1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    https://www.duolingo.com/ :)
    Има и апликација за телефон, супер работи.
     
  2. stiki18

    stiki18 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    56
    Благодарам многу!
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Да си бидам реална и искрена, од странски јазици знам само англиски јазик. Иако, морам да признаам дека говорот ми станал ужасен бидејќи не сум зборувала со години. Ама за среќа, добра ми е кондицијата со се' останато. Зошто имам познавања од англиски? Затоа што е универзален јазик за комуникација, според мене можеби и најважен од светските јазици. На курс одев од 3-то одделение до 1-ва или 2-ра средно. Цел живот и на училиште учевме, сум била и на републички натпревар, а продолжив и на факултет да учам, но стручен. Потоа многу ми се најде за изработка на семинарски, барање материјали за учење по интернет и за работа (со посебен акцент на стручниот). Германски учев во средно, ама веќе речиси ништо не памтам. Сега знам само да читам и малку да пишувам.

    А за балканскиве јазици не правиме муабет. Мислам, срамота е во странски да ги вбројуваме: српски, хрватски, бугарски... Српски разбирам се', а по малку и зборувам (се поднаучив со момакот и со мајка му), хрватски разбирам, иако не толку колку српски, бугарски средно - од комуникација со брат на дедо ми.

    Желба ми е да научам уште некој странски јазик (под услов да не е со падежи), но се плашам дека веќе сум прилично возрасна за тоа. Странски јазици најлесно впиваат мали деца (впрочем како и се останато).
     
  4. Mina_Z

    Mina_Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Зборувам англиски, француски и шпански. Во школо учев и германски ама одвај неколку зборови и фрази знам, а исто така и латински кој пак помага многу во изучувањето на други јазици особено на јазиците од романската група. Италијанскиот можам да го разберам донекаде, но не можам да зборувам. ( ми се има случено многу пати да го разберам соговорникот 60-70 % , ама не можам јас да одговорам и тоа ти е пасивно знаење на еден јазик).
    Никогаш не е доцна да се научи странски јазик. Потребен е пред се талент, потоа голема желба и упорност и одржување на постојан контакт со јазикот што во денешно време и не претставува проблем.
    Инаку јас шпански научив на овој сајт http://livemocha.com/ и го препорачувам , многу е корисен.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Добро познавање имам со англикиот, и говор, спелување, превод се'.
    Исто така делумно знам германски, in progress. Уште го учам.
    Француски знам некои едноставни работи, барем малку познавање имам. Исто така тука би го спомнала и Шпанскиот, што мислам дека еден добар дел шпански имам научено од сериите што ги гледав како мала.
    Следен на листата ми е Рускиот јазик. Одамна имам желба да научам руски, се надевам ќе најдам некој кој држи курсеви на руски.
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    66
    Леле, обожавам руски. :inlove: Во Битола каде што живеам немам сретнато во некое студио да нудат изучување на руски јазик... Ама јас си имам план кога ќе стигнам факултет за 4-5 години тогаш да учам, доколку имам време се разбира. Сега учам англиски, германски и италијански, имам 14 години. :l:
     
  7. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Англиски разговорен, одев на курс како малечка ама подоцна почнав сама да си го учам од серии и филмови :P со францускиот се дружам од 6 одд арно ама некако само да слушам и да разбирам можам -за да сврзам реченица малку потешко :$ германски сега зедов А1 и А2 сертификат за понатака ќе видиме.... би сакала италијански да знам :D
     
  8. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Шпанскиот покрај гледање на шпанските серии го засакав премногу па голем дел од сериите научив и нешто на www.duolingo.com
    Јазикот ми е премногу интересен и е сличен со многу други јазици.Покрај шпанскиот изучувам и француски јазик бидејќи акцентот ми е така привлечен и ете ај француски.Шведски знам,ама не многу.Онака некои зборчиња.Дека имам шведски соседи и еднаш шведски учев со нив онака од љубопитност.Англиски кој не знае денес?Гледајќи цртани многу кога бев мала,а најмногу Скуби Ду,е баш од Скуби Ду научив многу англиски.Хахахха,првиот збор на англиски ми бил дог и сум го научила од Скуби Ду цртанот,4 години кога сум имала.Српски разбирам ова она дека серии едно време гледав,ТВ и слично.Руски јазик знам само дасвидање,хорошо и некои зборчиња не се сеќавам во моментот кои,бидејќи брачед ми има жена од Русија. Американскиот кој е скоро ист со англискиот,се разликува со акцентот и некои зборови,си го шпикам хахахах дека полесен ми е некако.Не можам како Англичаните таму да кршам јазици,вака ќе си зборам лежерно и раат мозокот де.:smirk:
    Полиглот вака така станав хахаха:?::clap::lol::$
     
  9. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    6.377
    Пол:
    Женски
    Англиски перфектно, го учам од 4години со тетин ми кој е проф. и го зборувам како да не сум македонка. Знам и француски ,го учев во основно и брзо помнев од час. Има улога и мајка ми за француски пошто она го зборува . Албанскиот го знам супер . И јапонски учев 1 година во средно ..неколку зборчиња знам (facepalm)
    Германски знам..не којзнае колку совршено, ама да се разберам можам.
    Општо , ми одат јазици. Брзо учам и сакам да учам нови јазици.8)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.027
    Течно зборувам англиски и руски, солидни познавања имам на украински и шпански, а сега учам германски и урду. Следен на листата ми е шведскиот jазик.
     
