1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од monimoni, 27 февруари 2010.

  1. bellAaA

    bellAaA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo zhenski jas sum noiva tuka ... edna moja drugarka ima problemi a jas nemam pojma kao da i pomognam .. pa sakam vie da mi pomognite ...
    i beshe prF pat a imashe odnosi bez zashtita...dechkoto tvrdi deka ne svrshil vo nea ...posle nekolku dena imala malku krF a posle toa nemala nishto i po 2/3 dena imala nekoja kafeava technost ,... od odnosot ima pominato 2 nedeli a menstruacijata ne i e redovna se sluchuva da nema nekogash cel mesec...sovet... odnaper fala
     
  2. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    темава ко да е отборена за мене,имам 26 год,година и 3 месеци сум мазена,а вцера дознав дека сум бремена,не знам колку звуци себицно но не сум била спремна вопсто за дете а вопсто и не сакав,одиме веке 8 години и никогас не сум сакала дете,имам одбивност од бремени зени доктори етц,не дека не сакам деца сите деца наоколу ги сакам но не мозам да си го замислам сменет зивотот за 360 степени,незнам цел а вецер палцам а муз ми е пресрекен а замислик прв пат за сите овиие години сврси во мене и ми се слуци ,а и му реков знаев дека веднас ке забременам,он има 31 година затоа е срекен кутриот ме цекасе до сега,а ја па се надевав нема да фака ...ама ете...знам дека звуцам себицно,ама ме нервират доктори,ме депресира самата помисла дека ке ми се смени зивотот,многу сум слободна лицност како ке се осудувам да ми се смени зивотот,и преку глава ми е од прици дека кога ке родам ке го откријам убавината на зивотот,не убав ми е зивотот,ваков како сто мие,знам дека звуцам глупаво ама морав некаде да се испразнам,се надевам ке ме разбере некој :( :( :( :( :(
     
    На Lolo5, SuperGirl24 и stilas7 им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Неможам да разберам жени како тебе, кои иако знаат дека не сакаат деца, се мажат без тој факт да му го соопштаат на животниот сопатник, односно влечаат за нос некој несреќник.
    Сосема друго е кога и двајцата не сакаат деца, тоа го разбирам и не ги сметам за себични, барем се искрени.
    Не ни сакам да навлегувам во тоа дали и како се менува животот, нели не сакаш такви причи |( , седни разговарај со мажот кажи му како се чувствуваш, мада не верувам дека ќе бидеш толку искрена, бидејќи и до сега не си била.
     
    На Lolo5, AIT и drugarka им се допаѓа ова.
  4. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7

    ama podrski mi dade,ne barav kritiki tuku podrska zenoo bidejki slicni muabeti imam slusnato i kaj drugi zeni deka ova e nekakva depresija i se slucuva kaj mnogu zeni,a ti ako ne si tuka za posmos nemoj vopsto da komentiras te molam...sea si me opisala kao vistinsi mentalen bolesnik...a i vakva majka kako tebe so vakvi depresivni soveti,ne bi sakla da bidam....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Бараше совет, пријателке?Епа, доби совет.
    Што очекуваш да ти кажеме?Да абортираш?Да го фрлиш детето во контејнер?
    Девојката многу фино и културно ти даде совет,а ти уште ја напаѓаш?!Да не кажам ја вреѓаш!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило за твојот сопруг, што се радува и е среќен.
    Инаку, чисто информативно, имам другарка која 7 години е во брак, а зад себе има неколку инсеменации, две инвитра, стотици хормонални инекции и незнам колку специјализирани болници за оплодување... Кога ќе сврши сопругот во неа, лежи по два часа во посебна положба, мери температура пред секој однос, брка плодни денови и овулации, но се уште не може да остане бремена.
    За жал, Господ не внимава каде ќе даде да се фати од првпат.
    А верувам немаш живот на холивудска дива, за да детето ти го поремети и измени за 360 степени, иако и тие бременоста ја сфаќаат како благослов, а не клетва.
     
