1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. sweetgirl1106

    sweetgirl1106 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Англиски-и разбирам и знам да зборам,ама го усовршувам..
    Српски,хрватски..-доволно добро ги познавам
    Германски-сум заборавила од школо што го учев ама не го сакам,груб е многу
    Италијански-разбирам мн малку ама голема желба ми е да го научам.
     
  2. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Македонски-мајчин, Англиски-перфектно, Српски-доволно добро, Француски-доволно добро, Германски-не многу добро, но го разбирам и Бугарски-го разбирам ама не многу добро. :D
     
  3. blingy

    blingy Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Имам доста големо познавање од англискиот, не би рекла а и никој не би дека го познава "перфектно".. секој ден си пребарувам и се унапредувам, ја обожавам апликацијата за Chrome 'Thesaurus', антоними и синоними на зборовите а и знам доста чудни и интересни факти во врска со овој јазик. Поседувам диплома од завршен курс во англиска школа и размислувам за полагање на Тоефл или Сат.. Друго познавање, па знам овие балканскиве јазици колку да не ме отепаат, Словенскиот ми е влезен у срце :inlove: би сакала да се унапредам.. Исто така знам Германски и Француски, германски учев у основно и средно а француски одев на приватни. Имам голема желба да знам thai,hebrew,chinese Арно амаааааааааа :D Албански имам у план да почнам да учам а НАЈОМРАЗЕН ЈАЗИК ми е турскиот.. леле жени, жива да не сум. Па јазик е тоа?! Божееее... и то.
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    освен македонски :!: англиски знам доста за да се разберам за потребни работи.
    српски-хрватски исто така го знам да зборам и да разберам.
    спански знам доста добро.
    италјански на поЧеток да знам повеке од основно. :)
     
  5. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    италјански разбирам и зборам,англиски од сколо и на курс одев,а шпански така така
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Енглески и Француски. Ги учев у школо. :emo:
     
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    370
    Арапски мајчин јазик ми е... српски-све :D ... и македонски и англиски :)
     
  8. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Знам англиски, српски, хрватски и германски - не баш се ;)
     
  9. Inaddition

    Inaddition Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1

    И јас сум заинтересирана за истото,ве молам доколку имате информација споделете ја,многу ми е важно. Благодарам
     
    На nederlands му/ѝ се допаѓа ова.
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Паа јас знам англиски и македонски-така разбирам доста(се шалам за македонскиов)
    Разбирам:Српски ,Бугарски,Хрватски, Црногосрки,Шпански,Мексикански(има маил разлики о Шпанскиот-од сериите го учев на времето),Гремански,Италијански иии онда тоо... толку :)
     
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    англиски, српски, хрватски, словенски, руски, бугарски и француски
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Пааа вака, подобро да започнам веднаш за да не ме стемни:
    - македонски
    - српски
    - хрватски
    - бугарски
    - албански
    - грчки
    - германски
    - француски
    - италијански
    - шпански
    - португалски
    - руски
    - норвешки
    - арапски (меѓу омилените)
    - јапонски (меѓу омилените)
    - кинески (меѓу омилените)

    Не можам да се сетам уште кој го знам. Оставам простор да се дополнам.
    А зошто? Па од кај знаеш кај ќе те однесе животот. Треба да бидеш подготвен. :lol:
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Англиски го учев уште од мала на курсеви и го знам многу солидно (слободно можам да разговарам без никаков проблем)со оглед и на тоа што секојдневно го зборувам,го имам совладано одлично.
    Руски учам сеуште,разбирам се но малку потешко ми оди кога треба да вратам.Сепак доста знам и немам голем проблем да си направам муабет,но сакам да го зборувам одлично бидејќи ми е еден од омилените јазици.Нашиве соседи српски,бугарски ги разбирам се,знам да кажам по нешто не дека не ама неќам,не ми се предизвик за учење,не ме привлекуваат и знам дека ме разбираат иако глумат дека не.
    Македноски јазик (мајчин јазик) јас не вбројувам во СТРАНСКИ јазици кои ги зборувам ;)
     
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Странски јазици

    Англиски и шпански :D
    А да не знае некој некоја страна каде што може онлајн да се вежба пишување и зборење на англиски,треба убаво да го извежбам англискиот за летово :D
    Aко знае некој нека остави линк :)
     
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Англиски - затоа што е универзален, го учев во основно и средно + одев на курс
    Српски и сите слични на него - затоа што има сличности со македонскиот
    Шпански - оптшо познато е ова, од шпанските серии :D
    Германски - до пред две години знаев многу, ама сега дека не сум го употребувала, ни слушала ни ништо и затоа заборавив многу работи


    to be continued :D
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Англиски-зошто во школо учиме англиски и одам на курс сега ќе сум 6 степен :)
    Француски-зошто учам во школо 2 години и по малку го знам али коа ќе завршам со курсот по англиски,ќе одам на курс по француски :)
    Српски-затоа што нема Македонец кој не го знае =D
    Шпански-само знам да го зборам и разбирам кога го зборат од шпанските серии секако :)
     
  17. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Англиски и Француски, дека ги учуме во школо :)
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Англиски од школо и на курс, Француски од школо иако не го знам перфектно како Англискиот ама знам и Шпанскиот, се разбирам ама ми е потешко да вратам. Сега сакам Германскиот да почнам да го изучувам.

    Инаку само да напоменам Српски, Хрватски, Бугарски, Црногорски, Босански итн. за нас Македонците се смета дека ни се сродни јазици и дека е нормално да ги знаеме. Така што овде не е толку трагично да ги набројувате ама немојте во CV или во мотивационо писмо да ги споменувате како јазици кои ги знаете. Нема да ви се сметаат. ;)
     
  19. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    Англиски и Француски од школо, Шпански од серии и сега ќе учам и Руски :inlove:
     
  20. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    -Англиски знам солидно да зборувам да се разберам со луѓе и бизнис англиски учев ама бидејќи не го употребувам го заборавам па сега бидејќи мислам дека ќе ми треба ќе почнам да повторувам некои зборчиња :)
    -Француски учев 2 години во средно ама и тој бидејќи не сум го зборувала имам заборавено но сепак треба само мало потсетување воглавно за да се разбериш.
    -Италијански само што завршив на курс за два месеци, основно ниво. Сега сум горда што кога ќе гледам Rai uno разбирам што зборуваат а пред тоа врска немав :D
    -Шпански нема кој незнае од тие што гледале серии, да не беа синхронизирани турскиве можеби ќе го научевме и него :D
    И сега некоја желба ми дојде да учам -Грчки интересен ми е :D

    А не го сакам и одбивен ми е Германскиот.