1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Англискиот, од сите ми е на најдобро ниво и постојано го користам.
    Германскиот од школо колку што сум научила. Не ми е перфектен, само колку што ни бараат за на тестови знам, така што да почне да ми зборува германец, нема шанси да го разберам нешто.
    Не ми е по волја за да го учам и одбивен ми е. :?:
    Освен од овие два, шпански знам чат - пат нешто така. Од серииве колку што сум научила, толку.
    Покрај овие, засега друг не знам. Сепак имам желба да знам повеќе јазици.
    Би сакала да го научам турскиот. Зошто ни ги синхронизираат серииве бе, барем малце ќе го научевме од нив. :swear:
    Исто интересен ми е францускиот, ептен ми е женствен некако. :wasntme:

    Српски не спомнав, затоа што тој веќе сите го знаеме.
     
  2. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    59
    Епа вака јас знам Англиски,Француски и малце Турски.Германски во 2 требаше да учам.Ич несакав да учам и сама се отпишав и и реков дека татко ми ми дозволи а он ништо не знаеше :tmi: .Убаво е да се знаат многу јазици и ќе можеш да се запишеш у секакви школа и ќе имаш убава работа со плата.Англискиот се збори наскаде во светот ;)!
     
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    Отсекогаш сум сакала да учам јазици и желбата ми се исполни сега студирам јазици, покрај - српскиот, знам италијански, т.е. предавањата ми се на италијански и многу го засакав, англиски знам доволно добро, одев на курс 4 години...догодина на факс во 3та година треба да бирам уште еден јазик и веќе пишав германски...почнав на курс по турски и од септември ќе почнам да учам арапски, тоа ми е огромна желба, покрај сите други и тој да го научам :D
     
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Англиски ми е како втор мајчин јазик, го учам од трето одделение. Пред три години почнав да го учам и албанскиот, но потежок е. Секој јазик си има своја тежина.
    Во оваа држава мислам дека е неопходно да се знае албанскиот. Скоро секаде на работно место бараат познавање од албански јазик.
     
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Знам
    Шпански-коа бев помала учев преку сериите ..
    Француски -учев од шестто одд.
    Англиски-учев од четвртто одд.
    Српски-шо.....сличен е со нашиот.
    Руски-учев две години. 8)
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    англиски-учам од прво оделение
    германски -учам од 6 оделение
    италијански-одам на курс 6 години
    француски-одам на курс 4 години :)
     
  7. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Англискиот ми е супер, баш денес си бев на натпревар :D Се научив и шпански од сериите што ги гледав како мала, можам течно да зборувам, ама пишувањето не ми е баш добро :) У школо учиме француски, знам да кажам по нешто :) Од септември најверојатно и турски ќе почнам, ако се иде како што треба :)
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Знам англиски и германски-поради школото.
    Грчки-зошто таму имам роднини и зошто го обожавам јазикот.
    Шпански-од филмовите.
    Романски по нешто-поради татко ми.
    Бугарски,српски тие од чиста логика и поради музиката...
    други не ми текнува во моментов...
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Англиски учам од четврто и одлично го владеам. Француски учев две години нашколо, после тоа сама си го доучив. Интересни ми се, сакам да научам уште некој, ама само не германски, и руски, страва ми се бре. :rofl: :rofl:
     
  10. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    Англискиот(британски) ме е како мајчин јазик а сакам да научам и француски турски и бугарски И ке научам :inlove: Многу сакам да учам јазици и да ги знам :)
     
  11. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Покрај балканскиве јазици, и покрај Англискиот,
    -Германски, основен, колку за ќотек (колку за ќотек вика мајка ми), ама можам да го вратам во форма било кое време. :)
    -Турски, затоа што одев 15 год.таму на одмор секое лето, па можам да кажам дека го разбирам, знам и да вратам/одговорам, да склопувам реченици. :)
    -Шпански, секако заради сериите. :)

    А што се однесува до јазици што сакам да ги научам,
    -Руски некако многу ме влече, не знам зошто, моќен ми е :lol: :lol:
    -Италијански, чисто онака, иако голем дел го разбирам, лесно ми делува на слух :)
     
  12. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    ~ англиски зборувам скоро како македонски, учам веќе 9 години а и моментално сум во средно школо каде учиме на англиски :)
    ~ турски учам на училиште
    ~ српски исто знам како македонски, често сум таму кај тетка ми
    ~ шпански од сериите
    ~ руски
    ~ бугарски затоа што ми е сличен на рускиот и македонскиот па лесен ми е


    имам гооолема желба да научам јапонски :lol:
     
  13. DarDevil

    DarDevil Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Англискиот секако перфект, Францускиот така така зашто го учам на школо, Латински знам малку тоа училишно ниво што е, Шпански перфект, Албански перфект и Турски така така...Што повеќе јазици знаеш тоа си по богат, Албанскиот ми е некако најинтересен и затоа го научив, мада се разликува многу например Албански во Тетово и Куманово не е ист, а да не збориме за оној во Албанија што е, како нашиве дијалекти така и тие си имаат нивни :D
     
  14. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Зборувам англиски, германски, италијански, турски- овие течно ги зборам а,
    јапонски и латински сеуште учам хехе :D
     
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Aнглиски, Германски... и шпански али малце :D Инаку затоа што ми е најпрво интересно да ги знам, ко второ потребни се многу, во денешно време без јазици си никој и ништо !!! :)
     
  16. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Англиски малце, руски, српски, хрватски така нешто.. затоа што знам дека без јазик во денешно време си никој и ништо. :rofl: Иначе сакам да научам јапонски и кинески, онака чисто да видам како е, хаха! :rofl:
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    освен балканските јазици зборувам англиски перфект , знам француски и руски ( учев по 4 години) турски само основно знам да ги разберам ама не знам многу многу да враќам :) шпански исто
     
  18. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Англиски и Германски ги учам и се снаоѓам мн. добро а шпански од Ангели по некој збор знам .... :!: И да знам на турски да бројам 8)
     
  19. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Англиски и шпански имам завршено курс,српскиот истотака перфектно го знам а би сакала да научам германски бидејќи ја сакам Виена и се гледам за едно 7 години таму :)
     
  20. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Англиски јазик изучувам од трето одделение. Сега веќе не одам на спремање, но до пред некоја година одев на курс. И мајка ми ми помогна да го научам јазиков, ми помогнаа и некои серии и филмовите. Сега веќе течно говорам :)
    Германски јазик - и тука одев на кусеви, и како помала ме интересираше јазикот, знаев да остварам бар основна комуникација на него. Но, во основно, наставникот ни се погоди блесав, повеќе го интересираше да си направи муабетче со нас, отколку да не научи нешто што ќе ни користи. Така да сега сум тапа Германски. Една реченица не знам да сколопам. Сега, во средно, професорот се труди да не научи, ама кога не бива со мене, не бива.
    Знам и Српски по малце, Италијански два- три збора колку да не се загубам ако одам во Италија.
    Желба ми е да ги научам течно Рускиот и Италијанскиот.
    Најверојатно од септември повторно ќе почнам на курс со Англиски, па може да земам и курс по Италијански. :)