1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страни за интернет продажба на фотографии

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од psycho69, 16 октомври 2013.

  1. psycho69

    psycho69 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали знаете некоја страна/блог за поставување на професионални фотографии каде ќе можат да бидат купени од други корисници?
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Има таква можност на iStockphoto, се поднесуваат апликации со 3 твои фотографии.
    Со тоа што прво има правилник кој треба да го прочиташ, а после тоа има тест со прашања од правилникот. Откако ќе го поминеш тестот, им испраќаш твои фотографии, а после некое време ќе ти одговорат дали ги исполнуваш условите. Колку што знам се наплаќа според тоа колку пати е симната твојата фотографија од сајтот.
    Пред да им ги испратиш сликите, пишува од какви фотографии iStockphoto има потреба (на пример се сеќавам дека пишуваше дека немаат потреба од фотографии од природа), за да знаеш што бараат, па според тоа што да им испратиш. Конкуренцијата е доста голема, има фотографи кои работат за сајтот и се навистина професионални.
    Во секој случај, пробај си ја среќата. Ништо не губиш :)
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Let me google that for you.

    http://lmgtfy.com/?q=where+can+i+sell+m ... nternet%3F

    Имаш цел куп страници за ваква продажба, ама знам дека треба многу да работиш, многу да сликаш, многу добро да сликаш, за да има шанси за некое доларче.