1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Министерството за образование тоа ми го овозможува ;)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Добро нема кој не знае Англиски. Јас течно го зборувам, го учам многу долго време.
    Учев и француски, ама не покажав осбен интерес. Сега кога ќе размислам можеби требаше на курс да се запишам.
    Понатаму, шпански знам, не да го зборувам многу течно. Само проста комуникација, основна.
    Добро, и српски и бугарски, ама тие се слични , па не е некој проблем.

    Секој јазик е богатсво да се знае, барем во денешницава тоа се цени премногу. Да можам би изучувала и повеќе, ама мора и на други работи да се концентрирам. :)

    Омилен јазик би ми бил веројатно италијанскиот кој веројатно нема да го учам никогаш, ама многу ме потсетува на мед и млеко :)
    А најомразен...па не го сакам германскиот, груб ми е, незвучен...и никогаш не ме привлекувал.
     
  3. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Хипица убав избор си направила.Јас веќе 2 години учам кинески и мене ми беше лесно во почетокот па потоа си го повлеков зборот.Навистина е тежок во смисла дека има многу знаци(за нивното пишување е битен редоследот која цртичка прва иде па која после неа...бла бла ако сакаш правилно да пишуваш) граматиката не е тешка зошто паметен народ си ја олесниле работата :D

    И да не бидам многу офф. завршив со учење англиски пред 2 години (сите курсови и положив тестови си добив дипломи) и го зборам перфектно.Исто така многу добро знам германски учам 8 години.Италијански,нешто малку албански и нормално српски,хрватски и малку словенски :)
    Предизвик ми е да научам арапски! :lol:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. feit4eva

    feit4eva Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Добро знам англиски, француски и германски.
    Онака, колку за комуникација знам шпански и многу малку албански.
    Имам желба да научам турски. И можеби во иднина италијански.
     
  5. Macedonian-Girl

    Macedonian-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Знам супер македонски, англиски и руски, разговорно француски и српски, разбирам шпански, португалски и белоруски. Едноставно ги обожавам јазиците. Нареден предизвик ми е германскиот.
     
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    -Англиски и француски,од италијанскиот јазик ја знам само граматиката а фондот на зборови ми е многу мал затоа што го учев само 2 години...
    Кој странски јазик ви е најомилен?
    -Италијанскиот,најмелодичен и најубав за слушање,исто како и португалскиот и шпанскиот....
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    -Апсолутно НЕ,се сложувам со она што рекле дека колку јазици зборуваш за толку луѓе вредиш.
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    -Мислам дека кинескиот можеби,незнам...
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?
    -Не постои таков,порано не го сакав германскиот јазик,ми беше некако тежок и груб но сега ми е сменето мислењето...
     
  7. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    863
    Знам англиски прилично планирам да се запишам на курс за да добиам диплома. Потоа шпански од серииве :lol: француски и латинка.
    Омилен јазик ми е германски па сакам да одам на часови да го научам.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се вели, колку странски јазици знаеш, толку пати си човек. Се согласувам. Но недај боже да наидеш на човек кој не знае ни зборче од билокој јазик кој го знаеш, џабе ти се сите јазици кои ги владееш :)

    Странските јазици ми се пасија од мали години. Родена сум како билингвалец, значи од многу мали години ги употребував и двата јазика во комуникација со родителите.
    Освен овие, ги владеам одлично и англискиот и францускиот. Омилен ми е францускиот, затоа што е милозвучен, секси, романтичен. Ама колку повеќе го учев - и сеуште го учам, толку повеќе доаѓам до заклучок дека е се потежок и потежок, поготово вокабуларот.
    Јазик кој постојано се менува поготово сленгот и кој во сегашно време прифаќа се повеќе англицизми и арабизми. Едно време на факс знам дека се исплашив кога си пуштив една француска рап песна - си викам, добро бе јас за џабе го учам јазиков од основно? Па ништо не разбирам!
    Освен тоа ги владеам сите балкански јазици, нели :) Италијански разбирам ама за жал повеќе не знам да комуницирам, ги владеам словенските јазици од средна европа, знам малку шпански, германски и унгарски - основна комуникација.
    Многу би сакала да го усовршам шпанскиот, премногу ми се допаѓа, или пак да почнам да учам португалски.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Знам да откачам зборови на :
    - Грчки
    - Француски
    - Италијански
    - Шпански

