Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Англиски го владеам доста добро... а со работата, почнав и мојот стручен англиски да го усовршувам...
    Шпански, наравно од серии - ама разговорниот нели... и секако можам да објаснам зошто мајка ми уствари ми е татко... :rofl:
    Одев на курс Турски, знам онака... ама тежок е мајку му...
    Португалски разбирам, планирам да го запишам за да го усовршам...
    Француски секако ми е еден од оние јазици што морам да го научам... Учев во средно, ама ... хмм.. едно големо ама...

    Во главно, имам уво за јазици... и многу сакам да учам... ама никако да се наканам да запишам некој курс....
     
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Опесија ми се јазициве.Иначе Англиски го учам од 7 години,Шпански научив од шпанските серии,учев Француски колку-толку научив,и сеа почнав да учам Германски :D А за тие србски,хрватски да не праиме муабет :D
     
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Знам Англиски (од школо и курс во основно)Германски исто од школо и тоа била причината зашто ги знам и сум ги учела. И како повеќето Шпански од сериите само што незнам да пишувам знам да разговарам :!: . И Српски и Хрватски. Малку ама ете сум немала можност да ги учам другите сеуште, иако знам дека е премногу корисно, било кој јазик да го знаеш! :)
     
  4. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Зборам Англсики, Германски, Руски, Српски- перфектно, и маку Шведски (во процес на учење сум). Англиски зборам од 3 години (тато ме учеше...австралјанец е), Германски почнав да учам од четврто (самоиницијативно) а после во шесто ми стана задолжителен предмет, Руски од на курс (морам заради факултетот кај шо сакам да одам) и Српски од по телевизи. Омилен странски јазик хмм.. Англиски и Германски (макар шо последно време германскио го замразив, заради професорката...). Странски јазик кој јас лично го сметам за најтежок за изучување е Францускиот. А јазик кој ми е најомразен, не е ден два се...и то Италјански и Шпански.
     
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Обожавам да учам странски јазици, англискиот го владеам најдобро, знам германски, не до толку добро, ама се снаоѓам, знам нешто шпански, добро знам бугарски и српски, а сега почнав со изучување на рускиот јазик.Сакам да научам италјански и француски,но се во свое време.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Знам Српски - перфектно исто и англиски, Букарски не целосно но доволно за комуникација,Шпански и Италиански од серииве што знам нешто малце (и имам желба да ги научам)ама од пусти обврски не се може.А француски учев 6 години ама џабе кога јазикот како у гипс да ми е. :lol:
     
  7. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Добро ги знам шпанскиот и англискиот, учам и германски!
    Добро, и српски и хрватски тоа се разбира.
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ве читам и интересни сте ми- се подразбирало српски и хрватски :^) , а сигурна сум дека пола од вас ќе кажат новац је на масу, а не на столу, а да не зборуваме за други непознати зборови и падежи (ова за српскиот, хрватскиот не сакам ни да го спомнам- тие самите не знаат колку нови зборови измислија за да се дистанцираат од србите, па и сами не си ги знаат, ама пази :!: ние им ги знаеме)
    Да :lol: .

    Многу ми е интересно така кога гледам некој на фб ги навел сите јазици од соседството како јазици што ги познава, а сигурна сум дека не ги знае ни 20% проценти, посебно не бугарскиот :)

    А имав прилика и да разгледувам сивија, абе луѓе што знаеш дека знаат само презент симпл од англиски, напишале дека зборуваат перфектно |( .
    Ме нервира тоа немање самосвест дека не е така.

    Колку пати ја карам мајка ми кога ќе им каже на некои пријатели дека знам перфект Англиски :swear: - а перфект си знаат само родените Англичани, другите барем понекогаш ќе се најдеме во некаква дилема.


    Е сега да не сум офтопик- Англиски учам одамна, и мислам дека го знам доволно, за бугарски ме пофалиле бугари дека не грешам, српски зборувам, ама една србинка ми рече дека мешам српски со хрватски (изгледа бидејќи книгите што ги читам се на српско-хрватски :D ) и од скоро почнав да учам италијански кој е мој омилен јазик.
    Шпански разбирам делумно, мислам дека знам да вратам (кога сум сама и имам време да размислам што би кажала), ама кога се соочив со личност од Шпанија пред мене, не ми идеа мислите, па морав да зборам англиски :worried:

    Това би било се` :)
     
    На pdb123, Hipster, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас колку да се надоврзам, работам преводи од хрватски и многу ми е смешно кога некој ќе каже „па хрватски е исто со српски, само некои зборови“ :rofl: . И еднаш му прочитав на еден таков гение што преведувам и викам „ај кажи што разбра“ и ме гледа бледо... Од хрватски преведувам со години и се уште го учам јазикот, посебно кога се преводи од нивните дијалекти. А новиот хрватски и Хрватите уште го учат, само кај нас луѓе се фалат дека се подразбира дека го знаат |( .
     
