1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Македонски - мајчин јазик ми е :D
    Англиски - го знам скоро колку мајчиниот :)
    Француски - учам веќе 2 години во школо, но само граматика знам :|
    Германски - учев месец дена и она основното го научив и можам да разберам некој лесен разговор :)
    Шпански - знам 2-3 збора :D
    Балканскиве јазици никогаш не сакав да ги научам и сеуште не сакам. Можам да ги разберам, но незнам да зборувам. :D
     
  2. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Mакедонски нормално
    англиски- бидејки учам од основно
    француски- учев 4 год ама само малце знам
    шпански- разбирам се и знам да вракам само ми треба практика
    и нормално српски :)
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Знам и јас го обожавам, не зошто ми е мајчин јазик! :!:
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Македонски, се разбира :)
    Англиски учам во школо и одлично го знам :)
    Француски учам 4 години во школо
    Шпански знам многу (од сериите :D )
    и секако српски и хрватски...Омилен ми е италијанскиот ама за жал ептен малце знам и многу би сакала да научам :inlove:
     
  5. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Покрај мајчиниот македонски се разбира...... :D

    Англиски јазик-го изучувам веќе од трето одделение :)
    Француски јазик-не ми е меќу омилените но ми е втор странски јазик на школо :(
    Грчки јазик-затоа што ќе студирам во Солун (следејќи настава на истиот) :inlove:
    ***Романски знам слушајќи го дедо ми како зборува на телефон или со некој пријател па после сакав да ми преведува затоа што ми беше многу интересен. :lol:
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    англиски-го учев во средно и на факултет,француски-одев на курс,омилениот шпански :inlove: -од филмовите,и нормално српски ,бугарски зошто ни се соседни земји,тоа накратко
     
  7. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Англиски јазик-учам од 3одд.и посетувам курсеви,
    Француски јазик-втор јазик во училиште,колку толку го знам :D
    И бугарски и српски.
    :)
     
  8. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Англиски учев од 3 одд до 8 одд одев на курс и плус на школо учев и го научив убаво. Француски учев во средно две години и искрено тапа сум :) А на факултет да не правам муабет ги учев сите јужнословенски јазици од кои исто тапа сум :) Освен словенечкиот кој на факултет ми беше како под Б јазик и ја научив само основата.
     
  9. jagotka.99

    jagotka.99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Па на англиси сум веќе 5 степен и прилично добро ми оди :$ а и многу го сакам како јазик.Во школо учиме и германски ама не ми иде нешто нај нај,добро е што до мене седи другарка што шиба германски,па се ми кажува на тестови :lol: и затоа си имам 5 по германски. :lol:
     
  10. Sexy-Lady

    Sexy-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    16
    И јас сум 5 степен англиски и монгу добро ми оди а исто така и германскиот одам 2 години на курс :)
     
  11. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Англиски говорам и пишувам доста добро,а и летово ќе имам шанса да го доведам до совршенство. Како дете на една генерација која растеше со шпанските серии, можам да кажам дека имам некои добри говорни познавања од истиот.Францускиот јазик го учев во средно и основно но за жал иако имав висока оценка денес едвај сврзувам два збора, но дури сега почнувам да чуствувам некоја љубов кон јазикот и самата земја.Звучи толку секси и многу ми е криво што немав такви професори па да научев повеќе но затоа постојат курсеви и животот е пред мене да ги посетам. Ги сакам јазиците и имам голема желба да научам добро француски а потоа и германски па италијански.
     
  12. Moschino

    Moschino Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    17
    Македонски-мајчин!
    Англиски-скоро колку македонски знам!
    Германски-учам во школо,и можам да разберам по нешто!
    Кинески-учам веќе 2 ипол години,вреди да се учи!


