1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страница 99 - мит или вистина ?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MotherMonsterI, 15 февруари 2013.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Верувам дека сите имате некоја книга која достоинствено си го чека редот на вашата полица да биде прочитана , но вие тоа само го одолговлекувате. :^) Доволно познато нели ?

    Врз основа на едно американско испитување неодамна покажаните резултати го поставија следниов императив-дали се работи за мит(или вистина) поврзан со содржината на книгата, за која е релевантно дали ќе Ви се допадне, а која е стационирана на страна 99 . Наш совет е секогаш кога избирате книга, свртете ја на 99та страница-исходот ќе биде неверојатен. :o

    Преземено од Divianarts.com

    Ја практикувате ли вие оваа интересна идеја ? ;)
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Страна 99 - мит или вистина ?

    Ја пробав техникава на книгата што моментално ја читам, и некако не ми успеа. 99та страна не е толку забавна, а од книгата сум фасцинирана. Јас во принцип ја прелистувам првата и последната страна, и читам краток опис позади на корицата. Ако тоа не ме заинтересира, не ја читам.
     
    На jelena.rozga и tessie им се допаѓа ова.
  3. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Не сум го практикувала ова нешто до сега. Инаку, погледнав баш во книгата што ја читам моментално, и не бев нешто воодушевена. Како и да е, сметам дека ова нешто е мит, бидејќи во некои книги може да се случи да има нешто „уау“ на таа страница, но во некои не. Затоа мислам дека се` тоа е игра на случајност.
     
  4. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Следнава недела ќе одам до библиотека па ќе се обидам, инаку денес прв пат разбрав за ова!
     
  5. Kalinka94

    Kalinka94 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    Мит! Неодамна прочитав за ова и почнав да го практикувам, но нема никаква точност.
     
  6. blingy

    blingy Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Мит мит мит и дефинитивно мит!
    Пошто не читам ништо моментално, првата книга која ми се извлече од полица Мистеријата на синиот воз од А. Кристи. Не! Навистина не...
     
  7. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Го имав ова одамна прочитано, ја пробав и некако немаше ефект кај мене.
    Така да би рекла МИТ.
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Мит дефинитивно.Го пробав ова пред да ја читам книгата и немаше ништо посебно на 99 а сепак книгата е прекрасна..
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам за вакво правило :^)
    Баш земав неколку книги што ги имам дома - дел од нив ми се допаднале премногу, дел од нив не.
    Еве и јас потврдувам дека теоријава е апсолутно неточна.
    А што правиме со оние книги кои имаат повеќе томови? Ќе се важи 99тата страна од првиот том, или од сите? :)
     
    На cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  10. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Јас ова го испробав и од три книги што ги имам прочитано,во двете книги имаше навистина интересни случки.Од тогаш ова почнав да го практикувам кога купувам книги. :D
     
  11. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Неколку пати сум пробала и според мене е мит. :)
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    99 :^) првпат слушам ама сега има да ги разлистам сите книги :D
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не го практикувам ова ниту пак тоа со читањето на првата и последната страница од причина што ќе ми се уништи целото читање на книгата. Јас кога купувам книга или кога бирам книга за читање прво го гуглам авторот, за книгата за која ќе се одлучам несакам да знам ништо. Сакам сама да оценам дали е добра или не, сакам да ме изнанади со својата занимливост или досадност :) Чисто од љубопитност ја прочитав од неколку книги - претходно прочитани, страницата 99 и не беше ништо посебно, ниту пак наговестуваше каква е книгата. Така да, дефинитивно ова е мит :)
     
  14. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека ова е само мит бидејќи сум пробала на една книга и на 99-та страница наидов на пренесен збор со цртичка од претходната страница и видов дека тоа апсолутно врска си нема и дека се работи само за чиста случајност,исто важи и за првата и за последната страница ако прво се читаат! :) Не знам кој го измислил ова,но со сигурност знам дека самиот себе многу се зафркнал! ;) 8)
     
  15. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    И јас мислам дека е само мит :D
     
  16. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е мит. Баш сега проверив,прилично досадна страна од книгата.
     
  17. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    МИТ, дефинитивно. Ова го читам прв пат, не знаев дека вакво нешто постои, и веднаш ја зедов книгата да прочитав. Всушност тоа го направив на две книги, и случки и на двете книги не беа нешто посебно,а додека книгите се навистина добри :D
     
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Што уште нема да измислат, глупости. Нема врска тоа, книгата може да се процени само од кога ќе биде прочитана истата.
    Најчесто треба да се раководете според кратката содржина и препораките на другите, друго ништо не е битно, исто како и корицата на книгата што е.
     
  19. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Го имам ова практикувано,ама немаше никаква врска така да мислам дека е мит :D
     
  20. JustLoveHim

    JustLoveHim Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Сега првпат слушнав за ова...Баш ја зедов книгата и отварам на 99 и таму глеам сум стаила слика од мене и дечкоми...хахах ...
    Инаку интересна беше страната ...Пробав на една друга досадна беше ...Чиста случајност :D