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со Сесилија. Никогаш за ништо неможеш да кажеш дека знаеш се, а камоли за јазик. Самокритичност, нормално, и постојана мотивираност за усовршување и зголемување на знаењето.

    Навистина е тешко да кажеш дека знаеш перфектно странски јазик освен ако не се престојувал подолго во конкретната земја, или јазикот не тие дел од секојдневниот живот или професија. Не е доволно само пасивно слушање, или читање. Само со конверзација можеш да увидиш колку знаеш.
    И покрај моето солидно познавање на англискиот, сега скоро имав проблем во разговор со една белгијка додка разговаравме на англиски. Англиски со француски акцент, се изнамачив да ја разберем и да останам фокусирана на секој збор.

    Не ми е намерата да солам памет, но самокритичноста е неопходна за човек да оди напред и да се надоградува, конкретно во однос на јазиците.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    :D :D епа смешно ми е ,,колку од нив познавате и зошто,, . Не прашувај зошто ;)
    За да не останам гладна и жедна во некоја земја ако паднам како странец од небото :) . Го владам англискиот (глупа фраза - владам), си знам колку за себе а осталите ги разбирам ама незнам да повратам :D :D :D
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Отсекогаш ми биле предизвик странските јазици и сум настојувала да ги научам.Англиски и шпански зборувам перфект а имам голема желба да научам и италијански.
    Шпански научив нормално од сериите и многу го сакам тој јазик,штета што не можев на шпански на факс да се запишам :( .А англискиот повеќе од изучување во училиште го знам но исто и од филмовите научив многу зборови.
    Оние јазици кои се слични со нашиот,србски,хрватски,бугарски па можам да кажам дека ги владеам добро но не ги ни рачунам за странски јазици поради тоа што се слични со македонскиот.
     
  13. The.Girl.Next.Door

    The.Girl.Next.Door Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    18
    Па може да се каже дека знам по малку од италијанскиот..и германскиот..и знам околу 80 посто од шпанскиот..знам да разберам кога ми зборам шпански а знам и да вратам по нешто! знам и да пишувам и да читам! ама ми треба уште усовршување!!Германски знам од школо..ТОј јазик никако не ми одеше! ама успеав да научам барем некој збор ;) ..а италијанскиот..од песни..паа сеа почнав да глеам еден италијански филм..и си купив речник на италијански.. паа ќе научам :D .а англискиот солидно го знам! :D :D
     
  14. MySkin

    MySkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека колку и да научам јазици никогаш нема да ми бидат доста..Знам англиски и француски перфектно,зборувам и шпански,италијански и латински,а почнав да учам португалски и шведски..Сеа за сеа добро ми иде,aма шведскиот е многу тежок,не знам шо ќе напраам :/
     
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Странските јазици ќе ми бидат професија. Англиски учам од своја седма година, германски веќе 5 години, а италијански 3. Едно време почнав да учам и француски онлајн, но тоа неславно заврши :D. Зошто учам јазици? Затоа што колку јазици познаваш, толку луѓе вредиш...или не :D. Прашањето подобро да гласи ’зошто да не’, затоа што во ова време на глобализација, познавањето странски јазици (првенствено англиски) е нешто неопходно. А и забавно :)
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maacy

    Maacy Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Знам македонски, англиски, бугарски, српски, хрватски, босански, грчки, турски, шпански, италијански, холандски, германски, индиски и португалски.
     
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Oгромен љубител сум на јазиците. Ги учам затоа што едноставно имам ОГРОМНА ЖЕЛБА. Знам англиски јазик, сакам германски, но со такво предавање од страна на било кој наставник не само јас туку никој не би научил. Сакам да научам турски, шпански и италијански. Но има време да изучувам. Најтежок за изучување го сметам Францускиот бидејќи има чуден акцент. Доколку треба да избирам најомилен јазик меѓу странските би го избрала англискиот затоа што е најкорисен, а и ми е лесен :)
     
  18. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Па вака.... Знам англиски(нормално), германски, српски, хрватски и блгарски :)
     
  19. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Освен Македонски и Англиски (српски, хрватски, тоа не рачунам) знам еден јазик кој тешко кој го знае кај нас и многу ретко се учи. Не кажувам кој е за да не ме открие некој. :P
    Искрено бев присилена да почнам да го учам, ама продолжив од љубов и уште сум во фаза на учење бидејќи е поприлично тежок. Песни и филмови на тој јазик разбирам во потполност.
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Освен македонскиот ги знам и англискиот, српскиот , германскиот - така тешко ми оди ама се на се го знам :) , шпанскиот го научив од шпанските филмови . Толку познавам а иначе ми се потребни во работата затоа морам да ги знам . :wasntme: