1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. danyela

    danyela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    bravo za Little one :) poliglot :D
    inaku go zboraiv i spanskiot :D :D :D hahhah od seriite mnogu naueivme.. i edna dobra rabota od niv da izleze :D
     
  2. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Англиски...го учам веке од 4то одделение..и мислам дека добро го владеам...потоа германски....знам колку да се снајдам и да разберам нешто....исто така шпанскиот го сакам многу како јазик и доста имам научено од шпанските серии...и од соседните држави го знам хрватскиот и српскиот... :)
     
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    литл уан стварно алал да ти е :clap:
     
  4. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Ангслики
    Француски онака колку да се разберам со лугето
    Шпански да не збориме :lol: :lol:
    спрски хрватски..
    литл он барвоо за тебее :clap: :clap:
     
  5. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Ви благодарам на сите :* :*
    Сакам барем уште неколку јазици да научам
    Нели сепак викаат колку јазици знаеш толку глави вредиш
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Англиски-перфектно,одам на курс од прво одделение.
    Германски-учам од шесто, ама баш и не ми оди, немам некој посебен интерес.
    Српски и хрватски-знам од мала, ги знам речиси исто како да се мој мајчин јазик.
    Шпански-знам некои зборови, знам да разберам кога ми зборуваат, но не знам за конверзација и пишување.
    Грчки-знам да бројам, ги знам боите, и знам уште неколку други зборови, но исто како шпанскиот не ме бива за конверзација, пишување (знам само името да си го напишам).
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Англиски мора, ко мајчин да ни е :D Вреди да се знае, јазиците ми се пасија, ги сакам, ми одат многу добро.
    Инаку Англискиот веќе ми е скрос разработен, 90 посто го владеам, уште кога од прво се занимавам со него, затоа реков ко мајчин јазик. Инаку француски, макар малку е потежок, ама доста време ми беше во настава, па се трудев, и го сакам, италијански, исто, го учев две години само, ама искрено ми е трансформација на англиски, за мене е прелесен. Шпанскиот како сите вас, од сериии, едно паметно од тоа научивме :lol: , едно време се запнав со грчки, ама откажав, разбирам по нешто, ама сега ми помина меракот, и се знае, српски, хрватски, бугарски, тоа се речиси исти ко нашиот. Инаку не знам сега е мртов јазик, ама сепак најзастапен во светот, на настава, ЛАтински, кој учел знае, мислам дека за преведување е доста логичен, па и се наоѓа одвреме навреме. Толку.
    А за прашањето, зошто, затоа што секој нов научен јазик ти отвора нов пат кон светот. Едноставно мора да знаеш барем еден два, знаењето е моќ.
     
  8. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    121
    Да почнам со англиски, како и повеќето го знам совршено ( курс,школо, филмови...)
    Италијански ( го научив релативно брзо, лесен е и најубав на целиот свет :inlove: )
    Шпански ( од сериите секако ама знам одлично да се разберам и знам да пишувам, сама си учев дома :) )
    Германски ( граматиката ја знам целосно, го учев од шесто, ама не ми влегува во глава некако одвратен ми е, а сакам да го знам подобро )
    Латински (го знам совршено добро, зошто тоа е единственото нешто што го учев во школо и ми беше интересно,идев по натпревари, чуда... итн )
    Турски (знам да се разберам по малце ама сакам да го научам подобро)
    Српски... наравно
    Планирам филолошки, секогаш тоа сум сакала и тоа ми идело...ама некако се предомислувам заради иднината, нема работа... :(
     
  9. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Го заборавив грчкиот :lol:
    Одев на курс неколку години ама не го научив баш :lol:
     
  10. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Англиски перфектно, мислам дека нема човек на денешницата што не знае англиски !
    Француски- граматика да, конверзација средно ниво, онака да се разбереш во одредени ситуации. 8години го учев во школо, ама онака површно колку да се помине на тест, за што се каам ;(
    Шпански од она сериите, бесплатни часови ко да сме земале, сите што гледале знаат чат пат па така и јас!
    Бугарски, Српски, Хрватски се подразбира нели ;)
    Од септември здравје боже планирам да се запишам на курс дали италијански, германски, грчки.. уште не знам! Ако сака некој тука може да ми помогне да ме насочи кој како се бара.
    И мнооогу се каам што последниве две години не посетував никако јазичен курс,ќе си поминев 4 степена.
     
