1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Англискиот си го усовршив до напреден левел,одев на курсеви и си го обожавам,не пропуштам прилика да зборувам англиски.
    Француски-учев 8 години на школо,знам да направам муабет и да разберам некој,ама не го сакам јазикот воопшто.
    Шпански-самоука сум на овој јазик од сите теленовели што поминале низ годините :D Ама имам читано на шпански,така да прилично добро го владеам,за некој што го нема учено.
    Германски-учев онлајн неколку месеци пошто ептен сакам да го научам,ама малку тешко ми оди,има многу граматички правила :worried:
    Италијански-знам 2,3 збора и во иднина планирам да го изучам целосно,најубав јазик ми е.
     
  2. Shyvana

    Shyvana Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Порасната сум во билингвално семејство- татко ми македонец, мајка ми влаинка. Така да што уште од најрана возраст умеам да го зборувам влаишкиот, пред некоја година имав 3 месечен престој во Романија каде што добро го совладав и романскиот јазик (могу се блиски со влашкиот но, сепак има доста како зборовни така и граматички отстапувања)
    Англискиот јазик никогаш и не одев на курс ама често дома го вежбав со татко ми, подоцна почнав и да читал англиска литература, најчесто некои поноби дела кои што имаат многу лош македонски превод.
    Живеев 4 години во Белгија каде што одлично ги совладав како белгискиот, така и францускиот јазик.
    Во иднина би сакала да го научам италијанскиот, а можеби и полскиот.
    Најомразен јазик немам и мислам дека секој јазик има своја тежина.
     
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    English , Spanish и Italian
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.735
    Пол:
    Женски
    Англиски - почнав на курс кога бев мала зошто моите сметаа дека е добро да одам и јас сакав да се откажам уште по првата година ама како шо продолжив да одам (осма година до сега мислам), почнав да сакам, сега и досадничко ми е малце ама се трпи ... :P
    Француски - го имам учено само три години, го знам beginning нивото шо значи можам да си купам кафе ако се најдам во Париз. Многу го сакам јазикот ама ИЧ не ми се учи сега убо да го научам и него ... :P
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Знам англиски, учам германски неколку години ама вокабуларот е за нигде( не е по моја вина,програмата што е предвидена за во училиште никаква е),почнав да учам и латински(потежок си е тој поради деклинациите и конјугациите), Сакам да научам што е можно повеќе јазици,за брзо време можам да научам,ама немам доволно време за се да постигнам.
     
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Англискиот го знам уште од пред школска возраст, одев на курсеви и сега само го усовршувам. Ама мислам дека знам околу 95% од јазикот. Многу ми е лесен и убав, сега ги учам акцентите.

    Француски знам, преведувам и читам. Граматиката ми е лесна само не можам да сврзам добри реченици. Ама францускиот јазик е најтежок, па се тешам.

    Шпански знам исто така, зборувам, читам и се друго само не знам да напишам. А лесен ми е многу, го имам научено повеќето од теленовелите.

    Италјански знам исто така, лесен ми е поради тоа што е сличен со шпанскиот а шпанскиот го знам околу 70%.

    Германски ја знам основата, знам да читам, знам да напишам нешто со мала помош ама не знам да читам.

    И кинески знам неколку зборови, ама само да ги кажам.

    Грчки знам исто така, заборавив да го спомнам погоре. Знам ептен малку можеби само 30% од јазикот ама доволно е да се снајдам во Грција.

    А плус се овие бугарски, српски, хрватски... :D
     
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Девојки, препорачајте ми некое школо за странски јазици т.е. англиски јазик, кое се наоѓа во околината на Симпо (Карпош 1) каде ќе можам да одам да го доушовршам англискиот јазик?
    Може да е и во Центар, како и Карпош 2. :)
     
  8. la.malparida

    la.malparida Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Во Карпош 1 се наоѓа Центарот за странски јазици, еве ти линк, можеш да најдеш и цени мислам дека има и уписи сега од февруари
    http://www.csj.com.mk/
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.027
    Течно зборувам англиски, руски, српски. Имам добри познавања на шпански и украински. Сега учам урду, а разбирам малце од малце француски, италиjански и дари.
     
