Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Пред англискиот, ќе го споменам италијанскиот кој ми е воедно и најомилен јазик. Го учам 3 години, а летово бев и 1 месец во Италија на летна школа, така да можам да кажам дека го знам на доста завидно ниво. Кај и да е ќе почнам да ја читам книгата што си ја купив од таму, со надеж дека ќе ја разберам :D

    Англискиот го учам веќе 10 години, па зимава ќе идам во Австралија и него да го усовршам.

    Шпанскиот го разбирам, ама кога треба да вратам не ми текнуваат зборовите. Планирам да се запишам на курс откако ќе завршам со италијанскиов. Имаат многу слични зборови и граматика со италијанскиов , па очекувам лесно да ми иде :)

    Германскиот го учам во школо и НЕ ГО МОЖАМ. Многу ми е грд и груб, а башка и професорката не ми е погодена, уште толку придонесува да го мразам.

    Францускиот ми е секси, ама се шират гласини дека бил многу тежок, така да тешко дека ќе се решам да си фатам работа со него :D

    Нешто плус за јазициве :) http://kajgana.com/zivot/koj-e-najseksi-jazik-na-svetot
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Англиски - течно зборам, читам книги, гледам филмови, граматиката подзаборавена ми е посебно времињата
    Француски- немам долго време зборувано, ке ми треба малку да се потсетам и да почнам да брблам.
    Шпански- зборувам добро научив од филмови, а со пријателичиња на нет го усовршив и пишувањето, и затоа го сакам денар не дадов за него а го знам
    Германски- скоро почнав да учам интересен ми ама тешко ми оди мора да го научам перфект
    Италијански- знам основни работи брат ми знае па од него научив доста
    Латински- иако е ’’изумрен јазик’’ го обожавам, изучувајки го него ја научив граматиката, што е падеж, подмет, предмет.
    Српскохрватски и бугарски знам од моите баби едната Хрватка другата Бугарка.
    Јазици на кои знам ептен основи работи колку да побарам вода без да јадам котек се грчки, албански, турски и руски.
     
  3. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да учам јазици..најдобро ги владеам англиски и германски,шпански од серии,албански учам
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Јас сум голем фанатик по јазиците и нивното изучување го зборам англискиот и италијанскиот и двата ги љубам беспрекорно а сега моментално учам и турски јазик што ми е навистина многу милозвучен .. пред некоја година почнав и со кинески ама професорот беше несериозен и се откажав :( а сега највеќе што ме влече е арапскиот да најдам некаде да го учам :)
    Ова е еден од моите квалиетети кај мене што многу си ги ценам и сакам :inlove:
     
  5. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Шпански,англиски,француски сега учам италијански и латински.. :D
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Можам да се пофалам дека Англискиот го зборувам перфектно и ми оставил впачаток уште како мала кога имав 6 години и си гледав цртани филмови. Шпански разбирам и можам да се снајдам, а мислам дека нема Македонец што не знае Српски, Хрватки и комбинирано :^)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Абе, ај сакав да си ќутам, да не се мешам, ама ме тегнете за јазикот, па не можам да додржам. :D

    Значи, перфектно, совршено и други епитети употребени за знаењето на еден јазик, можете да ги кажете само за мајчиниот. НИЕДЕН човек, колку и да учи еден јазик, нема да го научи целосно како што го знае мајчиниот. Секогаш ќе има нешто што не го знае, идиом, збор, фраза... Не е доволно да се учи јазикот, за да се знае на завидно ниво, потребно е да се учи и целата култура, цивилизација. Јазикот е многу повеќе од граматика и вокабулар.

    Кажано како прав филолог. :rofl:

    Еден мој вујко, кој долги години живее во странство, самиот кажува дека уште има нејасни зборови. Вели, дека еден јазик ќе го научиш приближно добро како мајчиниот, кога ќе можеш да решиш крстозборка на тој јазик. Тоа му било нареден предизвик. :D Да бидеме реални, колку од нас овде ќе решат крстозборка на англиски ?? :!:

    Друго што сакав да кажам, е дека за да тврдиш дека знаеш еден јазик, треба да си способен да читаш книги на тој јазик, да го зборуваш течно и без проблеми, минутни сецнувања и долги паузи, да читаш весници, реклами, огласи... Слушањето е многу битно, подготвеноста да го користиш во секој момент, во секое време и на секое место.

