1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од monimoni, 27 февруари 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.302
    Енца јас од ова што го прочитав сфатив дека ти немаш страв од тоа дали ќе се реализираш како мајка, дали ќе имаш услови за одгледување на детето, туку те фаќа паника дека ќе ти се деформиса телото.
    Не те напаѓам, не те осудувам, ама се обидувам да те сфатам и би те сфатила доколку се работеше за причините кои ги наведов, ама за стравот дека ќе станеш дебела неможам.
    Па нормално е тоа, трудниците се посебно убави и прекрасни жени.
    Нема простор зошто да паничишм после бременоста ќе си ја вратеш повторно линијата.
    Сепак среќата не зависи од бројот на килограмите, среќата е многу повеќе од тоа, еве за твојата ситуација тоа е детето.

    Јас те читам од самиот почеток, ти си егоцентрична, отворена и каприцозна личност, но си и помалку себична, а и размазена ;) , без љутиш.
    Јас те сакам како форумски лик и со мерак те читам, ама еве сакам да ти замерам.
    Кога нешто сакаш, тоа го и добиваш, не правеш компромиси, не сакаш за некои работи ни да се потрудиш, бунтовна си, а исто и за оваа ситуација, прво мислеш на себеси поради некоја си никаква причина, а не мислиш на детето кое го носиш во себе и на твојот маж кој верувам дека е пресреќен да има дете со тебе.
    Имаш прекрасен маж кои ги трпи сите твои хирови, верувај, те сака премногу, сепак мислам дека е време да почнеш да правеш отстапки и да размислуваш и за другите. Не си веќе сама.
    И не за оваа ситуација, ами и за многу други, а знам дека не сакаш вака да се чуствуваш и знам дека и самата се кртикуваш, ама место тоа почни да ги менуваш работите.

    Се надевам дека не ми се налути, јас само искрено ти пишав што мислам и каде мислам дека тие проблемот.
    Се надевам се ќе се реши во најдобар ред, а верувам дека ќе бидеш и прекрасна мајка и еден ден ќе се смееш на оваа :* .
     
    На Lolo5, HeidiDiWalt, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Ги чита постовиве и малку се подзамислив. Јас ептен многу сакам деца, арно ама еве не фака. Не викам дека сум престарена имам само 27 години, ама ете не фаќа, не може, не е речено сега за сега.
    Како што погоре прочитав, детето е благослов и точно е дека ти го менува животот, но не можам да разберам зошто е секогаш така, кога некој ужасно многу го посакува тоа, не бидува ништо, а кај некој пак на несакање се дешава :(
    Бидете среќни што сте благословени
    Поздрав и бидете среќни мајки.
     
    На Lolo5, hunny-bunny и nana2112 им се допаѓа ова.
  3. macufkaa

    macufkaa Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Вчера ми заврши менструацијата, а денеска имавме секс со дечко ми, но тој не е сигурен дали сврши во мене или не... :/ ве молам кажете ми дали се осеќа ако сврши во тебе и дали има шанси да сум бремена?
     