  10. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Англискиот го научив на курс, го зборувам одлично. Рускиот ми е на ниво на мајчин, а фо научив на факс. Двата јазика ги употребувам секојдневно, што многу допринесува за познавањето на јазициве. Јазиците коишто ги разбирам, ама не ги зборувам се шпански, бугарски, српски... сакам да научам грчки и италијански, тие се следни на листа :)
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    хмм зборам англиски и српски, малце зборам повеќе разбирам шпански, латински знам, француски знам меѓутоа подзаборавено, нешто на германски и руски и бугарски, и на грчки знам да бројам до 100 :tmi: :D хахаха
     
  12. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Англиски-бидејќи е најпотребен,имам одено на курсеви,па во школо го имавме сега и на факултет итн.
    Српски-од телевизиите нормално,лесен е
    Албански-сега се запишав пред 4 мес.на курс,сакам да го знам од проста причина што живееме со албанците и сакам да ги разберам
    Шпански-разбирам но незнам да вратам бидејќи од серии ми е научено
    Француски и руски-имам учено во школо,тогаш кога го учев колку толку знаев нешто,но бидејќи воопшто после тоа не сум го користела сега ми е буквално се заборавено.
    Немам некоја желба за учење уште некој јазик,сакам само англискиот да го доусовршам бидејќи е најпотребен.
     
  13. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Антиталент сум за доволување акцент особено на англискиот (British and American English :inlove: ) па ред и др јазици како германски,француски :rofl:
     
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Пасија ми се странските јазици, посебно изминатите 3-4 години. Сум имала талент за кој не сум знаела дека постои, до 20тата година го зборував само англискиот јазик, после тоа почнав да посетувам курсеви на кои научив многу, а кои ми беа пред се позитивни искуства во животот. Преферирам да посетувам курсеви, од причина што стимулативно е учењето во група, се мотивираме едни со други и се стекнуваат многу нови пријателства. И не залудно е кажана латинската: Quot linguas calles, tot homines vales! ( Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш!). :!: :)

    Според Европската референтна рамка за јазици, досега ги имам постигнато следните нивоа:
    - Англиски јазик (ниво C1);
    - Италијански јазик (ниво B2);
    - Германски и грчки јазик (ниво А1);
    - Арапски јазик (знам само да читам и пишувам).
    - Француски јазик - следен предизвик (почнувам да го изучувам за 10тина дена).

    [​IMG]
     
  15. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Англиски знаам од училиште, телевизии, филмови, песни... го знаам тип топ, и тој мислам дека е најподребен за се, и сакам да сум стујардеса.. затоа ете ви кажав :lol: :rofl:
    Германски кога бев мала (6-7 год.) гледав цртани на германски јазик... знаам да зборувам.. не многу.. но основните работи да...
    Српски ... па општо сите го знаат :rofl:
    ии Кинески ахах се шалам тутун сум.. ама баш ме интересита.. но јас ни една буква не можам да запамтам...куле шутле бутле. |(
     
  16. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Србски и Хрватски(кој од Македонија не знае)
    Англиски-сега завршив 6 степен ама знам ногу повише :rock: (Американски акцент имам :D )
    Француски знам да читам и да пишувам ама вака зборување слабо :|
    Од септември планирам со Германски да почнам ^_^ ^_^
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.193
    Пол:
    Женски
    Англиски- го обожавам од милон приватни причини ^_^

    Српски - скоро секој Балканец го знае, па и јас

    Шпански - од сериите го засакав, а сега и сама се подучувам

    Италијански - во училиште го учиме, и навистина е лесен и разбирлив јазик

    Руски- знам по некоја проста реченица да кажам и една песна, а онака да зборам не. Но, кога некој зборува го разбирам.

    Од наредната година ќе почнам и француски да учам, а натаму и латински, па ќе видиме
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Турски, Српски и Македонски.
    Кога сме веќе кај странски јазици ако некоја од вас знае некоја страна за изучување на странски јазици без да се симнува или наплаќа нешто ве молам барав ама ништо :(
     
  19. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Англиски-учам во школо, ама и онака си го сакам и плус најпотребен е
    Шпански-го научив скоро целиот јазик од шпанските сапуници и го обожавам
    Српски-сите скоро го знаат па така и јас, лесен е, сличен со македонскиот па поради тоа
    Италијански-учиме во училиште, прелесен е
    :)
     
  20. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Доволно го познавам англискиот јазик и немам многу желба да го научам повеќе.Најомразени јазици ми се италијанскиот(мислам дека на повеќето им се допаѓа ама ете мене не) и германскиот.Францускиот јазик колку и да се трудам да го учам не можам да го научам.Тежок е.Омилен,рускиот.