    Да се изјаснам, го знам англискиот на профишенси ниво. Сега на факултет ќе сме почнеле од адвенсд, што е океј, многу постручно ќе навлезам во него. :D Читам се што си наведов горе, најголем предизвик ми се идиомите, но како што кажав, тие се учат заедно со цивилизацијата на народот, говорник на тој јазик. Плус се интересни, никогаш доволно од нив. :lol:

    А српски, хрватски, бугарски, разбирам, да, но јас не ги знам тие јазици. Ние, Македонците, правиме многу големи грешки кога ги зборуваме, имаат падежи, времиња и слични ми ти глупости. А сме уверени дека ги знаеме. Ако зборував англиски како што зборувам српски, куку мајко. Правете разлика меѓу знаење и разбирање. ;)

    Чисто информативно, колку да не се фураат луѓево на фејсбук, дека знаат англиски, германски, шпански, српски, италијански и хрватски. |( Според мене, јас течно зборувам македонски и англиски. Се друго е гола вода.

    п.с. Втор јазик ми е германски на факултет, така да, сум со надеж дека ќе го гугукам до наредното лето. :)
     
    На pdb123, Neytiri, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Дузи, јас би те поправила, дури и мајчиниот јазик па не го познаваме толку совршено и правиме грешки секојдневно. :)

    Е сеа, јас.. Англиски знам доста солидно би рекла.
    Никогаш не сум одела на курс, научив од гледање цртани,филмови и како помала имав многу игри на пц за учење англиски. А во школо, книга не сум отворила никогаш да учам, а не сум имала подолу од 5ка.
    Освен англискиот, таман се решив да одам на курс француски, ама почнав на факултет и немам време и за тоа и за тоа..
    Планот ми е ЗДРАВЈЕ Боже или идното лето или кога ќе завршам факултет, пак нели Здравје да почнам да го учам..
    Благо речено заљубена сум во францускиот јазик, обожавам да слушам кога некој зборува..
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Англискиот, секако. Без него ништо. За секоја работа ти е потребно да знаеш да работиш на компјутери, и секако да зборуваш англиски. Англискиот е фактички универзален јазик, без него не можеш да се разбереш по светов. Потоа, ја панимају па руски. Учам на училиште и руски јазик, не дека ми треба за ништо, изборен ми беше, секако мора да го учам. Но што му знам, можеби и ќе ми затреба некогаш :)

    И секако, од нашите ни мили северни соседи, и нивните северни соседи :D да не речам српско- хрватско-црногорски- босански јазик :)
     