    На Lolo5, Annath, ana-banana и 4 други им се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    Е неможев да се воздржам, многу тешко ми паѓа кога некој вака размислува. Јас ниту сум мајка, но и сега да ми се случи тоа ќе бидам најсреќна на цел свет.
    Па на кој му се мили докторите? Ама кога се мора, не е лесно. Се работи за здравје. И сите се плашиме како ќе биде што ќе биде, но тогаш веќе ти не си на прво место, тогаш ќе ти е детето.
    И како само можеш да кажеш дека ти се одвратни бремените жени?! :^) А ти сега не си бремена??
    Не ти ги знам проблемите во животот, но имаш маж кој сака дете, знаеш ли колку бремени девојки се оставени сами на себе?? Тие немаат од никој поддршка, а ти ја имаш најголемата.
    Приказната дека после е поубаво, е вистинита, ќе ни ја раскажеш за девет месеци.
    Па ти вчера си дознала. Стабилизирај се од шокот па после пишувај.


    И убаво ти кажаа bittersweet и Lola-M.
    Тажно е ова што го кажуваш. Некои парови се мачат многу долго, некои парови можат не ни можат да имаат деца па се одлучуваат на посвојување. Алал да им е на сите нив. Господ да им даде се најдобро !!
    Биди среќна што веќе си бремена.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    душо па ти воопшто не ни сакаш да си мајка,извини што ке бидам мн отворена,ова е форум секој си го кажува своето мислење за твојот така наречен проблем зашо ти си таа што си го извадила и постирала тука никој со сила не те натера,не можам да ги сватам лугето т.е жените како тебе ,на кои бог им дал нешто премногу вредно,а тие извини вака воопшто не го заслужуваат,има жени кои никогаш не можеледа имаат дете,а ти кажуваш тука дека не сакаш да ти се смени животот,па шо си се мажела онда?каков живот сакаш да имаш ?не си само ти имаш и сопруг до тебе,велиш дека си себична нее,не не си
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Немам намера да се спуштам на твоето ниво на комуникација, прво прочитај поубаво (ако знаеш де)што сум ти напишала па вероватно после тоа не би реагирала вака бурно па и со вреѓање :x
    Депресија може да се појави после породување(пост натална депресија) а никако во тек на бременоста особено ако не си боледувала предходно од истата.
    За тоа дали си ментален болесник......тоа ти си знаеш :?:
    За мајка како мене, е тоа душичке не ни можеш да бидеш, јас моето синче го сакам од моментот кога дознав дека расте во мене, си го рачунам за благослов, а не за тегоба како ти.
    Ако рачунаш дека е депресивен совет тоа што те посоветував да бидеш искрена со мажот тогаш тоа е твој проблем а не мој.

    И немој да ми реплицираш, мојата дискусија со вакви особи, кои изгледа немаат попаметна работа освен да се расправаат по форуми, завршува...you need two to tango, and i dont want to tango anymore :hai:
     
    На Lolo5, AIT, nana2112 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Повеќето од нас како за прво дете не сме спремни. Не бев спремна ни јас и баш тогаш не сакав дете, ама ете се случи, го родив. Тој благослов не се отфрла баш така. Не ни знаеш како е кога за прв пат ќе го земеш во својата прегратка, мајчинството е волшебна работа и баш тој филинг ти го менува животот за 180 степени не 360 (ако се 360 ќе дојдеш на иста точка).
    Ако не си била спремна психички тогаш зошто го направивте? Одговори си на ова прашање.
    Каква и да ви е одлуката, и во крајна линија да абортираш не заборавај дека и таму ќе чепиш нозе и абортусот е поболен од раѓање. Не дека те плашам, ама совеста ќе ти проработи.
    Маж ти е навистина среќен и кутар баш како што ти го нарече.
    Соземи се и донеси правилна одлука
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас нема да настапам толку остро, од причина што и самата се наоѓам во слична ситуација. И иако прочитав каков е ставот околу ова, со цел ризик да бидам осудена сепак морам да споделам, затоа што и јас сакав да отворам ваква тема.
    Мене ми е премногу страв, не страв како страв, туку паника и чувство дека стварно не сум подготвена и не сакам сега. А дека сум, се доста големи шансите. Нејќам ни да се соочам, се глупирам како некоја неписмена, и не сакам да си потврдам, туку ете така, не правам ништо.
    Паничам, кукам, дека не ми е по планот, требаше уште ова, и ова, па дека почнувам на фрижидер да личам, дека ќе се деформирам, стрии, целулит, ќе се здебелам, дури на мажот ми не му давам да вежба, да ги стега стомачните, одма почнувам како јас сум обесправена и мојот труд долги години оди во бестрага, ќе бидам дебела жентина а тој екстра дечко. :o :@
    Никој жив не може да ми влијае. Јас не можам да си влијаам. А сакам некој да ми помогне.
    Со другаркиве мои, се спукав во саботата, затоа што ми рекоа дека дефинитивно сум бремена, имам убаво стомаче, а и во очите ми се гледало. Почнав да се расправам со нив. Боже господе! :@