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    зависи се сетува и некад не,а за тоа дали е можно да останеш бремена ,
    можно е,другарка ми остана бремена после менс
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.582
    Пол:
    Женски
    Енца ти си веќе сигурна дека си бремена. Ти се познавал и стомакот. Еве те читам и се обидувам да те сфатам. Кога на почетокот си се посомневала, зошто не си отишла на лекар,направила тест итн., па ако е позитивно, а ти не си спремна да бидеш мајка абортирај. Подобро така, отколку детето утре да се измачува покрај мајка која го смета за товар.
    Штом ти се познава стомакот ти си веќе 5ти месец. Сега е касно за абортус без последици. Башка ти во стомакот веќе имаш дете, со срцебиење, со рачиња и ноџиња во развиток. Носиш бебе.
    Во врска со стриите и телото... Е за ова незнам што да ти кажам. Се согласувам наполно со Јуллее за ова. Мислам дека ти добро стоиш финансиски. Ако телото после бременоста ти претставува толкав проблем имаш добри доктори што супер ќе те средат :) . Мада ако ти пазиш што и колку јадеш и се движиш освен подразвлечен стомак нема да имаш некои проблеми.
    Мисли на маж ти, на тоа што веќе се развило во тебе. Не си сама веќе. Стави ги нив на прво место. По твоите постови знам дека маж ти го прави тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Џули и Тинкрбел од вашите мислења заклучив дека вие никогаш не сте биле бремени и не сте родиле и токму заради тоа и вашето мислење е вакво,што е во ред. Јас зад себе имам две бремености и две дечиња од кои едното е 3,5 недели и сеќавањата ми се многу свежи. Фала му на бога двете бремености ми поминаа релативно добро без многу компликации.Но бременоста иако е убава работа сама по себе е многу тешка ,како физички така и психички. За бременоста Србите имаат многу добар термин -ДРУГО СТАЊЕ и тоа е навистина така.Во текот на 9-те месеци ти се случуваат многу промени со телото ,а искрено периодот е многу краток за да имаш време да се навикнеш,што пак може да биде прва причина за незадоволство.Првите 3-4 месеци сеуште си активен и делумно несвесен,но понатаму како нараснуваш се ти станува потешко и ова за мене беше многу тешко затоа што јас од станување до легнување сум цело време во движење.Без срам ќе ви кажам дека со вторава бременост иако планирана во некои моменти на слабост или немоќ да направам нешто се прашував Што ми требаше ова?Зошто кога знаев како е пак забременив ?.Мислам дека вакви прашања си поставуваат скоро сите трудници и тоа апсолутно не значи дека тие не си ги сакаат бебињата или дека ќе бидат лоши мајки или дека требале да абортираат.Не заборавајте дека и трудните се луѓе од крв и месо и дека како на секој човек и на нив им прелева чашата.И доколку сево ова го тргнеме на стана психолошката борба која ја води една трудница е многу пострашна.Цело време во глава ви се мотаат прашања од типот Дали се ќе биде во ред со бременоста,бебето,со мене,како ќе се породам,дали боли,дали детето е здраво ,што ако нешто не е во ред и милион други прашања кои сакале ,не сакале ви се појавуваат. Ве молам немојте да заборавите колкава е одговорноста на една трудница ,бидејќи за се што би искрснало на овој или оној начин таа е крива!!!
     
    На Lolo5, DeMelo, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.582
    Пол:
    Женски
    Свесна сум и во право си за се што пиша. Такви прашања ми се вртат и мене некогаш иако ни на крај памет не ми е бременост.
    Муабетот во врска со Енца ми беше дека несовесно постапува. Таа е веќе 4-5 месец бремена,има стомак, а не признава. Во нормални околности, би требало да има веќе појдено на лекар и се што следува. Да знае дали е се во ред.
    Незнам дали ме разбираш што сакам да кажам. Ако таа не ја сака ситуацијава и се плаши требало да расчисти со мислите веднаш кога се посомневала. Да или не? Што да прави? Што понатаму? Ама сега не е веќе сама, неможе само за себе да гледа
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    знам дека ќе ме осудувате но како и да е тоа беше мој избор сепак јас останав бремена на само 17 години и исто на 17 го родив моето прекрасно синче. имав избор да родам или да абортирам во никој случајне помислив на абортус вистина е дека после породување телото се менува но дали вашето тело е толку битно што сте спремни да уништите живот. секој има свој избор но мајчинството е најубаво нешто на светот тоа чуство не се заменува со ништо. никој не е спремен тоа е факт но како мине времето така само по себе доаѓа ни мајчинскиот инстикт познавав една жена каде што од неспремност и има време абортирала се случило нешто за време на абортусот и женава после тоа неможеше да има деца епа незнам дали има поголема казна од тоа да поради неспремност да изгубиш дете.




