1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    сакам од септември да се запишам на италијански,па некој што учел и е задоволен нека ми препорача,само да не е центар за странски јазици.
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Знам англиски многу добро, германски колку да се размерам . Српскиот не го ни рачунам, и сите останати слични на него.
    едно време почнав турски да учам ама незнам зошто прекинав.
    На прашањето зошто незнам како да одговорам, или пак наједноставно зошто да не????? Сакам јазици, затоа тоа и студирам и да можам да земам уште 5 би зела..али може само 2 + 1 . Се што е плус во знаење не може да биде лошо.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секако дека јазикот е богатство, нашиот јазик треба да го негуваме и затоа се препораачува да се пишува на кирилица.
    Кирил и Методиј добро богатство ни оставиле.
    Од јазиците
    Англиски учам од 4то , две години одев на курс и го знам солидно.
    Француски учам од 6то и не е толку тежок колку што го прават, ако се седне малку и се размисли логички има некои работи кои што се многу слични треба само неколку работи да се запомнат напамет, зборувам за граматика, а мислам дека кај сите јазици нешто на памет мора.На пример наставката ент не се чита на крај и доста други додатоци. итн.Глаголите само се учат има значи инфинитив и секој глагол се менува различно во секое време по лице.
    Латински учев една година и требаше на натпревар да одам, ама не појдов, бев презафатена со други обврски и можам да кажам дека 70 % треба логички да се размислува на пример логички ако размислиш видео е гледа , а аудио е слуша.
    Бидејќи многу јазици потекнуваат од латинскиот ако е изумрен и не се зборува, тој е основа на некои јазици, и во македонскиот јазик има зборови кои имаат латинско потекло.
    Германски сакам да научам и не е груб , можеби така звучи, а и можеби сакам да го научам заради една друга причина.
    Шпански знам доста добра и научив од сериите и знам да се разберам.Знам да бројам до 10 , некои бои знам ,учев на нет сама :)
    Италијанскиот е сличен со Шпанскиот ама сепак изгледа некои зборови различно се изговараат.
    За Српски и Хрватски се знае, ги владеам доста добро иако имаат некои изрази кои ги имам прв пат слушнато ама како ги зборувам со нивниот акцент мхм, српскиот како и латинскиот има падежи.
    Најтешко од се е што латинскиот мора да се учи на памет, тие падежеите наставките за секој падеж посебно, башка еднина и множина ми стана досадно и не го учам повеќе.Латински им треба на тие што ќе учат медицина.
    На крај би додала дека многу зависи каков професор имаш и колку ќе се потрудиш да научиш, не мора да ти оди, вложи труд и напор и ништо не е тешко, ако се сака се се може.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Многу точно, јас во основно знаев перфект германски(тоа што до тогаш учевме). Во средно леле мајко таа професоркат абуквално лежеше на катедра, и нормално тапа бев па сеа си имам маки.
     
  5. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Znam Angliski, Budarski, Srpski, Grcki(epten malce i planiram da pocnam so ucenje od septemvri) i Germanski onaka malce :lol:
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    одлично зборувам англиски и шпански , исто така и францускиот солидно го владеам ( само ми е криво што ич не ни се погоди професорот во средно , па наместо напред одиме назад и тоа што го знаеме ќе го заборавиме :| )
    српски и сличните на него не ги ни рачунам , а грчки учев 1 година сега планирам да продолжам, исто и италијански сакам да учам :)

    сакам јазици, предизвик ми се ..сакам да научам и албански ;)
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Денес е многу важно да се знаат странски јазици,особено англискиот кој се бара да се знае речиси на секое работно место.Јазикот е богатство-за ова се сложувам дефинитивно.Секогаш сум сакала да учам јазици,не ми одело тешко да ја сфатам нивната литература и граматика.Во училиште исто-јазиците ми се предност,интересно ми е да ги учам и сфаќам и се гордеам со тоа што лесно запомнувам и разбирам.Некои мои другарки/другари викаат дека англискиот бил многу тежок за сфаќање и сл. ама сепак не се согласувам.Македонската граматика е многу потешка од англиската.Скоро перфект сум со англискиот јазик и планирам да го одберам како јазик кој сакам да го студирам на факултет.Солидна сум и со францускиот,не толку како англискиот ама сепак :) Српскиот не го ни рачунам затоа што е сличен на нашиот и лесен е исто така.Шпанските серии се може глупави,сите исти ама сепак помагаат.Од нив речиси перфект можам да зборам шпански,ми фали само граматиката да ја научам.Многу ми е убав и италијанскиот јазик и имам голема желба да го научам. :)
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Јазиците ми се страст и голема љубов :inlove:
    Англиски учам од трето одделение. Не можам да кажам дека го знам перфектно, ама целам кон тоа. Англиски ми е животот и го планирам како идна професија. Без проблем комуницирам со странци кои го говорат истиот, читам книги и гледам филмови без превод, а и граматиката одлично ја владеам.
    Германски учев од шесто. И џабе што го учев 7 години, кога едвај можам да напишам некое мало составче. Како што спомна некој погоре, до професорот е. Веќе за германскиот не би коментирала, и иако ми се чини е веднаш после англискиот во светот, пари да ми даваат не би го учела.
    Италијански учев две години по забрзана програма и искрено повеќе го владеам отколку германскиот. До професорот беше :) Преубав јазик, кој планирам да го доусовршам во иднина.
    Српски и сличните на него воопшто не ги рачунам, пошто се доста слични на македонскиот и дури чудно ми е како некој не ги разбира барем (еве не мора да знае да зборува).
    Во иднина дефинитивно МОРАМ да научам албански, па и некој друг, зошто да не. Викаат КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЗНАЕШ - ТОЛКУ ЛУЃЕ ВРЕДИШ.
     