    И да, не ми се верува дека јас, јас, го правам ова! Ама го правам. Значи посилно е од мене. Срам ми е, многу ми е срам и тешко верувајте, ама ако не го изустам на глас и пред некој друг, јас само собирам, и глумам, а не би можела така.
    Се чувствувам мизерно, како баш сега, требаше во јули, па нели ова, па нели она. А што е најтрагично не знам ни дали некогаш јас ќе бидам спремна и подготвена.
    И пред да ми речете дека сум себична, па мажот ми не заслужува, не сум требала да се мажам ако не сум сакала деца, да кажам дека никогаш не сум мислела дека на мои скоро 28 години јас ќе паничам, ќе се однесувам како 15 годишна.
    Деца не сум сакала многу многу од никогаш, но никогаш и не сум помислила да останам без нив, секогаш сум знаела дека сакам да имам дете. Семејство. И секогаш сум мислела дека тоа ќе биде на помлада возраст од оваа. Ама ете сега кога се случува, не сакам, не сега. Сега така чувствувам.
    Знам и дека е благослов, знам и дека треба да се радувам за можноста кои многумина ја немаат, знам дека имам повеќе од многу кои во мизерни услови изгледале и по 2-3 деца, знам дека ја имам љубовта и безрезервната поддршка од сопругот каква повеќето може само да посакаат, знам и дека сум неблагодарна со ова однесување, и кон животот и кон бога, но не можам, и покрај се за што сум свесна, јас пак вака чувствувам.
    Пред да се осуди, треба да се помисли дека можеби и личноста која го доживува ова не сака да биде таква, јас лично нејќам, не сум мислела дека јас вака дебилно, просто, мизерно ќе се однесувам, ама што да правам, така се чувствувам. Не е до мене.
    Да стануваше збор за некој друг, да го гледам од страна, и во овие услови, вака се глупира ко јас сега, ќе го осудев, плукав, и којзнае што ќе зборував.
    Но ете, не требало така, не треба да се суди за никој кој немаме поим како се чувствува и дали може да влијае на истото.
    Јас се надевам дека брзо ќе ми помине ова. Ама искрено се надевам. Не заради некој друг, туку заради мене самата, не ми е добро и се срамам од сама себе во овие моменти. :worried:
     
    На Pocahontask, Lolo5, katalina и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Сакам да ги сфатам сите и да не осудувам, ама некогаш е тешко да се ставиш во туѓа кожа. Јас првото дете го родив на 31 година, и јас викав дека немам некоја желба да се мажам, да раѓам деца, ама сепак, кога забременив, бев збунета, но среќна. Мислам дека секоја жена која не е подготвена за дете, не треба да раѓа. Не од себичност, туку токму од несебичност. Бебето зависи од мајката. Уште кога расте во мешето ги чувствува емоциите на мајка му и реагира на нив. Кога ќе се роди, мајката е таа која не само што го дои, го чува, го заспива, туку и го гушка, го гали, го запознава со светот преку грижата и љубовта која му ја дава. А ако мајката е нервозна што тоа бебе и го пореметува животот, ако е несреќна за изгубената става, ако ја нервира тоа што не може да си посвети време на себе колку што сака (сите сакаме малку повеќе време за себе, ама различно реагираме на таа потреба), ако едноставно- не сака да биде мајка, па не треба да биде. Не го кажувам ова со лоша намера, ама ако жената е несреќна затоа што ќе биде/е мајка, како тоа бебе ќе биде среќно? И сметам дека тие жени треба да си бараат партнери на кои исто не им е важно да не се остварат како родители, за да нема вакви драми. Со сета почит за сите, човек треба прво да е искрен со себе, но и со оној со кој го дели животот.
     
