1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Англискиот јазик го познавам доста добро, пред се затоа што ептен убав јазик ми е и второ затоа што студирам Англиски јазик
    Со шпанскиот јазик сум на некое осново ниво, бидејќи ми беше изборен на факултет и го учев...
    Знам француски бидејќи го учев до 8 одделение, учев 6 години (прв странски јазик ми беше) :D
    Српски знам, онака од општа култура :D
    и знам италијански, сакав да научам и учев сама од онлајн лекции :D
     
  2. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Секој нов научен јазик е уште еден отворен прозорец кон светот. Се согласувам дека некои луѓе имаат природна дарба и полесно ги совладуваат јазиците.Али, природната дарба не е клучен фактор.
    На крајот, сe зависи од заинтересираноста и желбата на самите нас.

    Знам Англиски на задоволително ниво. Моментално го изучувам Германскиот. Полека напредувам и во него. :)

    И во Англискиот се унапредував на интернет, со програми, слушање песни, гледање филмови од било кој тип, на почеток ич не го сакав, после се случи чудо, желба некоја и го научив! :D
    Едноставно се зближивме еден со друг, сродни души, па за некое време сами си доаѓаа новите зборови.

    И Германскиот ми се допаѓа премногу. Затоа и почнав да го изучувам, мада секако и ќе ми послужи една ден. Моментално гуглам да пронајдам некој интересен филм, по можност цртан! имам желба деновиве да гледам цртани. :rofl:

    Wo ein Wille ist, ist auch ein Weg. ]:)
    Tschüß! :angel:
     
  3. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Англискиот најдобро го знам,го изучував 8 години.Го знам совршено :)
    Францускиот го учев ама многу време помина,може и сум го заборавила.
    Шпанскиот го научив од серии,би знаела да се раразберам со некој.
    Српскиот не го рачунам за странски,го знам како мајчин да ми е :D
    Рускиот и германскиот ми се интересни,би сакала да ги знам.
     
  4. ivchee.ivche

    ivchee.ivche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Англискиот во текот на 1 година го научив доста добро, иако до лани бев тапа бидејќи не се интересирав :)
    Германскиот ми е втор странски јазик го учам од 6то, значи 3 години и не знам скоро ич бидејќи на часови немаше тишина и наставничката неможеше да објаснува :?:
    Српски го знам, а и не го сметам за странски :D
    А сакам да научам многу шпански и француски :)
     
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Само англискиот и македонскиот го владеам добро. :lol:
    Знам по малку француски и германски.(ќе почнам да ги учам)
    Разбирам и влашки, ама мене тој не ми е странски. :)
     
  6. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Англиски знам многу добро. Што од школо имам научено што од курсеви,што од патувања,воглавно добро го владеам.Мислам дека секој требит да имат барем основни познавања,пошо нели кај и да ојш ке мојт да се разбериш :) Турски исто така знам,пошо дедо ми е турчин,подома делумно збориме турски,со фамилијата по страна на татко ми збориме турски,плус учев во Јахја Кемал. Албански исто така знам,пошо мајка ми е албанка,па со нејзината фамилија на албански зборам,плус и дечко ми е албанец,делумно и албански збориме дома. Македонски имам научено,пошо основно учев на македонски и така.. Абе каша-попара напрајвме со јазициве. За брзо планирам германски да учам и така :D
     
  7. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Англискиот одлично го владеам, дури понекогаш подобро од македонскиот. Секојдневно го користам, низ интернетов читам и пишувам по форуми, а и во друштво често се случува да зборуваме на англиски или да користиме англиски фрази.

    Францускиот ми оди, во училиште го изучувам веќе 5 години. Но, проблем ми е тоа што не го користам во секодневниот живот, т.е. не го вежбам редовно. Добро ја познавам граматиката, па и вокабулар имам, и го разбирам, но не знам да се изразам убаво.

    И повеќето словенски јазици, оние кои ни се поблиски, ги разбирам, ама ретко знам да кажам нешто. На пример, српски знам да разберам и да зборувам, но руски само разбирам.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Англиски зошто прво требаше да одам таму да живеам ама сега од дома се предомислиа за во Германија да сме оделе и го знам и германскиот и српски чат-пат
     
  9. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Англискиот јазик ми е омилен и многу добро го владеам. Со другарка ми скоро секогаш зборуваме на англиски, повеќе и од што зборуваме на македонски. Постојано работам нешто на компјутер на англиски, а гледам и многу филмови и серии.
    Германски јазик, го учам во училиште, и ме интересира. Но, малку е тежок, а навистина би сакала убаво да научам.
    Српски и хрватски знам прилично добро. Сепак се слични со македонскиот.
    Бугарскиот само го разбирам.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Англискиот не можам да речам дека перфектно го владеам,бидејќи Англичаните не го знаат перфектно, а не ние.Ама 70% максимум 80% го знам. Германскиот одлично ми оди, од 6 го учам и плус сега сум во таква паралелка.За српски,хрватски и бугарски да не зборувам зашто се слични си нашиот,а плус и јас сум малку Србинка. Шпански знам од сериите и по нешто италијански,француски,дански, шведски и португалски. Голема желба ми е да ги научам скандинавските јазици, а и западнословенските,источнословенските и италијанскиот, францускиот и португалскиот. А да,потполно се согласувам дека јазикот е богатство.
     