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што кажа. Потпишувам со две раце дека е така, браво девојче. Се гледа дека од тебе ќе биде добар филолог, без разлика за кој јазик. Само продолжи си вака, секоја чест :bow: Само би сакала да се надополнам за некои работи, вака како поскусен (читај: постар) филолог.
    За среќа, јас сум од оние постари генерации, од времето на Титовите пионери, кога се можно околу нас беше на српски, учевме српски во основно училиште цели две години, па можам да кажам дека многу добро го знам јазикот. Имавме многу, ама многу строга наставничка по српски во основно, падежите и денес во сон да ме станеш без грешка ги знам. Освен тоа, дедо ми беше воено лице, живеам во зграда во која имаше само неколку македонски фамилии (ние бевме една од ретките), се друго беа Срби и Хрвати. Така да, скоро цело време додека бев мала многу нормална и вообичаена околност ми беше конверзација на српски. Денес кога зборувам српски, (поточно кога сакам да зборувам српски), ретко кој ме познава дека не сум од таму. Ама не го сакам јазикот, па избегнувам да го зборувам дури и кога сум таму. Инаку, многу лесно било кој од нас Македонците би научил српски, блиски се јазиците, лесно би се научил јазикот, дури и падежите.
    А за тоа дека други се фураат дека совршено знаат јазици.....уф, од секогаш ме нервирало. Треба премногу да навлезеш во традицијата, културата и обичаите на народот за да го научиш навистина. Не е само до граматиката и речникот работата, треба мнооооогу повеќе од тоа. Без разлика што од мои 6 години нон стоп (до пред некоја година) учам англиски, никогаш не сум кажала (и нема да кажам) дека совршено знам англиски. Ќе си го дозволам тој луксуз кога ќе можам да го читам James Joyce во оригинал без употреба на речник или друго помагало. Или пак за германскиот (го учам од мои 11 години и е.....моја многу голема љубов)-ќе кажам дека го знам совршено тогаш кога ќе можам да го читам Faust на Гете на истиот начин. А се до тогаш ќе си кажувам дека добро зборувам англиски и германски.
    А други јазици што ги знам......па учев француски во средно. И почнав многу ентузијастички и со многу волја, мислејќи дека јазикот многу ми се допаѓа. Тоа мислење ми беше засновано само врз основа на тоа што го слушав по телевизии од француски филмови. Лелееее, кога почнав да го учам..........сфатив дека никогаш нема да можам да го научам, зашто воопшто не ми се допаѓа јазикот. Едноставно не е за мене таков тип на изговор, секоја можна консонанта им се изговара или во грло или во нос, осеќав како да имам заглавен компир во грло. И после спласнувањето на почетниот ентузијазам, продолжив да го учам, зашто морав, нели. Но немав никаква волја, па не се ни трудев нешто посебно околу јазикот. Денес можам да се снајдам со некои основни работи, на пример прашување каде е нешто, правец, цени во продавница и такви работи.....Ептен основни работи. И никогаш повеќе нема да седнам да го учам. Нема сила што ќе ме натера на тоа.
    За грчкиот......го учев 4 години на курс. Со тоа што, за да може да се научи грчки, едноставно мора да се биде таму. Јазикот е неверојатно специфичен, ај граматиката без разлика што е тешка ќе се научи, ама зборувањето.......Вака на слушање додека не седнете да го учите изгледа многу течно и лесно. А всушност.......ѓаволски е тешка конверзацијата на грчки. Зашто прво и основно, имаат сосема поинаков концепт на изразување, но сега не би навлегувала во детали. А инаку е многу интересен за учење. Денес можам добро да се снајдам на грчки, но ми недостасува секојдневна конверзација на грчки. Сепак, останувам на (скоро) основни познавања со грчкиот.
    И тие ми се јазиците, сега за сега.... Во план ми се и уште два други јазици за учење, ама здравје понатаму. Сега сакам малку повеќе на германскиот да се посветам. Зашто ништо и никогаш не е доволно добро кога се работи за овој јазик и за мене. :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Па совршено не познавам ниту еден странски јазик. Можам да дискутирам на српски без некој проблем но сепак има зборови и фрази кои не ги знам и ми треба превод. Англиски исто така знам да се снајдам, а германски учам од 6то одделение но освен конверзација на основно ниво за жал не можам да се пофалам дека го знам добро. Но можеби наредното лето ќе отидам 2 месеци во Германија кај баба ми малку повеќе да го совладам, бидејки ми е еден од омилените јазици (и јазикот и земјата - имам доста роднини таму).

