1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Англиски и француски.
    Пробувам сеа и германски на DW шо е курсот, некоја основа колку да се разберам стекнав.

    Посебно француски бев одличен. Не ни повторував дома пред тестови, али тоа беше поради тоа што пола клас учевме француски, пола клас германски. И само 15 луѓе бевме, професорката на сите ни обрнуваше внимание, ќе се случи и по 7-8 пати да те праша на час и останува во глава. И секогаш тестовите ми беа од 50поени сум добил 49,5 и ќе ме праша пред сите како успеа со 99% успешност да го решиш тестот? И срам ми беше да кажувам дека не ни повторувам дома, викам па учев и положив.

    Имаше натпревар, завршив втор али само првиот идеше на државен. И не продолжив на факс, сега е малку подзаборавено, али верувам за недела дена да седнам, пак ќе звучам ко од Париз да сум :P
     
    На Avokado и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Течно зборувам англиски и руски. Шпански читам, ама немам зборувано некои 2 години, така што тој го рачунам за средно ниво на познавање на јазик. Следнен јазик што сакам да го научам е грчки.
    Одговорот на прашањето зошто: Англиски научив затоа што е универзален јазик, а подоцна се запознав со мн луѓе од Австралија, Канада, Америка и Англија, па имав добра можност често да го употребувам и усовршам.
    Во средно учев германски, ама не го научив никогаш, затоа што „ не ми фати уво“.
    Студирав руски, затоа што цел живот сакав да станам професорка, а сум заљубена во Русија и се што е поврзано со неа, па изборот ми беше лесен.
    Грчки сакам да научам веќе неколку години затоа што мн интересно ми звучи.
     
    На Priroden и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  3. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Англиски,Шпански,Германски.
    Толку ама наскоро ќе го зголемам бројот :P
     
  4. Viki006

    Viki006 Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Англиски го знам најсолидно да речам, го учам веќе 10 години само што не сум полагала никој од сертификативе, дур не ми затребаат не фрлам пари :DШпански разбирам едно 80% сигурно, ама никогаш не сум го зборувала активно, француски иако го учам 5-6 години во школо да бекнам не знам, само ептен основни работи, италијански го почнав на курс пред година дена до 4ти степен сум негде горе долу го разбирам и зборувам.Српски (српско-хрватски) знам скоро колку и македонски, бугарски го разбирам, едно време и словенски разбирав дур пратев една телевизија, ама сум го призаборавила:D:D
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас не би се фалел, ама ај да си кажам кога за тоа е темава:

    1. Англиски (Британски)
    2. Англиски (Амерички)
    3. Бугарски
    4. Српски
    5. Босански
    6. Црногорски
    7. Хрватски
    8. Словенски (средно знаење)

    И сеуште не работам за некоја амбасада. :@
     
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    A kako vladees Angliski (Avstraliski):wasntme:
     
    На ForeverYoung, eloves и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Сеуште го немам усовршено. Ако го усовршам ќе го додадам во листата.
    Инаку ако нудиш работа во Австралија би го научил до утре. :D
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Браааааво. |(
     
    На mode-kristina, cooll, Snow-Star и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Полиглот на годината! :bow: :x

    (facepalm)
     
    На mode-kristina, Eli23, cooll и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Lella @Someonespecial Лелке, Спешалке, сега знам смешно ви е, бидејќи наброил јазици кои речиси нема кој не ги знае кај нас, ама сепак сите тие како јазици одделно постојат и не ги знае цел свет. Пр. на некој бугарски форум некој да рече знае бугарски и македонски и сите да му се смеат, демек исто е, на нас нема да ни биде смешно, т.е за Хрватите хрватскиот и српскиот не едно исто.
     
    На do-re-mi и Marick14 им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како го оддели црногорскиот како посебен јазик :)
     
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.275
    Пол:
    Женски
    Англискиот го владеам најмногу, го учам во приватна школа веќе 8ма година.
    Исто имам познавање и од српски,бугарски, хрватски нормално.Германски учам од 6то одделение али не можам да се пофалам со некој успех,, така да тоа би било тоа.:D
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Не велам дека сите ние ги знаеме, напротив, само мислиме дека ги знаеме, а кога треба да кажеме нешто д'ткаме. Ама овие четири што ги набројал сите заедно се сметаат како српско-хрватски.
    Утре ќе го прашаат колку јазика знае, ќе каже 8, а всушност знае само 2-3.
     
    На daylight, crimson и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Lella Сето тоа е во ред, но факт е дека како одделни ги признаваат и покрај тоа што се засниваат на српско-хрватски. Така да, на нас ни е невалидно, на некој од Белгија или Јужна Америка му е и тоа e :D
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Како бе знаете британски, американски, австралиски, новозеландски, јужноафрикански англиски.... хаха... И јас знам скопски, битолски, охридски, кичевски, велешки.... ехеееее, сите тие ги знам :D :D :D Црногорски, босански, екавски, ијекавски итн итн. Абе пусто, сите полиглоти тука.... А тие што знаете германски, знаете и австриски? А тие што знаете шпански, баш ме интересира дали знаете мексикански и дали си ги рачунате башка јазици.... уште аргентински да знаете, ѕверови ќе сте. А да... а португалски и бразилски или само едниот???? Не мешајте дијалекти со јазици ве молам! Едно е да кажете дека знаете еден јазик со сите нивни различни дијалекти... или некои специфични дијалекти од еден јазик... ама да си ги рачунате како башка јазици малку смешно е :D
     
    На mode-kristina, Eli23, cooll и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Хм... не баш. Многу им е гајле нив кои јазици ги знаеш тука, кога Белгија и Јужна Америка не ни слушнале за овие држави. А ако мислиш за во CV, е тогаш ако најдат некој да дупчат у здрав мозок дека сите овие се различни јазици и дека си „опасен“ чим знаеш нели 8 јазици, уште подобро. :)
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Lella Леле бе Лелке, дадов само пример да ја доловам поентата, не сфаќај се буквално :D Знам дека не им е гајле :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Jasno e deka se raboti za varijanti na eden ist jazik, ama vo soodvetnite drzhavi i toa kako se obiduvaat da povlechat distinkcija i sakaat jazicite da im bidat tretirani kako posebni (osobeno Hrvati, Crnogorci). Taka shto, koga navistina dobro gi vladeesh razlichnite varijanti, toa ti e samo plus vo CV-to.
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    А зошто да не го одделам, кога не е ист со никој.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.