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Богатство е да се знаат јазици, меѓутоа никогаш не сум била страсно приврзана за некој јазик... секогаш сум учела, бидејќи морало, а не бидејќи сум сакала. На курс по англиски одев од 5 години, така што добро стојам со англискиот. Шпанскиот го знам од сапуницине :D .
    Француски учев 3 години и е прелесен јазик.
    Српски и хрватски владеам добро :lol:
    Едно време бев „загреана“ за Италијански, па за Германски, но... не сакам германски, бидејќи некако ми е премногу груб, а италијански, бидејќи ми е премногу мек... не знам некако по живци ми оди... :x
     
  10. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    англискиот ми оди супер исто и францускиот а сакам да учам италјански па планирам да одам на курс иначе спанскиот многу добро го владеам :D
     
  11. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Оооо обожавам јазици.Најдобро од сите ги владеам англискиот и шпанскиот(сум одела и на курс по шпански,додека за англискиот сум немала потреба,бидејќи од секогаш имам пријатели американци :lol: ).
    Француски - одлична конверзација
    Српски,Хрватски,Бугарски - одлично познавање на јазиците
    Латински - одличен преведувач
    Албански - одлична комуникација,ама писмено сум тапа,речиси нижто не знам да напишам :lol:
    А многу сакам да го научам и италијанскиот,па кај и да е планирам на курс да се запишам :)
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    5.851
    Од 3то одд. одам на курс по англиски јазик.Во школо учиме и албански и германски.Албански знам по нешто,но и германски не знам којзнае колку,но има време ќе го научам :lol: .
    Од секогаш сум сакала да го научам францускиот јазик.
     
  13. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    па знам англиски,германски,шпански да не зборуваме за српски,хрватски
    знам по малку влашки,бугарски,италиански
    а сега од индиските серии го научив неколку зборови и фрази

    Најтежок е дефинитивно германскиот,а најубав италиаанскиот,а најмногу го мразам францускиот
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас сум скромна... си го знам македонскиот и англискиот ... :lol:
     
  15. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    mnogu sakam da ucam jazici,a mislam deka i dobro mi ide mnogu brgu ucam jazici .angliski znam odlicno,kako i poveketo tuka neli,posle razbiram grcki,ucev i germanski u skolo,a spanski od televizija :)tie srpski,bugarski i slicno mislam deka i ne treba da gi naveduvame,site gi razbirame. :) edino francuskiot ne go znam i ne me vleci da go ucam neznam zaso nekako ne mi zvuci ubavo. mozebi zatoa so ne sum go izucuvala.nemam poima.sekoj jazik sto go znaeme e bogatstvo i vredi da se nauci.bi sakala da naucam poveke i da go usovrsam toa so go znam,ama si treba slobodno vreme za da se posvetis na toa.a vredi.
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    па можам да кажам дека ми лежат јазиците, и многу ги обожавам ;) инаку најмногу ми одат шпанскиот и англискиот, а знам малку француски, па се српски, хрватски, бугарски :rofl: сите јазици ги сакам, па така да никој од нив не го мразам .. :rofl: :)
     
  17. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    :inlove: Ги обожавам јазиците, повеќе сакав да ги учам странските јазици него нашиот, :D се чудам како досега не го заборавив нашиот постојано зборувам некој друг јазик за да не ме разберат родителите :D ,уште на 13 години ги завршив сите 9 степени за англискиот јазик, најлесни јазици за изучување ми беа англискиот, францускиот и италјанскиот, :D го обожавам шпанскиот а предизвик ми беше да го научам германскиот и турскиот :?: дури несам ни сигурна дека знам се од нив аууу граматика од германски јазик страшна работа :( и секако кој незнае по нешто да напише и каже од српски, бугарски и хрватски :D па нели соседи сме :D
     
  18. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Англиски ми оди ептен, и перфектно го знам бидејќи одам на курс уште од прво одделение :lol: Дефинитивно ми е најомилен :) Германски знам најосновно, се надевам во иднина ќе научам нешто од курсов, ама рано е, тек 1 месец одам :D Шпански знам од сериите, српски и хрватски ги знам како мајчини јазици, бугарски разбирам, но не зборувам.

    Најомразен јазик ми е францускиот. Не можам да научам и точка. Трета година како учам на школо, знам да кажам како се викам и да прашам колку е часот |( Многу ми е тежок и глупав јазиков и не планирам никогаш да го учам повеќе.

    Желба ми е да научам италијански, латински и јапонски :angel:
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Имав на првите страници напишано дека го знам францускиот , англискиот . Го знам српскиот зошто пола србинка сум . Почнав годинава италијански , го владеам вака како за почеток и лесен е , многу ми е интересно кога зборам :$ Почнав и албански , мислев тешко ќе е ама ништо страшно не е . Потежок е од италијанскиот ама не многу . :)
     
  20. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Па англиски и француски зборувам течно, а имам 2 години учено и италијански само што имам заборавено доста работи бидејки не слушам воопшто италијански и тука секако е шпанскиот јазик со којшто израснавме :)
    А што се однесува до српскиот и бугарскиот се подразбира дека ги знаеме, слични се со нашиот, а и нон стоп ги слушаме особено српскиот.