Да, ми се има случено да помислам на ова. Па затоа си прашав на гинеколог. Таа ми се изнасмеа и ми вика..Ич да не му се секираш, можеш колку сакаш да раѓаш.
На оваа тема секогаш размислувам позитивно, иако минатото на моите родители понекогаш ми влева некој грам сомнеж. Тие цели 6 години се мачеле да добијат дете, ги свртеле сите доктори, бајачи, надри-лекари во Македонија, немало резултат, биле и во Белград кај специјалисти, повторно ништо, и на крај отишле во Москва, кај некој тогаш многу познат гинеколог и џабе резултати нема, се било во ред, но неможеле никако да направат бебе. Се откажале, се разочарале, не се оптеретувале веќе со тоа толку многу, се помириле со фактот дека можеби нема да имаат деца, кога неколку месеци после тоа останала бремена мајка ми, потоа после 6 години, останала со мене, после мене останала уште еднаш бремена, но во моментот лоша била ситацијата дома и аборитирала. Затоа и не се оптеретувам со тоа, се може да се среди, напредно време, имаме нови технологии, истражувања, проекти...сите водат кон напредок па и да имам некаков проблем верувам дека ќе се среди. Си го чувам здравјето, редовно одам на прегледи, слушам совети и позитивно гледам на работите, непланираните, случајни работи се најубави, а плановите не секогаш се остваруваат. Затоа девојки уживајте во животот и сексот, се ќе си дојде на свое место, само треба да се поклопат некои коцкички . Се плашите од стерилност, а заборавте дека сме подеднакво подлежни и на уште милион други болести, дали се плашите и од срцеви заболувања, од рак, од леукемија... Нема потреба да се полните со негативна енергија за работи за кои не се потребни, имате се да бидете среќни но барате влакно во јајце за да има за што да се замарате... И сакам да и кажам на Анџелика дека стискам палци и од се срце и посакувам следниот месец да ја очекуваат радосни вести, да имаме уште една мамичка на формуов, и да и порачам да не се разочарува и откажува, погоре пишав за моите родители, нека и послужи нивното искуство како пример дека не треба да се откажува и разочарува, туку напротив во позитивен правец да ги насочи мислите, зошто штркот и спрема бебче .
Ех да ми кажувал некој дека џабе само нерви сум кинела. Ете и после толку време и јас можам да се пофалам со позитивен тест. И покрај сите испитување не водеа како идипоатски стерилитет, но сосема случајно не изненади позитивниот тест. Се ужаснував и збеснував на сите совети од типот - опушти се, не мисли, бла бла ... Но всушност најголема причина за нашиот проблем била психата. На сите со проблем како мојот ви посакувам позитивен тест, што помалку стрес, што повеќе уживање
Mnogu sakam deca i tie me sakaat mene ama ete ne saka i nesaka veke 8ma godina kako se macime ke bide vo skoro vreme znam ama psihata ubiva ejjj.....