве гледам пред недела дена, слики на фејсбук - се вериле. Опа... значи ни К од Крај немало, ни Д од достоинство. :fubar:
    Тие си знаат.

    Ми ја сфати поената зошто ја раскажував приказната?

    Таа немаше свое јас, таа сама си го поттикнуваше стравот. Немој да дозволиш да патиш цел живот.

    Ако си сигурна дека сакаш да го оставиш, без можност да му се вратиш, направи го тоа СЕГА и ВЕДНАШ! Не чекај утре, не чекај да зацапаш подлабоко.
    Ако ти е страв од нови можни удари, кажи дома ти и со поткрепа раскини му.

    И да знаеш, стравот не постои додека самите не го поттикнеме.
    Мисли на себе, на подобро утре. Замисли ја разделбата како нешто добро, многу добро, одлично. Во замислата за убави нешта, нема страв, има само стремеж кон уште поубаво.

    Поздрав и секое добро.
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  6. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Немој да дозволиш да живееш во страв и да патиш поради некој психопат, мораш да се отвориш пред твоите за да ти помогнат, мене да ме удрил јас би го пријавила и во полиција
     
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    абе како може да ти е страв :o стварно не те разбирам ... не дозволувај да те тепааа, сакаш модра да одиш по улици?? прави муабет со твоите ако треба и пријави го ... треба да имаш свое ЈАС, а не да дозволваш некој глупак да те контролира и да ти соли памет ....
     
  8. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Само не ми е јасно како се воздржа да не му врзеш шамар кога те удрил... :?:
    Немој да му се плашиш, покажи дака не ти е страв и ќе се повлече...
     
  9. Mace985

    Mace985 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Покажи му отпор и ти. докажи му дека си силна и ништо не ти може, а сепак сподели го ова и со твоите дома. Единствено они ке ти помогнат! позз
     
  10. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Тој страв нема никогас да помине јас со мојот зивеев многу години истата приказна страв од срам да не ме избрука пред народ па и сцени ми правел и пистоли и сите тие див запад филмови сега знаес ли која е реалната слика за таквиот фраер абе очајни дрка*ии со извинение без свое јас прости момци па и сила на девојче показува :fubar: јас еве како тебе страв ми е незнам сто да правам цела со модрици и на крај му ја барав и му ја најдов слабата точка,сакас закани?е да видис како се смени почнав јас да му се заканувам демек познавам лугје демек ги знам сите негови матни бизниси нема веза ја така на памет си зборев ке ме тепа?е бас да видам јас му велев дека и документи и докази збирам тој нека продолзи така ама дека ке му е*ам мајката на крај незнае со кој си има работа..ауууу ја колку сила добив кога видов како го копка се тоа тој почна да се пласи ако се правесе силен ке ме брукал?ајде бе брукај ме па да видис ја сто ке ти направам ако ни јас самата незнаев :fubar: ма не бе такквите се многу слаби личности и немаат многу карактер само сто и мене ми требаа 3-4 години да го сватам тоа,стисни заби и бори се а не заглавувај со такви психопати и на крај памет да не помислувас дека таквиот ке се смени!никогас а мозе ни тогас!со среќа
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.