1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Покрај англискиот како мој втор мајчин, го знам шпанскиот и колку толку францускиот.
    И би сакала да го знам рускиот и можеби италијанскиот :emo:

    Сакам да учам јазици, и би учела и некоја ,,поегзотичен,, јазик доколку имам можност :wasntme:
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Го познавам Англискиот,Германскиот и Шпанскиот.Англискиот и Грманскиот ги учам во школо зошто морам а Шпанскиот го знам од филмови.Најомилен ми е Англискиот и Шпанскиот.Мислам дека не е губење на време зошто навистина ќе ни бидат потребни за во иднина.Според мене најтежок за изучување е Францускиот,Кинескиот,Арабискиот,Шведскиот,Унгарскиот.Најомразен ми е Германски.
     
  3. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што рускиот ми е мајчин јазик совршено добро го познавам англискиот јазик (и мак,па нормално тука живеам). Жал ми е што германскиот го знам делумно :( што би се рекло колку да се разберам. ‘‘најомразен‘‘ па и немам единствено лошо ми звучи унгарскиот :worried: ПОЗДРАВЧЕ.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакав уште летоска да се запишам 2 степен Албански, но ете не испадна како што си замислив, ама здравје од Февруари(ако се основа група) ќе продолжам :)
     
  5. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Англиски го завршив цел,со испити,еф-си и такви ствари :D
    Германски почнав ради школо,ама продужив зошто ми стана интересен и еве ме сега го привршувам.
    Шпански почнав од сериите како сите,а продолжив да го учам на курс и напредувам сега За сега :D
     
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    10.818

    Секојдневно ги користам англиски и германски , а кога правам мубает со македонци нормално македонски.

    Порај овие јазици делумно ги знам норвешки и арапски.

    Од сите јазици во светот најмногу го мразам францускиот и не сакам ниту да го слушам, а не пак да го зборувам :devil:
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Мојата по силна страна. Понекогаш мислам дека само во тоа сум добра. :?: Англискиот ми е како втор мајчин јазик. Уште од мала ми е во крвта. А знам и шпански нешто, поради оние сериите што ги гледав порано не од друго.
    Би сакала да учам италијански јазик, но никако да почнам.
    А француски мразам. Поглуп јазик од францускиот нема. ]:)
     
  8. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Ги сакам јазиците и знам Англиски и колку толку Француски и Шпански.Мислам дека ова е многу малку и сакам да учам и Италијански и Германски.Денес без јазик не си ништо.Англискиот е неопходен во било која сфера од животот, а да колку повеќе знаеш толку повеќе ќе добиеш!
     
  9. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    зборувам англиски,германски,шпански,француски и руски :)
     
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    За две, најмногу три години ќе си земам диплома за англиски. И после тоа планирам да се запишам на француски. Јак ми е, не знам зошто. Ептен секси ми звучи. :P :D
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Тапа сум за јазици, тапа. Не дека не сакам да ги научам или не сум пробала ама ете ука не фаќам. Пробав италијански и руски од ЦД-иња слушај и повтори ама кога почнат со граматика објаснување се изгубам и толку ми е интересно. Англиски знам оти така западнав во земјава англиска и го научив од немај каде. Македонски си знам, ама знам да си го вмешам и дијалектот понекогаш, а се случува многу пати да користам и макенглиш :lol:
    Сепак се трудам да научам најосновни фрази како добар ден, фала, мило ми е, и такви формалности на секој јазик во зависно од тоа кај ќе одам, оти се почитува тој ефорт(макенглиш?) од локалното население.
     
