1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    да ви се пофалам почнав да учам и италијански,прекрасен јазик е многу ми се допага,а и добро ми иде. ;) сега од курс колку ке може да се научи тоа е друга работа,многу е поубаво да можеш да го учиш јазикот во земјата во која се зборува.ама сега да се стегнам за италија тешко. :D добро бев пред 5 години на неколку дена у италија,ваљда и тоа се рачуна :lol:
     
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    англиски и германски, само англискиот малку повеќе ми оди :lol:
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Да бидам искрена, само англиски. Немам ни време а ни пари за други јазици иако би сакала да учам италијански, ми се чини како интересен јазик. Српскиот и бугарскиот не ни ги сметам за странски, двата ги разбирам, српскиот скоро се, бугарскиот така така, српски можам и по некоја реченица асална да склопам. Англискиот го учам зашто и онака цел свет го учи, официјален е и потребен за секаде. Не ми прави нешто посебно мерак, ама не е ни лош. А и веќе 8 години учам, па можеби и затоа ми здосадил. Но, сепак убаво е да се знае бар еден странски јазик, јас сега и книга си читам на англиски и баш е добро чувството. Сите ме фалат заради тоа. ^^^
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Англискиот ме привлекува како јазик .Го знам добро иако не посветувам многу време за учење ..едноставно одвнатре ми идат зборовите ... тајната е што не бегам од часот по англиски кога другите неможат да ја поднесат Елизабета :)
     
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Англискиот јазик го обожавам. :inlove: Можам да кажам дека го знам 95% (да не се преценувам) :lol: :angel:
    Во школо учам англиски и француски. Францускиот го познавам отприлика 50%. Полесно ми оди со пишување и читање отколку отворена комуникација, но со текот на времето се надевам дека и тоа ќе го совладам.
    Летово учев германски сама дома, со помош на баба ми и бесплатни онлајн лекции на интернет со вежби, тестови и аудио.
    Шпанскиот го знам од шпански серии. Затоа повеќе знам да зборам отколку да пишувам.
    Многу сакам да научам и италијански и руски. :)

    Според мене јазиците се многу важни во животот. Џабе ти е да знаеш физика, хемија, биологија ако не знаеш јазик да се разбереш со другите, ништо не правиш... (со ова не ги потценувам другите науки туку ја укажувам важноста на јазиците)
    Професорката по француски ј. има обичај да каже: „Без јазик и компјутери денес си НИШТО!“ Јас го подржувам и делам нејзиното мислење.
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Англиски и руски...Англискиот го знам од што ме влечкале по курсеви и од школо :^) а рускиот од мајка ми (русинка) Учев и германски едно време ама престанав :whew: ме фати мрзаа :wasntme: Едноставно немам желба за јазици :|
     
  7. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Од странските јазици ги зборувам холандискиот,англискиот,шпанскиот,францускиот и малкѕ иналијанскиот .... (не ги сметам српски ,бугарски ... ) Мислам дека е добро да се знае повеке јазици... Сакам да научам индиски ... Инаку најтежок ми беше холандискиот .... Поздрав до сите =)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Кој странски јазик ви е најомилен? - Францискиот иако не го знам, ми звучи толку префинето...
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време? - Секако дека не е, немаш што да изгубиш само да се надоградиш да го збогатиш твоето знаење, напротив е многу корисно!
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас? - Кинески :D
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘? - Албанскиот и Турскиот, ме нервираат тие ШКЉ;Љ;бла бла, не го мразам, го почитувам еднакво како другите.

    Англискиот јазик одлично го владеам, го изучувам од мала и постојано се обидувам да си го усовршам и доведам до перфекција. Шпанскиот јазик исто така го знам, кратко време посетував курс, научив да пишувам и читам, а нормално големо влијание имаат и шпанските серии па можам да се пофалам дека и тој добро го владеам. Две години учев француски во школо, но школо како школо многу малце може да се научи знаеме сите нели... баш ми е криво поради тоа имам желба да го знам.
    Во план ми е да се запишам на курс по Германски јазик, сакам да го научам пред се заради огромната стручна литература која што е напишана токму на германски која би ми била во корист. Според мојата струка најчесто се работи се со Германски партнери па би ми било од голема корист ако го научам и тој јазик.
    Ме фасцинира и италијанскиот како и грчкиот јазик, би сакала и тие да ги научам.

    P.S. Како што тргнало времево со индискиве серии ништо чудно и тоа да научиме по нешто :)
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925

    Малку офтопик . Мимс , за албанскиот имаш право , многу ми е таков .. дури и кога читам не читам со акцент , грдо ми е :D
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе јазикот сам по себе не е тежок. Тешко е писмото.
     
  11. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.881
    Па прилично добро го знам англискиот јазик и едноставно го обожавам, исто така го знам шпанскиот го научив од серииите но планирам да одам на курс да го осовршам, во школо учам француски но него не го знам баш добро онака основните работи колку да не сум без ич. Иначе најповеќе сакам да учам јазици зашто мн ми е интересно и кога учам јазик не се заморувам туку едноставно тоа ме опушта. И мн сакам да научам германски баш ми се свиѓа јазикот ( можеби дека имав дечко од таму :P ) но незнам ниш од него се надевам дека ќе го научам :) .
     
