Да! Јас многу се плашам од ова, кога ќе дојде време да не можам да имам деца....но што е тука е- како ни било судено така ќе да е!
Не размислувам многу на оваа тема затоа што уште ми е многу рано, но најголема желба ми е да имам деца кога ќе дојде време за тоа и секако дека се плашам од стерилност.
Па со оглед на тоа дека зад себе имам долга врска во која имавме односи без презервативи и страв од несакана бременост, јас почнав се почесто да размислувам дали воопсто мозам да бидам трудна,да бесе некоја друга досега десет пати ке родесе и многу се нервирав не дека сакав да бидам трудна едноставно ме мачесе мислата дека немозам.За зал сеусте ме мачи,бев на гинеколог на преглед се е во ред но сепак стравот е во мене,па се тесам мозеби не требало со него да имам деца но се надевам некој ден ке имам,рано ми е кариерата ме чека но сепак како е писано така ке биде
Две женски особи од мојата фамилија не можат да имаат деца,тоа не значи ништо ама мене ме мава на психа понекогаш со оглед на мојата чудна менструација... Да, мн често сум размислувала за ова и нормално не ми е сеедно.
Стравот од можноста да немам деца Спојлер (не дај боже) е мојот најголем страв. Многу често помислувам на тоа (имам проблеми со хормони и нередовна менструација) и навистина тоа е мојот најголем страв. Многу сакам деца и еден ден сакам да си имам свои.
Абе ајде, уште сега на тоа размислувате и си правите филмови. Нормално е секого да го е страв ама не е сега на 18 год да седам и тоа да размислувам. Ајде правите бебиња таму...
Да, иако ми е рано понекогаш го чувствувам тој страв, имам нередовна манструација. Можам да кажам дека тоа е еден од моите најголеми стравови.
може не од стерилност,но од спонтан абортус да,баба ми на мајка ми мајка имала,мајка ми пред мене имала еден спонтан и незнам,искрено не е времето дојдено за ова прашање,ама некогаш знам да си се замислам жениште брее
Мојот најголем страв. Помислата на тоа дека не би можела да имам свое дете, да почувствувам дека има некој во мене, нешто мое, нешто што треба да биде симбол на љубов... не знам не знам дали би поминала преку тоа. Не дај боже да биде така.
Со оглед на тоа што имам хормонски пореметувања и што еднаш треба да пијам апчиња за да ми запре крварењето, а еднаш не ми доаѓа по неколку месеци (како сега на пример), и јас имам голем страв од стерилност
искрено немам страв од тоа (бидејки двапати имам до сега остането) ама имам страв од тие глупи спонтани абортусе бидејки два пати ми се десија,циклус нормален и точен два пати се фати и не ми е јасно од кај бе излегоа мрзливите хормони?? Се надевам во скоро време ке ја имам најголемата срека во животот бебче...
Да, многу се плашам. Со оглед на тоа што сум во долга и сериозна врска, и одамна е дојдено времето за правење деца........Паника ме фаќа од тоа што може да се случи.
Кога ќе ми текне дека едно време не сакав деца да имам, се плашев и згрозував од самата помисла нешто да искочи од мене, сега се прашувам кај ми бил паметот тогаш Сега откако сум во врска со особа која ја сакам премногу, сфакам дека сакам да имам деца , бар едно, и многу се плашам дека нема да можам да имам, бидејќи имам нередовна менструација и полицистични јајници, иако докторите тоа не го посочуваат за некој си голем проблем , и велат дека нема да попречи во забременувањето мене сепак многу ми е страв и дури некогаш ми доаѓаат такви мисли, да пробам уште сега, да видам дали одма ќе се фати, ако не да си го барам чарето додека сум вака помлада.
Понекогаш кога ќе си размислувам за тоа ми идат лоши мисли и си мислам дека ќе неможам да си имам свое дете , иако ми е многу рано за тоа да размислувам пак мене ми ида некој глупости во ова мојава глава . Но сепак господ да ме чува и да ми даде детенце кога ќе ми дојде времето
Дефинитивно тоа е страв! Меѓутоа ако веќе така требало да биде, да се немаат сопствени деца, па на крај краева има многу деца во домовите кои чекаат да бидат посвоени да добијат свое огниште, тоа би бил изборот доколку настане такво нешто..
И јас го имам истиов страв пред 1 месец бев на гениколог ми кажа не се секирај ти си млада жена и барем засега немаш никакви проблеми има време за деца се ослободив малце али оваа психава ме побудалева да мислам се и сешто
Ах мојата болна тема. Зар има некој кој не се плаши? Секој поминат месец без тие проклети две цртки, ме дотолчува. Тагата во очите на мм е необјаслива, а сепак наоѓа утешни зборови. Многу пати сум помислила- Не ми било пишано да бидам мајка, иако безрезервно многу ги сакам тие мали ангели. После секој негативен тест се кине дел од мене и ме прави послаба личност. Колку многу го посакуваме ова. Имаме и смислено имиња, и каква ќе му биде собата, креветчето, дека ќе бидеме либерте родители и какви лулашки ќе ставиме во двор, каде ќе го запишеме на факултет. Ах, го сонувам тој ден, кога на цел свет ќе се пофалам дека има живот кој расте во мене. Станав љубоморна на секоја трудница, мајка. Почнав да се изолирам од сите кои имаат деца. Почнав да губам надеж и верба и се оптоварувам со секакви мисли Не знам како ми било пишано, ама никогаш не сум замислувала дека ќе биде вака. Дека животот ќе ми постави вакви тестови. Зар ние не заслужуваме да бидеме семејство? Се надевам дека овој тест наскоро ќе заврши.