  11. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Англиски, од 3 години го учам (денеска е и срамота да не знаеш англиски)
    Српски, хрватски (обожавам да зборам на српски поготово :lol: )
    Шпански (како и другите, од серииве го научив)
    Германски, се запишав во германска паралелка, колку и да е одвратен и тежок за зборување, предизвик ми е и мора да го научам! :)
     
  12. butterfly89

    butterfly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    105
    za zal ja sum anti talent za jazici nikako ne mi odat od raka, vo srednoto poveke sakav cel den matematika otkolku 1 cas angliski zaso neznam, a sega moram da naucam germanski kako ke naucam neznam tesko mene............luge pomagajte :( :( :(
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    - Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?
    Англиски и француски.
    - Зошто? Можеби ви треба за работата којашто ја работите, затоа што вашиот град е туристичко место, затоа што го обожавате тој јазик, затоа што вашите родители ве натерале и слично.
    Англискиот бидејќи јас сакам, а сметам дека ќе ми треба многу понатаму во животот. Никогаш не би учела некој јазик само затоа што моите би ме натерале на истото, а се разбира дека и тие нема да ме присилуваат за нешто што не сакам.
    - Кој странски јазик ви е најомилен?
    Италијанскиот. :) Имам голема желба да го научам.
    - Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Не. :)
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    - Француски (иако, има многу со кои сеуште не сум убаво запознаена, а сум сигурна дека се двојно потешки од францускиот).
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    - Ниту еден. :)
     
  14. MarushkaMaci

    MarushkaMaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    Обожавам странски јазици :D Најлесен ми е Англискиот,исто и Францускиот ми е лесен ама го учам само затоа што морам :?: ,потоа знам Шпански,и секако Српски и Хрватски (секој може да зборува Српски или Хрватски,барем според мене :) )
    Рускиот ми е најомилен,но нема каде да го учам па понекогаш сама дома си преведувам по нетов,си се снаоѓам :D
    и обожавам Руски песни :inlove:
    А за најтежок го сметам Латинскиот,иако не сум запознаена со него ама сепак сите велат така. ;)
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Одлично зборувам англиски , од скоро посетувам и курс по француски. Шпанскиот го разбирам благодарение на серииве.Би сакала да знам германски. Сите викаат груб,тврд јазик, ама мене ми е баш онака убав за слушање.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Англиски и германски...англиски многу добро владеам, да речеме 75%, германски средно го знам бидејќи го имам учено само 3 години, а сакам да се запишам на некој курс да го доусовршам и да земам некоја диплома која можеби ќе ми треба при вработување.
    Српски не го рачунам за странски, можеби затоа што сум растена со него, го знам еднакво колку мајчиниот. Хрватски не зборам, но разбирам, многу нормално. И бугарски разбирам, но не 100% како хрватскиот.
     
  17. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    268
    Англиски-нормално дека да :)
    Италијански-уште дипломска ми остана од филолошки факултет
    Француски-учев од 5одд до 4та средно,и се сум заборавила
    Гeрмански-учев 2год на факс,ама не учев,многу ми е груб некако и везе немам :)
    Имам слушнато некаде дека- колку јазици зборуваш за толку луѓе вредиш :)
     
  18. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Англиски
    Германски
    Шпански
    по малце Италијански -повеќе разбирам отколку што знам да вратам
    Српски. хрватски и тоа. :D
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    Значи, англиски знам перфектно( мислам дека знам,да не се преувеличувам :!: ) Зошто? бидејќи се гледам некој ден во иднина како студирам во USA (барем тоа ми е сон... ) . Имам завршено 8 степен, идев 9 години во школо за англиски, и учам(нормално) во школо германски, но сега тој малце не ми е баш омилен, незнам многу ми е груб јазикот. И граматиката од германскиов, лом праам, незнам :x :D
    Планирам да почнам да го изучувам италијанскиот јазик. А да, и кинескиот ми е предизвик да го научам :wasntme:
     
  20. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Англиски-перфект,најдобра во клас и фамилија(скромност 0% :D )
    Италијански-учам само 2 години,ама доста солидно го владеам од причина што зедов сама да учам и од други книги и конверзација усовршив и таман :)
    Германски-ја врткам малку граматикава,конверзација катастрофа,многу одвратен ми е и груб јазикот :puke: ,ама ќе го научам како што треба па Јана да му е мајка :rofl:
    Српски-перфект во секој поглед
    Хрватски-конверзација перфект,граматика средно
    Француски-само основа имам,т.е. се ги разбирам ама не знам да вратам,но од септември почнувам да го изучувам како што треба и се надевам за една год. ќе се пофалам дека сум го научила солидно :)
    Турски-конверзација средно,исто и граматика,јазикот е доста лесен,сигурно ако се потрудам ќе го усовршам
    Шпански-конверзација перфект,во фаза на усовршување и на граматиката сум
    Сакам да почнам и на курс по холандски и за две години и ќе мора да го знам перфект,само не знам дали во Охрид дава некој часови по овој јазик.Ако знае некој нека ми пише ЛП плс
    Истотака сакам да научам и албански.Порано врткав некој збор,ама сега дрво сум :D