    На Jordanovska-K и Val-Dim им се допаѓа ова.
  11. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    19.189
    Пол:
    Женски
    Знам англиски,германски и француски,а и добро владеам со латинскиот иако активно се зборува само во Ватикан..
    Обожавам јазици,тоа сакам и да учам.Радо би идела на курс да научам уште некој или да ги доусовршам овие што ги знам. :)
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.847
    Пол:
    Женски
    Освен српски, хрватски и бугарски, кои ги знаеме сите ние, знам англиски и по малку шпански, француски и влашки. Англискиот и францускиот ги учев во училиште, а шпанскиот го научив од гледање серии :D Влашки учев на курс.
     
  13. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Зборувам англиски, германски, шпански (но не се), српски и секако македонски
     
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne e zborenje jazik, obicni frazi i sekojdnevni razgovori.
    I po 15 god seuste ucam.
    Treba da ti dojde majstor za krov (krovadzija:?: po MK:rofl: (koj znae kako se vika)), aj objasni mu sto sakas se da bide napraveno.
    Pa toa ni na makedonski jazik ne go znam.
    Miljon slucki i potrebi od bankarstvo do vodovodziski spletki, kolenca, mutercinja, dihtunzi.....:rofl:, 300 gradezni matrakuki, profesionalni zborovi, za profesija koja kaj nas e izmislena imenka......
    E koga seto toa ke go znaete ^_^
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Точно. Неколку години активно учење си треба за еден јазик и за да не се заборави после да се вежба. Пет- шест збора не е познавање на јазик. Најмалку 600 збора од еден јазик се потребни за да комуницирате и се разбирате.
     
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Одлично го владеам англискиот, побогу студирам на англиски, смешно би било да не ми е скоро па совршен.
    Го учам од градинка, курсеви, на школо, читање книги итн.
    Шпанскиот го знам скоро толку добро. Од трето одделение го учам, почнав со сериите, премногу ми се допадна и почнав сама да учам и граматика. Одев на курсеви, па и двапати бев во Шпанија на интензивни едномесечни курсеви.
    Италијанскиот го знам доволно да се снајдам, да направам small talk. Го научив во средно. Сличен е со шпанскиот и немам многу потешкотии. Би сакала да си го доусовршам.
    Германскиот го учев со години и џабе знам да бекнам само Was ist das и Ich bin.
    Српскиот течно го говорам од мала, со оглед на тоа што пола фамилија ми живее во Србија.
    Ги сакам јазиците и сакам бар и француски да научам добро и руски. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Англиски одев 8 степени на курс па сега ќе продолжувам на fc. Уште од мала се научив на него, сепак опкружена сум со јазикот. А и секаде денес за работа бараат англиски
    Додека француски знам многу малку. Кога некој ми зборува едвај нешто можа, да разберам. а за јас нешто да кажам, ми требаат 5 саати за прво у глава да ја оформмам реченицата. Сепак не сум навикната на јазикот, ретко го слушам, и тежок ми е. Ама си решив сама да си го учам Инаку најубав јазик ми е :inlove:
    Феминки кажете некој добар сајт за учење француски? Ама каде што има и граматика, вокабулар, фрази, усно вежбање ? Ок малце претерав ама морам да го научам.
    Ако знаете ве молам линкче :)
     
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne ti repliciram, nego sakam da kazam deka so nekolku godini ucenje nisto ne se postignuva. Toa ne e majcin jazik, toa e vtor jazik koj do posledna vozdiska se uci.
    Sum zapoznala mnogu koj klemaat deka zavrsile Angliski i knizevnost vo svojte drzavi. Ok gramatika, ama zborovi, mnogu slab fond.
    Mozda ucat na fakultet, ama drugo si e koga koga ke se otvorat zivotni situacii pa treba da se snaogas.
    So 600zbora nisto nepravis. Ne se ocekuva od lugeto da komuniciraat so race i noze.
    So 600 zbora moze samo sadomiac da se raboti.
    Zatoa tie sto planiraat da ucat na istituciite nadvor od zemjava ili da ziveat negde nadvot, treba da bidat sooceni so vistinata deka jazik koj ne ti e majcin se uci do posleden zdiv.
    Pa i da ti e majcin jazik treba knigi da se citaat da se nadograduva istiot.
     
    На pdb123, SV1911, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Богами не ги знаеме. Ако ги разбираме не значи дека знаеме да ги зборуваме. Многи луѓе гледам се занесуваат дека ги знаат, а кога ќе се најдат во ситуација да го употребат, кршат јазик и лупаат глупости.
    Кај мене дома се зборува српски, па јас покрај српскиот можам да кажам дека незнам хрватски. Го разбирам но незнам да го зборувам. Бугарски па ич. Тој го разбирам до степен да се разберам со некого, но мнооогу зборови не им ги знам па го прашувам маж ми (тој зборува бугарски).

    Значи освен српскиот и англискиот кои ги владеам, германски имам основа и ништо повеќе, за жал. Јазици од кои разбираме по некој збор не го рачунам за знаење јазик.
     
    На veren, Lella, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.394
    Се сложувам. Јас во основно имав професорка по француски која граматика знаеше ама зборови не баш. Еднаш соученик ја праша како се вика хоби на француски, а таа одговара "Речникот не го носам денеска, ама мислам дека е исто со х напред". Еднаш дојдоа од обсе Французи во школо и сигурно мака видела при зборење, а тие којзнае што си мислеле. Во средно па имав обратен пример. Професорката скоро секое лето одеше во различни делови на Франција и знаеше во детали каде како се збори.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.