1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Сакаам многу јазиици..се кајам што не завршив тоа...ама тоа е. :(
    Англиски знам одлично (одев на курс од 1 одд)
    Шпански научив од серии и тоа ептен добро, дури научив и да пишувам
    Француски учев 4 год у основно и 2 семестра имав на факултет ( ама јазик што го мразам највише, не ми се допаѓа) али колку да се разберам знам... :?:
    Германски учев 4 год. во средно и ништо не знам! :^)
    Латински учев исто у средно ни тоа не знам ништо ! ( и исто како францускиот па и повеќе не го сакам )
    Хрватски,Српски исто ги знам ептен добро...одличен 5 :lol:
    Сакаам да научам италијански!
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Англискиот ми оди најдобро. Велат дека е мојот најголем вроден талент . Никогаш не сум отишла на курс и откако постојам не сум отворила учебник по англиски а секогаш имам петки , и слободно можам да се пофалам дека го познавам подобро од повеќето професори што ми предавале . Во моето училиште секоја година има програма за размена на ученици , најдобриот ученик во генерацијата оди америките а вија довајџаат ваму :) Си немаме веќе иди ми дојди ми затоа што дојдоа видоа и видоа дека нема што да видат :?: Си се вратија назад а нас од сожалување и понатаму не прибираат , за да се чувствуваме како дел од светот ;) Имав понуда да заминам , и понекогаш , само понекогаш криво ми е што не отидов . Шок беше за сите , досега никој не се осудил да одбие .Цела година е многу време , знам друга прилика ќе немам ама тоа и не е за мене . Многу сум носталгична , ќе ми недостига мојот досаден живот овде . Ќе ми недостига мажето мое ..е па ќути си боље што не сум отишла :tmi:
    Шпанскиот исто така го познавам , кај од сериите , кај од новопечената невеста на вујко ми со потекло од Латинска Америка :)
    Српскиот го зборувам со оригинален врањачки акцент од мали нозе , природно беше да го научам половина семејство ми е таму.
    За останатите едниствено грчкиот не би го научила , не од патриотизам него едноставно ми е антипатичен :^)
    Германскиот би рекла и немав прилика подобро да го научам го учев две години во школо и тоа само основата , плус нередовни часови . Латински учев во прва година , само одредени поими а баш ми се допадна .Некогаш сигурно добро ќе го научам , многу сакам !!
    Јазиците ми одат , ептен добро , но не сум се покајала што ја избрав медицинската струка . Хуманоста ми е пред се :)
     
  3. Mikicka

    Mikicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    25
    како сите на форумов така и јас со воа англискиов знам српски, хрватски шпански од серииве ах ке заборавев да газам и рускиот кој што го мразам а морав да го учам 4 год :@
     
  4. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Учам само еден јазик - Англиски... Се си оди без проблем, ниту учам ниту одам на курс, јазикот ми е ептен лесен и лесно сватлив :) ОД 6то до 8мо учев Германски ама ептен тапа јазик ни збор не запамтив тие 3 години :D
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Знам англиски и германски. Не вреди да ги спомнувам хрватски,српски повеќето ги знаеме. Знам многу малку словенски ама повеќе да разберам отколку да зборувам.
     
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Англиски знам многу добро и тој ми е омилен јазик..... :)
    Учев и германски 3 години... :)
    Знам од шпанските серии шпански јазик.... :D
    А по малце знам и српски.... :)
     
  7. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Англиски,до некаде и германски.
    Малку латински,малку српски.
    А од многу гледање серии и шпански и како што тргнало учам по некој збор и на турски :D
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Англиски ми е веке како мајчин јазик :)
    Да не ги спомнувам и српски,хрватски,малце бугарски...
    го усовршувам германскиот,италијанскиот, и знам и по малце руски..
    и шпански од сериине, од поодамна, и индиски од она Бандини :D :D
     
  9. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Англиски - многу добро
    Српски - одлично
    Француски - учам од 6-то сега сум 4-та и само да се запознаам со некого знам ништо повеке
    Шпански - како од таму да сум
    Италијански - сакам да знам.
     
