А зошто треба да се отвориш? Некои работи можеби подобро е да си останат за себе немора партнерот баш се да знае за тебе. Точно после извесно време во врска си кажуваме се и сешто што ни се случило но тоа не значи дека баш Се треба да споделиш. Некои работи се само за себе. Сите ние имаме по нешто во минатото за кое не сме горди.
Мое мислење е дека во токсична врска може секој да влезе ноо не ми е јасно зошто останувате во таква врска?! Ве читам дури и со години, аман луѓе ви фали самодоверба или што? Искрено никогаш не ми биле јасни овие врски, каква е таа љубов и емоција која ја одржува таа врска незнам…
Многу е лесно вака од страна. Ама друго е кога си затрескан и си со години со таа личност и во последно време е токсична.
пак ќе речам, според мене токсичната врска не доваѓа од еднаш, таа е таква од самиот почеток, се работи за тоа што на почетокот како што и сама рече си затрескана и прифаќаш се са тек потоа по изминато одредено време се свестуваш за работите..не само од страна него сум бил во ваква врска и зборувам од искуство
Па не баш. Има луѓе кои после одредени трауми стануваат токсични. Не мора да значи дека од сам старт се такви. Секогаш на почетокот сите се добри и внимателни, ама после тоа...
Да Им фали самодоверба.... меѓу другото. Има истражувања за психологија на жртва... изгуглај. Тие што успеваат насилна врска, во просек 7 пати заминуваат, пред целосно да прекинат. Перење мозок е.