1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Англиски, бидејќи е интернационален јазик.
    Германски, така-така, колку да се разбереме без да добијам ќотек!!
    Малку француски, пошто ми е омилен.
    Знам и кинески по малку, дури и пеев на кинески на прославата за Кинеската Нова година, ама симболите се претешки!!
    Српски, хрватски и босански не ги рачунам, пошто сите си ги знаеме.
     
    На ShawtyGIRL и Vitaly им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Полски - Мојот мајчин јазик.
    Македонски - Втор мајчин јазик (потекнувам од македонија)
    Англиски - Бидејќи е интернационален јазик.
    Руски - Бидејќи ми е омилен јазик.
    Српски - Многу ми е сличен со македонски па научив доста и од него.
    Украински - Во Полска живеев во украинска населба па од комшиите научив доволна за општа дискусија и нешто повеќе.

    Ми останаа Чешки, Словачки, Словенечки, Грузијски како најтежок за мене бидејќи и азбуката е различна и мојата мисија со јазици тука ќе заврши. :)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Англиски,српски,германски,италијански,шпански,албански
     
  4. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Mozebi prasanjevo ne e za tuka,ama ne znam kade da prasam,Dali nekoj ima uceno italijanski jazik vo dante aligeri vo skopje?ili da mi preporaca nekoj dobar kurs po it jazik vo skopje?
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Македонски и англиски од раѓање, екс-ју (освен словенски), не знам ни дали вреди да се споменат зошто не знам некој што не ги знае, потоа бугарски, шпански, разбирам по малку руски, и учам и латински бидејќи ми треба по струка, а и интересен ми е, иако е мртов јазик.
    Најголем предизвик кој сакам да го постигнам е да научам кинески, варијантата Yue во која спаѓа кантонскиот, само што е прилично тежок па не ми се наоѓа доволно слободно време за целосна посветеност.
     
    На Jacques му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Искуство некој да каже како е задоволен од Мондо-линк?
     
  7. Amaris

    Amaris Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    1.025
    Освен Македонски, Екс-Ју Јазиците и Бугарски, флуентно зборувам Англиски и Романски. Исто така знам и Француски и Германски, ама не многу добро.
     
  8. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Makedonski (majcin jazik), angliski dosta dobro, slovenski dosta solidno, srpsko-hrvatski, bugarski. Zelba mi e da naucam uste nekoj. Po moznost nekoj od skandinavskite.
     
  9. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Kolku e razlikata od polski i ruski, ruski i ukrainski, polski i ceski? Moze li da napravis nekoja razlika ako ne te mrzi? Dali prosecen covek od Polska razbira ruski?
     
  10. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Правилно е словенечки, бидејќи словенски јазик е и македонскиот, бугарскиот, српскиот, хрватскиот и тн.
     
    На Tanjamm, Novecento, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Од полски до руски голема разлика плус тоа и азбуката е различна. Руски и украински е како македонски и српски или македонски и бугарски. Чешки и полски исто така е слично. За просечен човек од Полска дали разбира руски незнам но со луѓето што сум имал контакт т.е кога живеев таму некои разбираа по нешто но азбуката им е проблем бидејќи е кирилица.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Jas od Belgrad patuvav preku blablacar so Poljak. Isto taka vo BG zapoznav drug Poljak. U pizdu materinu. Otkaceni lugje se Poljacite. Ne sum zapoznal los Poljak do sega. Devojkite im se mnogu zenstveni i ubavi. Rusite se dosta ponezgodni. Na sekakvi mozes da naletas.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Јас знам дека како што сите Јужни Словени се разбираат меѓусебе, исто така и сите Источни Словени се разбираат, а за Западните Словени не бев сигурен само дали Полјаците лесно ги разбираат Чесите и Словаците, ама еве ти кажа дека им се слични јазиците, што е и за очекување бидејќи сите овие јазици се западнословенски.
     
    Последна измена: 2 март 2017
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Англиски бидејќи е интернационален јазик за комуникација. Читање, пишување, изговарање апсолутно во се би се снајдела со англискиот.
    Шпанскиот го имам научено од шпанските серии. Разбирам перфектно некој да ми зборува на шпански, само малку имам потешкотии да одговарам.
    Германскиот така-така. Нешто ќе разберам и одговарам, нешто пак не. Иако според мое мислење германскиот мислам дека има најтешка граматика.

    За балканскиве јазици како што се српски и хрватски тие ги разбирам и можам да одговарам, само малку со бугарскиот некои работи не ги разбирам иначе со другото би можела да се снајдам.

    Е само имам желба да научам италијански и француски бидејќи ми се омилени. Многу ми се свиѓа нивниот изговор на зборовите.
     
  15. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Не се балкански јазици туку јужнословенски :).
     
  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    17.981
    1. Англиски - солидно
    2. Германски - солидно, се спремам за Б2 да полагам.
    3. Француски - доволно да се разберам
    4. Шпански - не знам кој не знае од сериите, да праша-врати
    5. Српски/ Хрватски - не ги сметам за странски, пола фамилија ми е таму, па немам проблем со комуникација.

    Сакам турски да научам.
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Англискиот јазик го владеам веќе подобро од мајчиниот. Правопис, граматика и интерпункција, изговор, акцент и повеќе сум склонна кон Британскиот англиски. Сѐ тоа благодарение на достапната литература која ја има на англиски.
    Гермаскиот се уште го учам, ама добра сум.
    Италијански моментално сум на А2 ниво.
    Француски сакам да научам и планирам да започнам годинава.

    Сакам да научам што повеќе јазици. Најлесно учам јазици преку читање книги. Пред некое време најдов страна на која има мали приказни за деца на англиски со превод на неколку други странски јазици, Трите мечки, Трите прасиња и сл. кои ми ги читале уште од мала, и ја додадов во букмаркс. Па ги преведувам и учам и вокабулар, и како се редат зборови, и најосновни работи во јазикот. Еве ако некој сака да ја погледне страната:
    http://italophiles.com/childstories.htm

    За усовршување почнувам да гледам емисии и филмови на тој јазик.
     
    На Daern и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Epov88

    Epov88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Јас ги знам југословенските јазици (македонски,српски,хрватски,босански,црногорски), а исто така знам бугарски и англиски, а разбирам италијански,француски,шпански и делумно шведски и португалски.
    Моментално учам шведски и ирски (галски).
    Незнам за курсеви ама јас си учам сам од интернет страници и според мене најдобра е Duolingo.
     
  19. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Некаде накај 7-8 јазици, што од курсеви, што од основно-средно-факс.
    Жалното е што не ги негував и сега сум за`рѓан.
    Југословенскиве не ми се тука на листава. Тие мислам дека секој ги знае колку толку.
     
    На eliesaab, IM.TMKQ и Outlook им се допаѓа ова.
  20. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Македонски, англиски и руски.