Здраво на сите ... ме интересира што мислите дали машките се плашат да искажат чувства пред да започнат врска со некоја девојка ??? Дали тоа е поради неодлучност , несигурност ?
Не напротив. Сметам дека машките можат повеќе да ги искажат чувствата од жените, зошто ние сме тие кои секогаш сме во двоумење дали не сака или не не сака. Машките обично кога сакаат да започнат врска со девојка и кажуваат. Тука следуваат и комплименти од типот убава си, паметна, не си монотона и мислам дека ќе бидеме совршен пар. Дали сакаш да бидеш моја девојка? Ќе бидеш сакана, почитувана и моја најмила. Ова изгеда како клише муабет, но во моите досегашни случаеви машкото било секогаш личноста што повеќе искажувала чувства од мене. Исто машкото секогаш прв ми кажувал дека ме сака, а колку јас сум го сакала и искажувала чувства? Многу помалце од него
У случај да не може да искаже чувства е кукавица и нема храброст, пружа отпор према тебе и тако даље и тако ближе. Ма да, не е толку битно што кажува, џабе би ми зборувал кога е кенкало на дела.
а во случај да со дела покажува дека те сака секој ден а не отвара уста да ти каже те сакам тогаш што?
Чувства искажувам само кога ќе почуствувам потреба дека е вистинско време и вистински потребно тоа, инаку зашто да се рсфрлам или да блефирам ако не ме поведе нешто за убав и вистинит збор. Поздрав добар ден на сите
ПРЕД да започнат врска?! Барем така е поставена темава... Какви чувства би имале пред да започнат врска освен привлечност Јас па мразам мажи што не искажуваат чувства во врската/бракот.. со дела или зборови, сеедно.. Подобро да сум сама, него ли со некој што му е тешко да покаже дека му значам..Што ќе ми е, за фигура само до мене
Ако жари љубов, проблем не гледам во искажувањето на емоции.Ако не се разбираме, ако не успееме да се прифатиме -а се прифаќаме само ако има доволно љубов, тогаш не е тоа-тоа. Не е проблемот во луѓето,туку кој со кого се спојува. Постојат луѓе кои се затворени, но со одредена личност си наоѓаат заеднички јазик итн. Се и сешто, не се вика љубов. Особено ако нешто смета или веќе преминало во проблем...
Според мене чувства се покажуваат со дела, не со празни зборови, биди среќна ако молкум те сака и чува, тогаш тоа не е плитко и површно со празни ветувања и муабети да те врти. И не се само мажите такви, ние сме полоши некогаш
Јас мислам дека не се работи за страв. Само дете може да е несигурно или срамежливо па да не се осуди да каже, но веќе кај повозрасните припадници на машкиот род има две категории. Едните кажуваат а другите покажуваат.
Прав маж не се лигави со искажување чувства, нежности и слични масонски измислици, прав маж ги потиснува тие ствари во себе и чека тие да испарат ! Ако жена примети дека мажот нешто осеќа - веднаш ќе исчезне стравопочитта кон него и ете ти проблем...