1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    50.513
    Пол:
    Женски
    Знам англиски,шпански,српски,хрватски,нешто од турски, бугарски,италијнаски.Најомилен ми е шпанскиот :)
     
  2. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Се потсетив сега дека и латински учев во 1ва средно. Како можев да заборавам да напишам, ептен го сакав предметот иако професорката беше колку ради реда да предаде. Ама јас битно си научив зошто ме интересираше :)
     
  3. lili....sweet

    lili....sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    19
    хрвацки , српски , англиски, црногорски и франуски(нема некоја посебна причина , едноставно од чиста култура)
     
  4. fashion98

    fashion98 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Девојки, прашањево е за тие што знаат германски.Дали германскиот е потежок од македонскиот и дали им е потешка граматиката од нашата? :) Инаку јас знам српски,англиски,нешто шпански и руски. ;)
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Знам англиски,француски,шпански,по нешто турски,српски,хрватски.Најомилен ми е шпанскиот,има интересни акценти и форми при зборување,и многу ми е интересно и убаво кога слушам шпански,особено ги сакам шпанските серии. :inlove: Моментално очекувам да почне една моја омилена шпанска серија. :D :inlove: :inlove:
     
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Ги знам јазиците:Англиски,Германски,Француски,Грчки,Српски,Македонски и Бугарски.

    Англиски ми е омилен јазик и го изучувам седум години.
    Германски го учиме во училиштето.
    Француски знае тетка ми и е предава Француски во гимазија.
    Грчки бидејки сум од Грција.
    Српски бидејки дедо ми-на мајка ми таткото е од Србија.
    Македоски бидејки сме дошле да живееме овде.
    Бугарски го знам од Бугарските песни.
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Англиски, Германски, Италијански, Словенечки, Српски, Бугарски.
    лингвиста по струка, споредби еден со друг, па и постојано никнува нова љубов кон нов јазик :)
     
  8. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    знам колку да изедам ќотек некаде хаахаххаа
    знам неколку јазици: шпански,англиски, италијански, по малку руски и француски, и секако по нешто од „нашиве“ балкански јазици :lol:
     
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Мислам дека солидно го владеам англискиот јазик, и тој ми е омилен.
    Учев француски 2 години, а сега оваа ми е 2ра година како го учам и италјанскиот јазик. Не знам многу од двата, нешто најосновно колку да се разберам. Граматиката во италјанскиот ми е лесна, а во францускиот не ја ни научив зашто имавме професорка со која повеќе зборувавме за глупости на час него за јазикот. Вокабуларот ми е проблем кај двата.
    Исто така знам српски, но не многу, само да зборувам (и тоа мешајќи го со македонскиот). Но сега се учам со внука ми, двете мешаме ама се разбираме. :lol:

    Англискиот го учам зашто ми е врежан в срце и е многу потребен во денешницава. Францускиот го сакам иако не го научив како што би можела да беа поинакви околностите, а италјанскиот зашто морам. Не ме привлекува многу-многу. Српскиот зашто ми е близок јазик, и особено мил.

    Сакам да научам и хебрејски јазик, и тоа многу. :nod:
     
  10. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Знам Шпански од сапуниците и го обожаваам баш ми е жал што не го учиме него наместо Германскиот на школо.. Знам и германски ама не го сакам го учам затоа што морам.. Српски знам и него го сакам сега мислам дека сите знаат.. А со турските серии почнав и турскиот да го учам :$ ама не е нешто што сакам баш да го правам само како занимација. И англискиот секако го обожавам.. :rofl:
     
  11. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    Мн ги сакам јазиците, ми одат, а највеќе знам
    Македонски-родена сум во Мк
    Англиски-мај фејворит ленгвич
    Француски-исто
    Шпански- од серии
    Српски, Бугарски (соседи сме де, се научува по нешто)
    И сега учам Латински.
    Инаку од тие глупави серии научив и по некој збор турски и индиски. :rock: :? :lol: :?: :inlove:
     
  12. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Учење јазици

    Суппер е темава.
    Учам Англиски веќе 6г Германски 3г сега почнав и Италијански да учам.Во 3та г средно ќе учам и Латински.Инаку се запишав во тоа школо каде што сум сега поради тоа што во 3та г ќе бирам јазици...
    уште како мала ги сакав и сеуште ги сакам.Инаку можам да се пофалам дека и Шпански знам така да се надевам дека ќе успеам со јазициве нешто во животот. :*
     
  13. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Не во склоп со темава, ама препорака од феминките за добар речник по Италијански?
    Најдов еден од Јулијана, презиме не запамтив со цд-а за изговор, додуша и заради цд-ата обратив внимание, меѓутоа пак да прашам за препорака. :)
     
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Знам англиски,француски,шпански,малку турски,српски,хрватски.
    ;)
     
  15. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Јазиците ми се омилени, и само чекам да дојдат тие часови во школото :D
    Инку знам: Македонски-секако мајчин јазик ми е
    Англиски-го учам од 1 одд. и многу го сакам
    Француски-втор омилен јазик
    Шпански и турски-од сериите по малку
    Германски-знам по малце од баба ми, тетка ми,братучедите, живееле таму
    Соседните јазици ги знам и сега учам Латински а планирав да го усовршам и Германскиот подобро на курс :)
     
  16. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Турски - зошто сум турчинка. мислам живеам во македонија а сум турчинка. :)
    Српски - сите знаат српски.
    Германски - научилиште учиме и интересен ми е .
    И англиски најомилен јазик ми е.
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Најмногу од сите јазици го знам Англискиот,го учам од 6 годишна возраст и знам голем процент од него.Мајка ми почна да ме учи уште од таа возраст.Кога ќе гледавме некој филм ќе ми преведуваше и така јас учев некои зборови,па ми правеше тестови кои што сама ги решавав :!: :D .Учев Француски во средно,а Германски на факултет.Францускиот иако го учев 4 години многу малку научив од него,а од Германскиот во една година учење многу повеќе запамтив и научив.Си научив и Шпански од шпанските серии Гвадалупе,МАмалупе :rofl: :lol: ,па ко за чудо доста работи знам на шпански :wasntme: :D.
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Знам Грчки-бидејќи живеам пола од мојот живот во Гр и ги научив без проблем :)
    Англиски-го учев уште од мала возраст од училиште и го знам доста солидно.
    Романски-работев на место кафдешто идеа многу романци и не сакајќи го научив :tmi:
    Руски-истата причина од погоре :)
    Српски, Бугарски ги знам по извиџење-шо би рекле србите :lol:
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    :) Шпански ми е мајчин јазик!

    Инаку еве ме мене со јазиците:
    Македонски и шпански ми се мајчини јазици, иако сум родена во Скопје шпански знам како да сум во Шпанија родена! (Пишав негде инаку еве и тука: Дедо ми е од Шпанија и така натаму и така натаму, многу долга приказна. Биле со баба ми пред разведување, па дедо ми си победнал во Јужна Америка, па пак се вратил и бла бла бла!)

    Балканскиве јазици, српски, хрватски

    Англиски знам перфектно

    Француски и португалски исто многу добро знам!

    Гермаски (имам како мала во Виена живеено)

    Извинета што се фалам, ама само ви кажувам кои јазици ги знам! :!: :lol: :D

    А сакам да научам руски и италијански.
     
    На viktorija.manevaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Шпански ми е омилен и многу сакам да научамм. :nod: