Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.934
    Пол:
    Женски
    Англиски знам одлично, француски солидно, шпански разбирам по нешто од сериите, и турски разбирам но не знам секогаш да вратам.:)
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Babybabygirl

    Babybabygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Македонски,единствениот јазик што целосно го знам.Сум учела англиски,француски но многу сум слаба со јазиците.Нејкам да се откажам сакам да продолжам да учам јазик.Искрено англиски сакам само да го научам за комуникација да се разберам,но искрено сакам друг јазик да научам префекно за да специјализирам надвор.Што мислите германски или француски? И може ли да ми пише некој во имбокс кој се разбира околу јазиците некој совет?
     
    На ShawtyGIRL му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ShawtyGIRL

    ShawtyGIRL Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Обожавам јазици, но сум многу слаба во нивно изучување. Англиски знам скоро одлично, баш граматика(тие посложените времиња) да ме бива- па и не ме бива, но разбирам се и знам да одговорам. Францускиот ми оди океј, го изучувам на училиште и баш да знам многу да зборам, не баш, не учат само формални работи. Исто и како сите вас, го знам бугарскиот(сакам да го усовршам и граматички, па да сум жива и здрава да студирам во Софија), а шпанскиот ми е љубов, амс никако да почнам да го учам, според моите ,,нема да ми треба, подобро да учам германски".... А за турскиот и полскиот живот давам, ама ни збор не знам нажалост
     
  4. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Романски јазик, т.е официјалниот јазик на Романија и Молдавија, limba romana.
    Англиски.
    Француски.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Англиски јазик
    Шпански јазик
    Шведски јазик - бидејќи живеам во Шведска, ама не ми е многу омилен јазиков, многу е тежок :(:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Знам руски,англиски и српски одлично,а уште се служам и со бугарски и албански,читам и пишувам на овие јазици само ми треба значително збогатување на зборовниот фонд и кинески кој го учам околу 4 и пол години во Македонија па затоа изучувањето оди побавно,а нема потреба да зборувам за неговата посебност и уникатност која не е налик на ниеден друг јазик во светот.Знам околу 1000 кинески идеограми(знаци) но за да можете да читате весници,да гледате телевизија ви треба минимум 2500 до 3000 знаци.Како и да е,се уште го учам.Инаку јазициве кои ги владеам ги научив спонтано без притисок да морам да ги учам заради побарувачка од работното место бидејќи голема страст ми е учењето на странски јазици и природно ми дојде да ги научам.Што се однесува до изговорот,тој ми е совршен во кој и да е јазик што се нафаќам да го изучувам и во тој дел немам никаков проблем.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Јас знам Англиски, Германски и Српски ако се важи.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Има ли некоја разлика меѓу српскиот и хрватскиот јазик?

    Знам само дека србите учат кирилица додека хрватите не... и дека хрватите имаат повеќе зборови со ј како на пример pesma - pjesma , svet - svijet итн...

    А има ли целосно различни зборови и реченици ?
    И пример ако може
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Има голема разлика, не само меѓу употребата на кирилица и/или латиница и додаденото ј на одредени зборови, туку општо во граматиката и различните зборови меѓу јазиците.
    Општо хрватскиот е малку поспецифичен и потежок за разбирање од српскиот.

    Примери за зборови:
    Stijenka - zid;
    Ošit - dijafragma;
    Zrcalo - ogledalo;
    Trenutno - momentalno;
    Cesta - put;
    Cijepivo - vakcina;
    Kruh - leb;
    итн.

    П.С.: малку си ја утнал темата за прашањево :D
     
    На Ariel и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.552
    Имињата на месеците во годината им се различни.
    илјада- tisuća
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Англиски знам одлично, француски знам да се разберам, а шпански знам и да враќам, во скоро време и граматиката на шпанскиот ја вежбам на онлајн курсеви, сакам да го доусовршам, секој јазик што се познава е плус богатство во животот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Англискиот го употребувам секој ден, го познавам и зборувам одлично.
    Можам да зборувам српски и бугарски. Знаев француски но го имам заборавено веќе, можам да разберам само ако читам.
    Шпански нешто разбирам и можам да вратам.
    Полски, грчки знам некои основни зборови....
     
  13. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Англиски разбирам но тежок ми е изговорот да речеме смешен;( италијанскиот го обожавам научив доста:l: сега сакам германски и турски да научам хоби:(учење странски јазици):D
     
  14. H.ava

    H.ava Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Англиски одлично, германски учам, а имам почетен курс по француски и италијански ама слабо ги познавам. Во основно учев руски но без зборување се заборава. Српски/бугарски нормално разбирам ама и тие не разбираат ако зборуваме македонски така да со нив немам проблем во комуникацијата.
    Познавањето јазици ми е битно за комуникација и разбирање во странство особено во земјите каде што се зборува германскиот јазик многу повеќе те ценат ако комуницираш со нив германски иако скоро сите разбираат и го користат англискиот за интернационална комуникација.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.064
    Пол:
    Женски
    Знам само германски и англиски јазик.
     
  16. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Англиски знам подобро од македонски, од мала го обожавав вокабуларот, полесно можам да се изразам.
    Српскиот и хрватскиот исто лесни ми се за зборење и разбирање. Не знам да ги пишувам.

    Во средно убаво ги знаев и германскиот и шпанскиот. Јазична избрав и кога ни дадоа италијански малце го измешав со шпанскиот. Сега и двата морам убаво да ги преучам.
    Често учевме и корејски со другарка, сеа многу поретко за жал, но се по ред.
    Сега повтарам знаење германски, а за 2 години се надевам да го вратам целосното знаење на ^^ јазици.(fingers)

    Многу сум амбициозна:sweat:
     
  17. Skorpija99

    Skorpija99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    4.801
    Пол:
    Женски
    Знам само англиски и германски.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Англискиот знам пошто го учев уште во прво одделение и ми одеше, а и сеуште го учам.

    Француски знам пошто сум запишана во билингвална паралелка, иако го учев од шесто до деветто не го обожавав многу, а и наставникот не знаеше убаво да објаснува. Кога дојде време за упис во средно во последен момент се решив да научам уште еден јазик, а за таа одлука ми помогна мој близок роднина, кој што исто така беше запишан во билингвална паралелка и навистина го засакав и многу подобро го знам сега.

    Српскиот го научив брзо пошто е сличен со македонскиот, а и повеќе пати имам отидено во Србија, но и на други места каде што сум била имало срби, па имам и срби пријатели. И хрватскиот е сличен со српскиот па го знам.

    Полски и бугарски разбирам, но не знам да комуницирам.
     
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Англиски знам солидно. Германски иако учев од шесто до прва факс, ми изветреа целосно од мозок. Српски разбирам и мислам дека би можела разбирливо да комуницирам :D.
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.112
    Пол:
    Машки
    Англиски солиден, Српски такоџе, другите екс- Ју јазици ги знам исто така затоа што се слични со Српскиот, освен Словенскиот кој моожеби го разбирам по малку, ама нема шанси да вратам.

    Норвешки активно учам веќе неколку месеци, сам, па го знам на некој бејзик левел, се стремам кон тоа да го знам и него одлично.

    Бугарски само разбирам, враќањето ми оди тешко, речиси воопшто не знам правилно да зборувам.