    А во план ми е да почнам да учам и Шпански.
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Од странските јазици, можам да се пофалам дека одлично го познавам англискиот јазик. Уште од второ одделение моите ме запишаа на курс по англиски кој го посетував до крај,до осмиот степен, го учев и на училиште, па после на факултет,а и тетка ми е професор по англиски јазик, па најверојатно љубовта кон изучување на овој јазик ми е пренесена од неа.
    Српскиот го знам перфектно,а пола од фамилијата на моите живеат во Србија, па таква среќа имав и кога се омажив, свекорот и мојот сопруг се Срби.
    Албанскиот почнав да го учам, додека работев во албанско училиште, но не можам да се пофалам дека го владеам добро.Ми беше потребен за работа, но откако се префрлив на друго работно место, не ми беше потребен и престанав да го учам.Е сега ме дрма некоја италијанска грозница.Ептен ми се допаѓа јазикот, па најверојатно ќе се запишам на некој интензивен курс за возрасни :lol:
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Од странските јазици англискиот го знам доста добро и секојдневно го користам (со либето :) ) Германски иако го учев 4 години во средно и 1 на факултет,жив срам сум појма немам :$ За соседниве (српски,бугарски) разбирам ама не зборувам,мене ми е глупо да се трудам да ги погодам зборовите и да лупнам некоја глупост поарно македонски ќе си зборувам :) Сега ми е во план Руски да го учам.
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Од странските јазици горе-доле го владеам англискиот, на курс одев 7 години ма да тоа не е предуслов верувајте за да знаете некој јазик. Имам другарка која што цел живот идеше на курс, па од 2ка не мрднуваше во средно. Нејсе, одлично го владеев англискиот за време на курсот, се сеќавам во 4то одделение зборував со снаа ми од Тајван на англиски, се вчудоневиде девојкава колку добро зборам. Но со тек на време, како се повеќе навлагав во пубертетот го забаталив курсот, и ужасно се каам поради тоа.
    Шпанскиот јазик знам да го говорам речиси перфектно, но граматиката баш и не.
    Германскиот јазик го учев 4 години, но знам само основни работи, многу ми беше одвратен јазикот и сосила го учев, така да немам добри спомени од него.
    Српскиот, бугарскиот, влашкиот го знам онака. Знам да говорам српски добро. Бугарски разбирам, и знам да кажам некоја реченица. Влашкиот си останав во почетна фаза.

    Желба ми е да го научам асално шпанскиот, албанскиот, и францускиот.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    англиски така го знам, да го зборам течно, ама граматика :shake: немав англиски ни во основно ни во средно, сега тек на факултет имам, со оглед на тоа што и 2та ги положив го знам да речеме :rofl:
    шпански од серииве, колку што знаете вие толку знам и јас :rofl: од тие серии доста научивме :)
    албански знам некој збор, бугарски разбирам се, поради планета тв, ептен ја вртев и го научив јазикот, српски хрватски разбитам ама тешко ми е да зборам, со бугарскиов полесно ми иде зборењето..
    француски учев 8 години, само 2 збора знам, ич не го сакам тој јазик, и немав мерак да го научам
    грчки знам доволно, ама не многу :) а би сакала да научам перфектно арапски, еврејски,и грчки
     
  16. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    Шпански зборувам многу добро..али малку послаба страна ми е граматиката :D англискиот исто..го владеам..германски сум ДРВО..иако учам веке 8 години :D и сеа почнав да учам латински..иако не се употребува у секојдневен говор..многу сум си среќна шо ке знам барем нешто..иии планирам италијански да почнам..:)
     
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.628
    Пол:
    Женски
    Го сакам англискиот јазик и можам да се пофалам дека многу добро го познавам...Исто го знам и шпанскиот јазик и можам да се снајдам... :) Имам ама ептен слабо познавање на германскиот иако го учев три години ама ете некако многу специфичен ми делува... :( Би сакала и италијански или француски да научам, сметам дека би било убаво да си знам повеќе јазици.... :) Еден мој професор по мкд секогаш велеше дека колку повеќе јазици знаеш толку повеќе вредиш па сега.. :)
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Брзо учам јазици и баш ми беа омилени предмети на училиште.
    Англискиот го зборувам одлично, планирам да одам и на курс за деловен англиски. Учев и италијански, и жал ми е што немам каде да го зборувам зошто кај и да е ќе го подзаборавам. Шпански знам перфект од сериите :lol: а знам по нешто и да пишам. И уште секако српскиот и по малку бугарски...од соседиве :)
    Ќеф ми е француски да научам, ама многу комплициран ми се гледа :D
     
  19. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Англиски знам супер за моите 13 години (одам на курс со тие од 1ва & 2ра година јас сум 8мо) , шпански знам од сериите и + на интернет кога барам некои информации и новости за глумците од серијата Ангели си вежбам, знам да напишам нешто, германски учам во школо, доволно добро знам, холандски ептеееен малце некои зборчиња и реченици зошто често одам во Холандија кај тетка ми, србски & бугарски од соседиве. Тоа :)
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па од странскиве јазици ги знам англискиот,рускиот,шпанскиот од серииве...ама ниеден од овие што ги набројав не го владеам совршено...инаку и јас многу сакам да научам француски :)