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Одсекогаш сум ги сакала јазиците :) Сметам дека човекот колку повеќе јазици знае толку е побогат.Сега за сега добро ги владеам англискиот и германскиот,а од шпанскиот имам делумни познавања.Многу ми се допаѓаат рускиот и италијанскиот па би сакала барем нешто да поднаучам и од нив :)
     
  13. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    странски јазици ... уфф :D
    течно зборам англиски , и францускиот не ми е толку лош , а знам и да зборнам по малку шпански колку да не е без ич :D
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Покрај шпанскиот, кој верувам дека сите го научивме од серииве, зборувам англиски и германски.
    Англискиот ми е на добро ниво, без проблем го користам постојано, не само кога сум во странство.
    Германски учев цели 8 години, ама толку ми е одбивен, што не сакам ни да го употребувам.
    Ми пара уши кога ќе го чујам, а не па да го зборам.
    Имам желба да го научам италијанскиот и евентуално албанскиот. Лесно ги совладувам јазиците, немам проблем со изговор, ама имам проблем со наоѓање време за да учам :?:
     
  15. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Англиски разбирам се и зборувам течно. Добро ми оди! Исто така, во школо учам германски па така, знам и германски, ама ништо посебно. А, и да не го заборавам шпанскиот кој го научив од серииве, а после малку по малку си го усовршував со тоа што барав некои новости, информации во врска со глумците и сериите. Периодов, незнам што ми стана ама добив желба да научам турски. Многу ми е интересен јазикот! И француски исто. Ама добро, имам време, во иднина ќе учам, прво да ги усовршам овие. Тек имам 14 години. И + кога еден си научил веќе, понатаму е полесно да учиш. Жив доказ за тоа е тетин ми, кој зборува 10 јазици, дури и македонскиот го научи, а од Финска е.
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Шпански - делумно од сериите (перо есто "делумно" ес каси перфекто 8) ) . :tmi: :wasntme:
    Англиски - што цел живот од школо, што од курсеви. Од сите овој го владеам најдобро. :up:
    Француски, исто од основно и средно. Колку за основна конверзација.
    Италијански - полесен јазик за изучување од италијанскиот нема. Не ми толку усовршен ама ми е еден од поомилените. (ио ло адоро :) )
    Руски, па да речеме колку за солидна комуникација (благодарја мој татичка :wasntme: ) и помало познавање на Влашкиот благодарение на дедо.
    Од нашиве соседни:
    Грчкиот - доволно добро.
    Српскиот - скоро одлично.
    Бугарскиот - така по-малко :)
    Албанскиот - е тоа баш и не е кој знае какво знаење ама колку е толку е ( mir mirrr :smoke: )
    Следен предизвик - германскиот. Не знам зошто при избор во школо никогаш не сум го избрала ама ако се најде време ќе го усовршам тоа малку што го знам.
    Узучувањето странски јазици никогаш не ми бил проблем, напротив да сум меѓу Кинези - за една недела сигурно ќе го совладам :swear: :D
     
  17. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    5.598
    Пол:
    Женски
    И јас како и Виторија можам да се пофалам дека јазиците никогаш не ми биле проблем. Од сите предмети на училиште јазиците најдобро ми оделе...
    Англиски- I can say that I speak English very well
    Шпански- одлично
    Француски - солидно
    Италјански - не е без ич :D
    Турски/Индиски - Научив по некој збор од серииве
    +нешто од соседиве Блгарски/Српски
     
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Англиски- затоа што го учам од 3то одделение и ми е многу убав :)
    Германски- затоа што една година живеев во германски кантон, во градчето Давос
    Италијански- епа... пола живот си го поминав во љубеното ми Тичино, италијанскиот дел во Швајцарија :)
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Англиски- :D
    Францускиии :inlove:
    Шпански :lol:
    Следна страст ми е Италијанскиот-Ај ај набрзо ќе го започнам и ќе го научам.Сум слушнала дека е многу лесен.Ми звучи перфектно.
    А за Србски и Бугарски да не зборуваме нели!???? :rock:
     
  20. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Епаа вака. :lol: Го знам шпанскиот од сериите што ги гледам од мала. Мислам гледаВ бидејќи сега на ниту една програма нема некој нормален шпански филм. Потоаа... го знам англискиот исто така од цртаните :lol: и од училиште се разбира. Па францускиот што го знам од училиште и што многу ми оди па сега се спремам за натпревар. 8) :wasntme: и на крај, РУСКИОТ кој ми е еден од омилените и го знам од филмови и од курс што одам. Го обожавам. :inlove: :inlove: :inlove: