1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Па балканскиве јазици освен Бугарскиот кој никако неможам да го разберам ги знам и:
    Англиски-кој го зборувам како родена Англичанка :lol: :lol:
    Француски-знам се да разберам ама малку потешко склопувам реченици
    Шпански-Од сериите шо ги даваја едно време.
     
  2. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Па исто како Викица :).
    Балканскиве јазици па и не ги сметам за странски. :D
    Англиски-Перфектно
    Француски-Така малце :P
    Шпански-Разбирам скоро се,можам и да ти вратам. :)
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    па и јас слично како Aries9 и Vikica.cuci ...знам англиски супер, само малку граматиката ме кочи, шпански исто така добро знам(од сериите и јас го научив)...и германски, не знам баш нешто многу, основното го знам :)
     
  4. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    англиски знам супер, за германскиот ми е многу криво што полека од некористење почнав да го заборавам :/ имав и диплома за средно познавање на јазикот, а сега едвај реченица да склопам. руски и грчки знам од моите баба и дедовци, разбирам што ми зборат ама тешко враќам. за шпански....сериите си го направија своето хахаха
     
  5. loveBlair

    loveBlair Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    19
    Учењето јазици едноставно ме исполнува и учам колку што можам да постигнам секако. Англискиот јазик го знам одлично, во фаза на изучување сум и со француски, германски сега почнав да учам, шпански исто така знам многу добро, а од септември ќе почнам и турски да учам.. :))
     
  6. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    72
    Сметам дека знаењето на било кој јазик е огромно богатсво.Јас знам англиски, француски и шпански, а од септември и италијански ( ако се рачуна и латински ке учам ) :)
     
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Па Англиски знам, и сеуште го изучувам.
    Српски, Хрватски, Бугарски, Словенски и сличните на нив ги знам, исто не ги сметам за странски баш, сепак ептен се слични со нашиот.
    Шпански разбирам по нешто поради сериите и краткиот курс што го одев.
    Германски знам малку, го учам уште и ми се чини дека е најтежок јазик за изучување (исто како нашиот). Премногу граматика, исклучоци, глупости.

    Читам порано сум пишала дека сум почнала да учам Француски. Ветер и магла. :D Си напишав на листови најосновните работи да ги научам, ама.. баталив.
     
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Англиски- супер школски
    француски -школски
    Грчки - ме учеше дедо ми
    И шпански - малку од серииве што ги гледав како помала
     
  9. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Англиски - одев на курс 8 години и го учам во школо. Знам шпански колку-толку од сериите. Германски одам на курс 4 години и го учам во школо. Учам француски онлајн на www.livemocha.com (тука може да се учат сите јазици) . Јазиците ми одат а и многу ги сакам. Го обожавам италијанскиот, ми делува секси, меѓутоа не ми е предизвик за да го научам. Сакам да го научам францускиот, ете така, нема некоја посебна причина. Кога почнаа турските серии, бев многу радосна, мислев дека ќе биде како со шпанските, меѓутоа почнаа да ги синхронизираат па не бидна ништо. Инаку знам неколку зборови. :lol: :lol:
     
  10. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    знам англиски,германски,српски,хрватски,бугарски,по нешто знам руски,турски,шпански,грчки
    Сакам да учам нови јазици :)
     