  11. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Англиски, српски, шпански, албански, италијански.
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Англиски - освен изучувањето во основно и средно, одев и неколку години одев на курс, скоро секојдневно гледам серии или филмови со англиски превод, некогаш со сестра ми си збориме на англиски, онака чисто од досада. :D Во средно учев деловен т.е. економски вокабулар. Малце сум послаба на тоа поле, треба да почнам да гледам и такви филмови. :D
    Германски - вкупно четири години изучување во основно и средно. Среќа ми се погодија асални професори, па имам добра основа. И моментално одам на курс, сакам да можам убаво и течно да зборувам.
    Шпански - од шпанските серии, нормално. Мислам дека би можела да се разберам со некој шпанец. Освен што ќе го разберам што ми збори, мислам ќе можам и да му вратам. Треба да се испроба на дело. :rofl:
    Српски - сите го разбираме и го збориме, не ни вреди да се спомнува тука, ама ајде. :)

    Освен овие, сакам италијански да научам. На листата ми е. (fingers)
     
    На Ana3567 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Англиски и Италијански знам одлично, комуникација, читање и пишување без проблем.
    Имав добро познавање на Германски, но сум го подзаборавила.
    Основно познавање на Албански, мислам дека ќе ми треба повеќе време за да го научам.
    Сакам да научам Француски.
     
    На Ana3567 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Vaka koga cita covek, Makedoncite izgleda deka se znaat, najpametni se na svetov. Ne samo jazici, se znaat.
    No wonder they can't get a job.
    Dali nekoj od vas znae sto znaci, "Jas go znam toj i toj jazik, da citam pisuvam i zboram".
    "znam spanski, od serii, da citam, pisuvam i zboram":D:D:D:D:D.
    I toa od serii, ej luge sto pisuvate. Tocno e toa deka compjuterot se trpi, ama toa ne znaci deka gluposti treba da se pisuvaat.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Покрај Македонски, знам Англиски добро и Германски, иако треба да повторам, многу ретко го користам и имам подзаборавено. Со оглед на тоа дека најчесто читам книги на Англиски и дека го учам од трето, добра сум :)
    Исто така учам Албански, моментално сум на основно ниво, едвај чекам да го совладам.
    Сакам да научам и Италијански, ама некој ден. :)
     
  16. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Француски и англиски зборувам добро затоа што учам на овие јазици веќе 5 години и ми требаат за секојдневна употреба. Омилен ми е францускиот јазик, обожавам како звучи, ама многу ми е тешко во други јазици да употребувам зборови од француско потекло затоа што сакам да ги изговарам како што се изговараат оригинално како на пример „биро“.
    Сум учела руски и шпански ама никогаш немав време да се посветам доволно за да можам да кажам дека ги владеам. Од општа култура (од телевизија) разбирам српски (и сл.) и бугарски. Сакам да научам германски ама изгледа како тежок јазик.
     
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    Англиски знам многу добро, и да зборувам, читам и пишувам.. го учев со години а и постојано гледам филмови и серии на англиски јазик...
    Германски сум учела исто така, имам некоја основа но тоа е се, и онака не ми беше многу по кеф...
    Српски, хрватски знам, онака како и сите...
    Шпански исто така знам, кој го научив од шпанските серии, па сега преку апликација учам и да читам и пишувам, и дефинитивно ми е еден од најубавите јазици...
    Би сакала во иднина дa научам италијански :)
     
  18. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.410
    Пол:
    Женски
    Angliski, germanski I spanski znam tecno da zboruvam, citam I pisuvam. Razbiram I albanski, no ne mi odi bas so zboruvanjeto I imam malku poznavanje od grcki. Srpskiot isto taka, no ne go vbrojuvam vo stranski bas.:D
     
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Англиски,малку латински и сега момемтално учам италијански.
     
  20. stiki18

    stiki18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56
    Дали би сакале да препорачате некоја онлајн страница каде можат да се учат странски јазици, пример германски, шпански, турски? :)