    Балканскиве јазици ги разбирам ама не можам баш добро да ги говорам!
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Англиски - секако , бидејќи без него ништо не бидува...
    Грчки - кога баба ми и татко ми не сакаа да ги разбереме зборуваа грчки, па од што ми беше мака и јас научив, само морам на курс да одам бидејќи го зборувм како жежок компир да имам во уста
    Италијански - Исто како грчкиот
    Во школо имам учено француски, германски и латински, арно ама за џабе, секако! :$ Освен латинскиот кој службено го користам, ама ништо друго не памтам... :rofl:
     
  14. MiladyDeWinter

    MiladyDeWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Англиски секако..без него никаде :) францускиот добро го владеам бидејќи го учев во основно и средно. Почнав да учам турски, но прекинав поради глупа причина, а многу го сакам јазикот. Шпанскиот во нашава земја секоја втора личност го знае, благодарение на шпанските серии со кои пораснавме, и искрено мислам дека тоа е голем плус за секого. Балканскиве јазици ги разбирам иако говорењето не ми е баш најдобро. Моментално учам германски и размислувам кој јазик ќе биде следниот. :D
     
  15. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Зборувам и пишувам англиски, неможам да се пофалам дека знам многу но задоволна сум со оглед на тоа дека немам одено на курс, единствено тоа што учиме на школо. Планирам да го продолжам тоа и на факултет, сметам дека таму ке го усовршам. А на прашањето зошто, па секој треба да зборува барем еден странски јазик мислам англискиот точно е дека сите го учат ама и највеќе се зборува, не верувам дека има човек со кој не би се разбрале, односно кој незнае барем малку, макар и еден збор :)
     
  16. lovero

    lovero Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0
    Македонски-секако мајчин јазик заедно со останатите балкански јазици,кои пред се се наши јазици,бидејќи нели Југословенски:)
    Англиски-учам подолго време на курс и во школо.
    Германски-учам во школо исто и на курс и сега тој ми е на прво место за усовршување.
    Шпански-знам од серииве многу добро,го разбирам како македонскиот,ама не знам баш добро да одговорам,па планирам да се запишам на курс.
     
  17. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Па интересно е да се учи некој јазик,а особено ако ти оди,тогаш ќе го научиш како да си го знаела претходно,Јас иначе го знам англискиот,но смешното е во тоа што го имам научено од Cartoon Network :D ,бидејќи како мала многу сум гледала цртани од оваа програма,после тоа го знам српскиот јазик,идејќи дедо ми е од Србија и постојано ми зборува на српски,моментално го учам францускиот,не е баш лесен :D ,а во идинина би сакала да го научам и шпанскиот. :)
     
  18. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Англиски може да се каже многу добро,без проблем би говорела со Англичанец.
    Македонски нормално.
    Француски-my love :$ Иако не го говорам многу добро,разбирам по нешто а јас да кажам нешто потешко ми е.
    Српски,хрватски и другиве балкански.
    Од грчкиот разбирам нешто,од баба ми што ме учела. :)
    Мислам дека учењето јазици не може да биде губење време.Колку повеќе јазици знаеш,толку подобро.Јас би сакала францускиов да го усовршам.Дефинитивно е добро да си знаеш јазици.Па макар и грчки.Татко ми знае малку грчки,и еве сега на одмори полесно му е да се разбере.така да,вреди да се учат,да :)
     
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Знаењето јазици се стварно големо богатство! :)
     
  20. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мислам дека човек што познава најмалку два светски јазици е писмен човек. Со познавање на јазиците сите врати ви се отворени и секој шеф и надвор од македонските граници би ве сакал за свој вработен. Зборувам, пишувам и преведувам англиски. Англискиот ми е како мајчин, иако сеуште го надградувам. Имам учено руски, не многу, но можам да разберам. И германски, пожам да преведам и разберам, ама малку потешко и да зборувам, ми треба малку време да размислам, но учам само една година сега за сега германски и не планирам да престанам додека не ги постигнам сите нивоа, затоа што во иднина не се гледам во Македонија, туку во некоја реално успешна држава, а јазиците секако многу ќе ми користат и помогнат. Исто така морам да кажам дека уживам во изучувањето на јазиците, иако некогаш ми доаѓаше, сега многу помалку, но пак понекогаш ме фаѓа сафра зошто сите се излезени а јас учам, бубам и бубам, но сега од оваа гледна точка, никогаш не се покајав за мојот труд и не планирам да престанам.
    Мој сон е да го изучам целосно рускиот и посебно многу сакам да го научам италијанскиот :) :)