    Средно владеам со Германски

    А добро знам Англиски
     
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    англискиот го познавам најмногу, и тоа повеќето може да се рече од филмови(додека сите гледаа шпански серии, јас си гледав "салам" филмови), па и срамота е да не знаеш англиски, или да зборуваш како да си арап |( , или со помешани времиња :headbang:
    германски учам 5 години, ама сум тапа, само најосновните работи ги знам, дури и шпански повеќе знам од германски(од серанови :$ , па и лесен е јазикот)
    не ме тепајте, ама српски, бугарски и сл. не знам многу, ама не ни сакам да знам, ги знам само најосновните работи
    а да и на кинески знаев 2-3 збора лани, ама веќе ги заборавив
    едно многу симпатично дете знаеше да зборува, и го прашував зборови, ама глупав беше, па го баталив кинескиот
     
  11. Angelinam

    Angelinam Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Англиски и Француски :)
     
  12. Vannesa

    Vannesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Англискиот го зборувам перфектно, од мала секогаш сум сакала да гледам цртани на најсилно глас, па многу и од тоа се научив. Германски веќе учам 2 години, али не ми оди баш најубаво..незнам зошто али тој јазик никако да го научам како што треба. Словенски знам исто перфектно, оти сум запишана на факултет во Словенија. Шпански исто така знам активно да зботувам, бев 1 година на размена во Саламанка :) Сакам сега да научам француски (знам само така по некој реченица и да се разберам нешто) , кога бев за нова година во Париз, ме разочараја французите со нивното познавање на аглискиот..а градот е преубав и планирам уште долго време да одам на одмор во него..па зато реши да научам француски..
     
  13. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    хахах ве читам и се чудам (на тие проценти што напишале) дека совршено го знаат англискиот... Девојки и англичаните не го знаат совршено, не па вие :lol: :D Верувам дека сите го владееме англискиот прилично добро... и да не сакаш ќе го научиш, сите го зборат :) а за совршено.... |( шо знам.. ставам знак прашалник.. Мене јазиците ми се професија.. зборам англиски, француски и италијански, солидно :)
    Шпански малку научив од сериите и разбирам.. додека бев во америка се разбирав со латиноамериканците :lol: но не им ја знам граматиката а па да пишувам ич :)
    Не сакам германски, никогаш не сум учела .. ни па сакам сакам да научам.. многу “груб“ јазик ми е..
     
  14. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.265
    Пол:
    Женски
    Сакам странски јазици и ме интересираат,дури некои како што се Старогрчки,Латински...Инаку зборувам Грчки(го обожавам),Англиски,Шпански,знам по малку и Германски...тоа сега ми текнува...Најмногу го сакам ГРЧКИОТ
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Го владеам англискиот јазик и шпанскиот исто така го научив од сапуниците. Учам француски во училиште но го мразам, не можам да го слушам, незнам ни јас самата како истрпувам да го слушам 45 минути :envy: . Некако чуден ми е германскиот а сакам да го научам кинескиот, кој и да го учам цел живот мислам дека пак не би го научила :lol:
     
  16. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Сакам да прашам дали некаде на интернет пистои онлајн изучување на кинески? :^)
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    англиски и германски и горда сум на тоа :) му се восхитувам на лугето што знаат да зборуваат по 3 4 па поке јазици секоја чест ...
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Освен англиски и германски почнав и со италијанскиот пред година дена, а планирам и шпански ама понатака, сега немам кај да сместам термини цела недела ми е фул :D
    А ги учам онака, интересни ми се :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.684
    Пол:
    Женски
    Англиски зборувам како да ми е мајчин, германски ја знам граматиката е арно ама не знам да сврзам реченица. Знам перфектно да читам, а збор нема да разберам од тоа што ќе го прочитам.
    Француски би сакала да знам, ама ете, не сум имала шанса да го учам. Турски и грчки знам по нешто да употребам во конверзација.
     
  20. Camellia

    Camellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Зборувам англиски и француски и малку шпански. Најдобра сум во англискиот.
    Зошто??? Па секако дека ќе ми требаат, англискиот посебно за работа или пак кога ќе појдам во друга држава да се разберам.

    Омилен.... Англиски!
    Не е губање на време, баш супер е.
    Најомразен.... немам!