    офф: се извинувам за малите букви али тестатурава ја боли малку главата и ги дава на латиница :)
     
    На koritsaki и StefiNikola им се допаѓа ова.
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Во врска со Енца јас сум сигурна дека таа е и среќна и совесна за својата бременост(тоа што не отишла на доктор и не е некој грев,одев и јас па некои работи не ги видоа). Речиси секојдневно ја читам во темата Што денес за ручек? и верувај ми таа и тоа како добро знае што и како треба да јаде и како да се чува :) .Енца сигурно веќе се радува и токму поради тоа најверојатно повеќе не пишува на темава ;) Јас сум сигурна дека таа ќе биде прекрасна мајка која добро се грижи за своето дете и и посакувам се најдобро!!!
     
    На Lolo5, enca.69, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Страв има и кај мене, од една страна се чувствувам не спремно за дете и за сите промени што следуваат со бременоста со раѓањето а од друга страна пак престрашена сум кога гледам колку се повеќе родители се мачат со години за да добијат дете. Сакам дете знам сигурна сум но не баш сега, знам дека ми треба уште некое време да прифатам некои работи, но од друга страна не знам што ме чека дали детето ќе дојде од прва, петта, или ќе мора да минувам низ потежок пат, па ќе се каам што сум чекала. Некако чувствувам притисок и од околината, дека треба да раѓам, се осеќам некако грозно што ете уште ништо нема, а уште потешко ми е што не се разговара на таа тема зошто најверојатно мислат дека веќе се обидуваме па не сакат да не вознемируваат. Уште значи не сме почнале а јас се плашам да почнам и од страв да не се разочарам а мислам дека тоа ќе ми биде уште поголема пречка, нели дете се прави опуштено без многу размислување а јас не знам да не мислам и тоа се повеќе негативно :(
     
    На WhiteCat33, Lolo5 и eleni27 им се допаѓа ова.
  11. monimoni

    monimoni Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Скарлет немој воопшто да се плашиш и не размислувај за тоа.Колку поспонтано се случува,толку подобро.Јас ја започнав темава и мислев дека сум единствена со вакви мисли но сега гледам дека не било така,и мило ми е што започнав со оваа тема.Инаку во моментов држам во раце 7 месечно ангелче и самата се чудам зошто ми беше страв :) инаку и ние се чувавме и не се обидувавме 3год. но никогаш не помислив дека нема да можеме да имаме.кога пробавме првите неколку пати останав бремена и имав спонтан абортус,но повторно не помислив дека има некој проблем,фала богу двајцата сме млади и Здрави и си реков така требало да биде.потоа се случи од прва :) Немој да размислуваш за тоа се ке си дојде со време,само опушти се и немој да се плашиш.навистина ке има големи промени и во твоето тело и во целиот твој живот но верувај ми ВРЕДИ ,а и самата ке осетиш уште кога прв пат ке го земеш во прегратка.ДЕЛ ОД ТЕБЕ :*
     
    На Lolo5 и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.977
    Пол:
    Женски

    Многу убаво напишано и нема зашто да бидеш осудувана од некој сепак тоа било твој избор и штом си била спремна за дете нема врска 17 , 27 години , ако имаш поддршка итн. :) Јас сум голем противник на абортусот , освен нели ако има некоја сериозна причина да се изврши. Нека ти е живо и здраво синчето , поздрав :*
     