  11. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Знам англиски,српски,хрватски, нешто од турски,шпански, бугарски. Најомилен ми е англискиот, а најтежок за учење според мене е францускиот.
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Знам српски, хрватски, шпански (без правопис) само конверзација, бугарски, англиски комплетно и француски. Во иднина би сакала да ги научам германскиот и италијанскиот :)
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Англиски, француски, руски и шпански ги знам онака посолидно, од кои првите два течно и без проблем. Воглавно од школо и курсеви. Кон шпанскиот имам омраза поради професорката со која само се расправав, па не ми е по ќеф. :D
    Рускиот не сум го учела доволно долго, но одлично разбирам речиси се` и знам да комуницирам.
    Разбирам и италијански, само не доволно и скарана сум им со граматиката.
    Српско-Хрватски веќе не го ни сметам за странски, поради моите хрватски корени од мала го знам јазикот, а и близок ни е.
    Б`лгарски разбирам онака...ама тва/този (ватевр) за мен не е език и не ми се харесва(т).
    И да бре, ги разбирам и јужните брача, имам и нивни корени (егејско-македонски, да се разбереме), ама само можам да ги читам и да пцујам, никогаш немам појавено желба да им го учам тој јазикот.
    А вака да ми зборат набрзина и скратено ко што знаат, ништо не разбирам.
    Битно се пофали Каљопа, да се брои колку.

    Шемса ми отиде да продава картони и флаши, па морав сама да си пишам.
     
  14. The.girl.in.pink

    The.girl.in.pink Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    13
    Онака добро знам англиски.Значи уште од 3 оделение посетувам курс по англиски јазик,и сега го усовршувам.А од другиве јазици разбирам како и повеќето македонци-српски,хрватски,бугарски по нешто,шпански (од сериите :lol: )И тоа е тоа. :)
     
  15. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Хм. Знам Српски, Грчки, Германски, Англиски и Шпански сега од Септември ќе се запишувам на Турски. Најомилен ми е Шпанскиот јазик. Во никој случај не мислам дека изучувањето на странските јазици е губење време затоа што странските јазици ни се многу потребни за понатаму во животот. Никогаш нема да се откажам од изучувањето на странските јазици па можеби еден ден ќе отидам да живеам во друга држава. Моментално за тоа се трудам и затоа јазиците ми се преокупација :D
     
  16. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Англискиот го знам како свој мајчин јазик. Добро знам и српски, бугарски и шпански. Италијански така-така а францускиот ми е заникаде :D
     
  17. Rocker

    Rocker Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    19
    Англискиот ми е омилен јазик и мислам дека доста добро го зборувам. :) Исто така и Германскиот го разбирам, ама да вратам потешко.Го имам подзаборавено јазикот, треба да го вратам во форма. :?:
     
  18. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Освен Македонскиот, Српскиот и сите слични на него, ги знам уште и Англискиот, Италијанскиот, Шпанскиот и Германскиот. Е сега, Англискиот далеку подобро го владеам од другиве, ама затоа имам многу поголема желба за учење на Италијански и Германски, најмногу поради нивната несекојдневна употреба. :)
     
  19. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Освен македонски, српски, хрватски и сл., добро го владеам англискиот а и шпанскиот (со граматика). Знам некој збор германски ама го учев само ради реда во основно, воопшто не го сакам јазикот. Многу ми е груб. Француски сакам да научам, многу ми е префинет вака кога слушам како разговараат други. :)
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Англиски знам добро, солидно познавање имам. Перфектно разбирам и српски и хрватски, бугарски така така. Шпанскиот го знам од серииве, ама не им го знам правописот. Француски учев во основно и средно. Многу го сакам, ептен убаво ми звучи и обожавам да слушам кога некој зборува француски, ама не го знам толку добро. Во основно имав професорка и многу добро предаваше, тоа што го научив за тие две години го знам и сега, со потсетување нормално. Ама од седмо па наваму имав двајца професори и двајцата беа за никаде, само гледаа да им помине времето. Учев малку и германски и се што знам да кажам е како се викам, од кај сум, колку години имам, значи најосновните работи, азбуката и броевите. Кога станаа актуелни турскиве серии почнав по малку да го учам и турскиот, ама откако почнаа да ги синхронизираат готово, крај :D А и бразилски разбирав по малку бе, на времето кога играше Жаде :D Во средно учев и латински, ама тоа е друга приказна. А и италијанскиот ми зучи убаво, па ако ми се укаже прилика обавезно ќе го научам, колку толку.