    На Lolo5, midnight.flower, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7

    знаци се најде некој кој потполно ме разбира.и јас не сакам да сум ваква,а и за разлика од тебе секогас сум ги сакала децата на другите например на тетками од мал му го зедев од дома и по цел ден сос себе сум го носелеа,брат ми заедно со мајками сме го израснале,ама секогас ми била помислата има мнооогу време за мене,и ете сега пак кога се слуци не дека не сакам деца туку бас како сто бикас,зосто морасе бас сега,барем усте една година,не не е од тоа дека имам холивудски зивот,како ме врегаат претходните феминки,далеку од тоа,но тоа е до психата секогас сум била теска кога се работела за големи промени во зивотот,глупаво е да казам ама некако ко да ми е страм,дома секогас ме третирале ко мала,и сеа ми е страм некако знам дека звуци глупаво,ко дете да рага дете,а уствари имам 26 години(добор сеа наполнив)аа од денеска да ви казам поцнувам некако да се смирам со помислата...па морам...кога цитам слуцаеви тески сто немозат да рагат знам дека господ ме благослови,и многуу ми е криво сто вака глупавоо размислувам,,амма мислам до психата е...не знам сто ми е...цело време мислам барем после една година..а и многу ми е кривоо пред господ сто вака мислам...се надевам со време ке бидам ок,на крај како господ ресил така и ке биде...голем поздрав... :) :) :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Знам дека јас сеуште сум дете но едно да ви казам!
    ДЕЦАТА СЕ БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ИСПРАТЕНИ ОД НЕГО ДЕЦАТА СЕ НЕШТО НАЈВРЕДНО НА СВЕТОТ!
    За сите кои имаат бебе и ако дојдат до ТОА дека сакаат да арбортираат вве молам не правете го тоа
    НЕ АРБОРТИРАЈТЕ!
     
    На Martka, nana2112 и daddys.princess им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас не сум бремена ниту пак имам во план во блиска иднина такво нешто. Сепак до сега неколку пати сум се нашла во ситуација да се сомневам дали сум или не сум, и баш во тие моменти разбрав дека НЕ сум спремна. Едноставно не сум подготвена да станам мајка сега, на оваа возраст и во овие околности. И да, имам страв од бременост, која во тие моменти личеше на паника. Сосема нормално е за оние кои не се подготвени. Јас лично би чекала се додека не сум целосно подготвена, затоа што неможам да се замислам со бебе во раце, барем сега за сега. :)
     
    На Rightnow и Lolo5 им се допаѓа ова.
  16. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    Здраво на сите само сакам едно да кажам дека секој си има право на свој живот еве по незнам кој пат јас кажав дека со одлука на мојот сопруг решивме да одиме на инвитро со донатор на никој не сакам да судам само сакам да ги запрашам тие сто се во дилема дали да го родат тоа бебе или не или дали се подготвени да имат бебе или не дали само се запрашале дали доколку абортираат дали после некое време ќе можат повторно ќе забременатмојата покојна баба баба родила 10 деца па не и било терет и порано во монатото живееле во бедни услови и како во денешно време немале услови било што сакале да си купат како денес мајка ми ми има кажувано итоа милион пат дека веќе што и било мало фустанче го давала да го носат помалите сестри моите тетки како што е напишано во горниот пост дека да се има дете е божји благослов се надевам дека ќе донесете правилна одлука каде што подоца нема да се каете за постаката што сте ја направиле ви посакувам многу среќа и се надевам дека ќе си го зачувате бебчето што расте во вас и јас едвај чекам да поминат 4 месеци за да почнеме со инвитрото могу сме среќни со мојот сопруг без разлика што е со донатор поздрав
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Јас од секогаш сум сакала да имам деца, веројатно затоа и толку рано се решив, и бременоста со сите проблеми во двата случаи ја памтам како исклучително убав период.