  13. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Еве токму така и јас се чувствувам. Во брак сме веќе 10 месеци, а прет тоа имавме врска од 9 години. Кога си правевме филмови за иднината со сопругот (уште кога бевме дечко и девојка), планот беше на 26 години свадба, по една година (на 27) дете. Но, со времето, планот некако ни се пролонгира. Свадбата беше кога имав 27, сега имам 28 а за дете ни муабет не се прави. Некако се чувствувам дека времето не претрка, не успеавме да постигнеме се‘ според планот. Сега не ни е решено станбеното прашање и тоа многу не кочи во донесувањето на една таква важна одлука. Од друга страна, се плашам дека времето уште повеќе ќе не претрка, и дека кога еден ден конечно ќе се решиме... нема да можеме. И како што рече Ариел:
    Пред некое време се обидов да ја отворам темава пред сопругот, но тој брзо го смени муабетот. Вчера директно го прашав. Неговиот одговор, искрено, ме исплаши :( . Од секогаш јас сум нерешителна, а тој е похрабриот (така беше и за склучувањето брак), но сега ми изгледаше исплашено и несигурно. Финансиската состојба не ни е многу лоша, но не е ни многу добра. Не ни е решено стамбеното прашање, а економската криза ни е потенцијална закана за работните места и на двајцата (може се‘ да се случи, во најскоро време :worried: ). Во такви услови ни јас не се чувствувам спремна на ваков чекор. Но се плашам дека годините минуваат за нас (јас сум 28, тој 29). Имам многу примери околу мене кои со години неуспешно се обидуваат. Неизмерна тага има во нивните очи. :( Не сакам јас да сум на нивно место. И како што пишува во потписот на enca.69:
    If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bella05

    bella05 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    0
    Дечки пред 4 дена имав незаштитен однос тогаш кога бев во плодни денови, шансите беа големи, но дечко ми не сврши во мене ... можно ли е да сум трудна? психата ме тепа, многу сум исплашена :/ ако може побрз одговор ..
     
  15. bella05

    bella05 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    0
    Дечки ве молам кажете го вашето мислење ... :/
     
  16. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Девојко ако не свршил во тебе не паничи веднаш.
     
  17. lale24

    lale24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    149
    Тоа што си била во плодни денови не е ништо страшно ако не свршил во тебе,а не свршил така да нема за што да креваш паника и да се плашиш
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.058
    Пол:
    Женски
    Веќе имам пишано, година дена со дечко ми имаме незаштитен однос, и во плодни и во неплодни денови, секогаш свршува надвор така да досега не сум останала трудна, не велам не, се случува, дали на една во илјада или на една во сто доволно е што е една па да постои ризикот. Мојата девиза е, ако не си спремна на факторот бременост ич да не ризикуваш, нема сила што ќе ме натера да имам ризичен однос кога не сум спремна или кога немам услови, ние претходно скоро 4 години имавме односи со кондоми и многу ретко незаштитен, ден или два пред да добијам, ама се на се дали се собраа 5 пати во 4 години. Не знам зошто ти си ризикувала, дали сте сакале да се обидете да зачнете или пак нешто друго, но немој друг пат да ризикуваш бидејќи сега ќе си ја удираш главата во зид, тоа што не свршил и не ти е некоја голема гаранција, но ете кај мене не се десило досега да зачнам, веројатно и кај тебе нема место за паника.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Колку што можам да разберам се плашиш да не останеш бремена,не паничи ако е така , јас и мм се обидувавме година ио пол и во плодни и неплодни денови,но претежно семтав кога ми се плодни па не забременив во нашиов случај само да кажам сакавме нели, (некаде после 2 год останав бремена) така да опуштено ;) поздрав
     
  20. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки незнам дали овде треба да прашам али сепак ме интересира па ако не е за овде се надевам ќе ме упатите.Имам 31год веќе 3 год сум во брак досега се пазевме со мажот ми поради еден мој проблем што го имам сум на терапија сероксат и хелекс психијатарот ми рече се додека пиеш лекови никако забременување.Но годините си поминуваат а јас веќе се носам со овој проблем 10 год и не верувам дека паниките ќе поминат.Е сега почнавме да работиме на случајот но се плашам од самото носење на бебето пораѓајот и од сите испитувања имам фобија од крв и мислам дека ќе умрам кога ќе треба да се пораѓам.совет Ве Молам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.