  10. hana.a

    hana.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сакам да се запишам на курс по Холандски јазик, но никако да најдам дали некаде во Скопје организираат курсеви. Ако знае некој нека ми напише. Благодарам однапред :)
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    Талентирана сум за јазици и цел живот ќе учам. Одлично зборувам англиски, па нали професионална определба ми е :) Грчки и италијански научив од курсеви и приватни часови, а пред месец дена почнав со шпански.
    Ги учам затоа што тоа ме исполнува и ме прави богата. Сакам да научам и турски, некако ми е посебен и мелодичен. А после него и албански, кој не ми е убав, ама корисен е ;) Во средно учев и латински и морам да се пофалам дека бев најдобра.

    Кој странски јазик ви е најомилен?
    Англиски

    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Не, не и не. Сметам дека секој треба да зборува барем еден светски јазик и многу ми е драго кога од странци, со коишто секојдневно комуницирам, слушам дека се воодушевени од тоа како во нашата мила татковина народот зборува англиски :clap:

    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    Француски. Многу ми е романтичен, никогаш не сум го учела, ама кој знае, може еден ден... Верувам дека и кинескиот е тежок, па нели ни кинезите не знаат колку знаат од јазикот свој :D

    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    Германски. Многу ми е груб, некако машки ми е премногу и воопшто не ми е убаво да го слушам. Никогаш нема да го изучувам.
     
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Никогаш не вели никогаш :D
    не се знае..
    мене германски ми е еден од поубавите јазици..јас сакам секогаш 'погрубо'..го сакам и францускиот многу,милозвучен е али неможам бе да се лигавам толку!! зборење ли е тоа...
     
  13. sugarplum

    sugarplum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    Многу ми оди со јазици и сакам да ги учам. Зборувам англиски, француски а сега почнав да учам и шпански :)
    Кој странски јазик ви е најомилен?
    Шпански ми е омилен затоа почнав сега да го учам
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Во никој случај. Мислам дека странските јазици се богатство и колку повеќе знаеш толку подобро.
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    ...сите оние кое имаат падежи
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    Германски - многу е груб и некако...грд :P
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Англискиот го знам добро- па на денешно време ако не знаеш англиски исто како да не знаеш македонски. Француски -учев 8 години и знам само да се претставам :D -некако ного ми беше глуп јазикот а може и до професорката беше што на сите ни пишуваше 5 :^) . Моментално го учам грчкиот и многу ми е интересен, завршив два курса сега од 1 ноември ми почнува 3 курс
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Знам одлично англиски и 70% шпански, разбирам италијански и германски, имам желба да научам турски (нз зошто), а најодвратен ми е грчкиот :D
     
  16. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    Англиски,Германски.Шпански научив од серииве и го знам многу добро :D.
    Кој странски јазик ви е најомилен?
    Германски :)
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Никако.
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    Грчки.Почнав и едвај некако :worried:
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    Француски.Не знам,не сум го сакала уште од мала :D
     
  17. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    Англиски,германски ама не застанувам тука сакам да учам уште јазиици.а ги учам бидејки знам дека се потребни во животот.
    Кој странски јазик ви е најомилен?
    Германски :rock:
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Секако дека не
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    Француски и кинески
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    Француски ]:) .незнам зошто ама ич не ми се допаѓа
     
  18. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Зборувам течно англиски и италијански, а од понеделник ќе почнам и со францускиот-мака ќе мачиме ама конечно се решив и тоа е!

    Не ми се свиѓа како звучи германскиот, нз зошто...
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ја збогатувам колекцијата со кинески. Епа испадна дека не бил така тежок како што звучи :)
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    од каде сега пак кинески? :D

    инаку јас да не бидам оф топик да кажам дека има некои зборови кои не ги знам на англиски, ама ги знам на шпански .. научив од сериите, а сега размислувам да се запишам на некој курс па да усовршам граматиката .. :lol: ама и англиски ме бива, не дека не .. убаво зборувам ... француски исто учам, ама потежок е :) сум размислувала и за германски, ама понатаму сега прво да ги усовршам убаво овие па после може и други :)