    Тоа што мене ме погоди беше чувањето на детето, бидејќи не сфатив што ме чека. Поточно ме фрустрираа изјавите на мајките - или дека кога имаш дете треба да бидеш „жртва“ за детето (ми се повраќа од терминов), ама дека тоа е многу убаво, или дека е мноооогу тешко, неиздржливо, и претходниот живот може да ти остане само во убави спомени.
    Е како па да не.

    Дека е промена - промена е. Ако не си спремен, верувам дека е исклучително тешко. Затоа и многу луѓе кои ги познавам решија да почекаат. Дел од нив сега имаат деца, а дел не можат да имаат, ама не може да знаат дали кога не би чекале би имале. Можеби би било исто, само не би имале грижа на совест поради чекањето. А кога би имале деца порано, кога не биле спремни - сигурно не би им било исто.

    Кога би останала бремена непланирано, ако не сум во брак и со сосема други планови, најверојатно би абортирала. А во брак, кога секако планирам да имам деца само можеби подоцна - сепак би родила.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Не е баш "е како па да не".

    Можеби ти имаш среќа да стоиш добро финансиски (ова е хипотетички) и што имаш мали деца, но во голем број случаи родителите се жртвуваат за децата, особено во нашава држава со толкава голема невработеност.

    Додека децата се мали, не бараат многу, малку храна е доволна, не излегуваат и не трошат. Најголемата жртва е посветување на време на детето, наместо време за себе. Секаде обично со себе го носиш или го чува некој па немаш грижи каде ти е и со кој.

    Кога ќе стане тинејџер...е тогаш се проблемите. Да не спиеш додека не се врати, да се обудуваш да го изведеш на прав пат знаејќи каква е денешнава младина. Потребни се огромни финансии, за излегување, облекување, образование, превоз....И тука почнува жртвата. Колку само родители познавам што со години не отишле за одмор само за да му овозможат на детето да студира, не излегле во ресторан или на кафе само за детето да излезе, не купиле облека само за детето да му купи. Тоа е , не може на секој член да му овозможи се, па се жртвува себе, за детето да е среќно.

    И да не правам статистики дека најголем број од семејствата во нашава транзициска земја се такви. И точно дека предходниот живот им е само убав спомен, затоа што со години не си дозволиле ниеден луксус, едвај потребите ги задоволуваат. Да ги спомнам студентите од внатрешноста, што плаќат и станови... Тие се родители кои ја ставаат среќата на своите деца, пред својата, затоа што немаат избор, не дека не сакаат да уживаат во животот.
     
    На Lolo5, katalina, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Не мислев воопшто на финансии, туку на став кој го имаат многу мајки, и е распространев, само не објаснував зошто не ми беше тоа намерата, а и веќе имам пишувано за тоа, да не се дуплирам. Уште помалку за поголеми деца, затоа што темава не е наменета за тоа.

    Познавам многу мајки кои не од финансики причини, туку од некои за мене необјасниви причини кога ќе им се роди дете цело време зборуваат како не можат да направат ова или она затоа што се жртви на децата, треба да им се посветат, немаат време, итн. Немаат време да се видат со другарки, да се средат, да прошетаат, сопругот го ставаат во втор план, а амбициите на работа им завршуваат.
    Не затоа што не можат, туку има некоја таква култура, се наметнуваат такви очекувања, се вртат такви муабети. И мислев токму на нив.

    Пораката што сакав да ја пренесам е дека ако навистина сакате да направите нешто, детето нема да ви биде пречка, т.е. нема потреба да се жртвувате за него. Јас под жртва разборам откажување од се за повисоки цели, ама прашањето е дали се претерува со тоа, и колку навистина е неопходно.

    Инаку со стандардот во земјава, животот е тежок за најголем дел од луѓето, имале деца или не.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maleta

    maleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    "Не затоа што не можат, туку има некоја таква култура, се наметнуваат такви очекувања, се вртат такви муабети. И мислев токму на нив"

    mislam deka ovaa e toa od sto imam fobija i posledici jas,si go pogodil pravo vo tocka...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.