Не сретнав ваква тема доколку веќе има може да заврши во канта... Во Сити го има бутиков и реално 50% од стварите ми се од таму.. Мислења за бутикот,омилени производи...
Имам неколку парчиња гардероба од Страдивариус од Грција ги бев купила многу ми се допаѓаат а и немат некои надуени цени само што има една маана некако материјалот од кој им се направени блузите многу лошо замирисува кога ќе дојде во допир со телото значи после 15тина мин од ко ќе ја облечам блузата почнува да ми мириса како на боја на нешто вештачко...со блузи од други марки го немам овој проблем но сите блузи од Страдивариус така лоша ми мирисаат и едно кило парфем да истурам џабе е...до материјалот е проблемот...а плус и пред неколку месеца имаше муабети дека користеле некои токсични материи при производство на облека ама колку е тоа точно незнам
Немам купено ништо до сега, но имаат многу убави парчиња што се надевам дека во иднина ќе купам нешто од тука.
Имам доста гардероба од Страдивариус , чизми , блузи , фустани , здолништа , накит , фармерки...ги имам земено од Грција во местото кај што живеам. Во врска со блузите се согласувам со членката над мене , навистина не е добар материјалот , буквално тешко се и пеглаат
Има убави работи тоа да меѓутоа некој да не знае кога од прилика ке имам попуст,едни сандали чекам да ги намалат пада знам кога да отидамм
Една од моите омилени (достапни) продавници. Многу ми се допаѓа речиси се, и исто така имам доста работи од таму.
Доста работи имам и јас од таму.Ташна ,џемперчиња , јакна,маици неодамно купени,сандали од летово...кафеав крзнен елек кој го земав пред 2-3 год. но од грција , сеуште е во одлилна состојба а го изнаносив...Да се каже дека сум и задоволна од квалитетот. Само ме изнервираа сандалите летово што ги купив и тоа поскапо ,не ги ни носев многу , и тоа закопчувањето одпозади ми се откачи .Но среќа па можеше лесно да се поправи тоа. А од др работи сум засега задоволна.
има могу убави суќни ама 1000че се што не ми е баш ефтино пошто ми требаат повеќе мислите дека ќе има попуст за брзо?
Па сега моментално низ цел сити мол има понекој мал попуст,зависи некаде повеќе. Но ако сукњата не е ,сигурно ќе има голем попуст уште малце.Како и секоја година,накај 15 деќември,втора половина на месецот цела е со попусти големи.Предновогодишни Но незначи дека и пред тоа нема да ја намалат истата.Гледај редовно на нивната официјална страна,имаш и мак. цени.За било што и да намалат одма и на страната се гледа.
Пред три зими од Солун земав на попуст зимска дебела долга јакна и ден денес ја носам. Ми се погоди ептен. Имаат супер гардероба и обувки ама си чекам попуст за да купам, пошо реално на некои парчиња претеруваат со цените.
мене ми се закон Страдивариус посебно сега фармерки има сите се 999 ги нема да мрднат ептен се убави и има доста со висок струк какво што сакам
Во јули бев во Страдивариус и си купив еден преубав шорц за 900 денари и еден фустан за 800 денари.Повторно во плам ми е да одам.Продавницата е многу добро снабдена а за квалитетот навистина немам зборови.