  12. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Ајде и јас да се повторам, знам англиски одлично, не можам да кажам ПЕРФЕКТНО затоа што ни англичаните не си го знаат перфектно јазикот.
    Учам француски на училиште, повеќе ја владеам граматиката отколку вокабулар, но се стремам кон подобро.
    Уште малце ќе учам и италијански и латински, шпански разбирам од сериине (кој не?), а српски фала богу, ај да не знам.
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Воопшто не се сеќавам дали сум пишала во темава ама ај ја пак да си кажам .

    Англиски и француски одлично значи мислам на усна и писмена комуникација (незнам како точно сега се оценува познавањето на јазици).
    Балканскиве јазици не ги ни спомнувам сите ги знаеме.

    Латински учев во средно али не се брое нели не е жив јазик а и колку можеме да знаеме???

    Шпански како што рече некој кој не знае веќе? Потешка ми е комуникацијата али се трудам бидејќи и работата ми го налага тоа. И како и шпанскиот така сега и на своја рака си го учам португалскиот, разбирање океј ама за комуникација малку потешко какао и да е ќе треба да седнам да си го научам како што треба а не вака уличарски како што викам јас.

    Зошто ? јазиците ми лежат англискиот нели од мали не форсираа и ни е у глава така да... францускит го фатив на инат ми беше тежок и реков он мене? Е нема и си го учев во средно па студирање , директна комуникација и така. Овие другиве што од филмови што работа ама морам да ги научам правилно.


    Јазиците се богатство се надевам дека ќе научиме што повеќе.
     
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Англиски учам од трето одделение, одев и на курсеви и прилично добро го знам. 8 години учев германски, ама некако затаив откако завршив средно, па треба да се потсетам. Жал ми е што во средно не учев латински, некако осакатена се чувствувам зошто ми беше тешко римско право кога учев, за прв пат се сретнав со латински зборови. Италијанскиот ми е на мета, сакам да го учам, братучетка ми го има усовршено и вика дека не е толку тежок. Францускиот убаво ми звучи, ама нема шанси да го учам, премногу комплициран ми изгледа.
     
  15. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Од мала се стремам кон учење странски јазици и мислам дек имаат голема улога во животот.Татко ми еднаш ми рече : Секој интелигентен човек треба да знае да свири на најмалку 1 инструмент и да зборува 2 странски јазици со цел да ја искаже својата интелигентност.Јас лично многу го сакам Англискиот јазик, го изучувам од 7 години и сега го знам премногу добро. Усовршувам Британски дијалект(строго британски, да се разбереме :!: ) и догодина здравје и живот на натпревар :lol: .Секој странски јазик (независно дали ќе е Германски, Англиски или Арапски :D ) многу може да ни помогне во животот.Еве на пример јас имам голема амбиција да живеам надвор од Македонија.Во мојот случај странските јазици се пресудни за да можам да ги исполнам моите амбиции.Мислам дека човекот кој не сака да изучува странски јазици сам си ја одредува судбината со тоа што се ограничува во секоја комуникација во 21 век
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Уште од мала ми одат јазиците, па од 6 годинки почнав да учам Англиски, Француски мама дома ме подучуваше а и на факс го имав како редовен предмет, па сакав-нејкев морав да го учам, а и албанскиот исто така а и пред да се запишам на факс, се припремав за тестот по Албански па добро ми оди, иако повеке разбирам отколку што знам да зборувам :$

    Од другиве јазици Српски-комуникација ми оди, сама од серискиве филмови учам италијански и шпански, и разбирам и знам да одговорам секако :$ и ако дамнешна желба ми е да го изучувам Италијанскиот јазик, ама покрај тоа што не придонесувам финансиски, уште да се луксузирам ли???Некако не оди, можеби понатаму.А од Заводот за вработување имаат курсеви за Англиски и Албански основни, па сакам да си го обновам знаењето за Албанскиот јазик, сепак е предност да се знае кај нас :$
     
  17. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Јазиците ми лежат на срце и навистина се мојата втора љубов после книгите :* , односно книжевноста . Одлично го владеам англискиот јазик , а исто така ги владеам и српскиот , хрватскиот , шпанскиот и рускиот . Францускиот го имам изучувано но дефинитивно ми треба повеќе време , сега имам голема желба да го изучам чешкиот јазик но заради мојата работа во смени не можам да се запишам на курс за изучување но во најскоро време ке ја задоволам и таа неисполнета желба . За мене јазиците се предизвик и обожувам читање книги на англиски јазик , а кога имав 12 години водев дневник на англиски бидејќи размислував на англиски :$
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Не ми текнува дали сум пишала во темава ама ај да пишам сепак. :$
    Англиски учам 8 години и сметам дека го знам солидно. Имам прилично добар вокабулар, можам да пишувам убави состави на англиски, граматиката ја знам океј зашто граматика јас ич не сакам, ни во македонскиот јазик, а па во англискиот уште помалку. Литературата подобро ми оди. Сум прочитала една книга на англиски и имав некои непознати зборови, но битно ја сватив содржината и не ми претставуваше проблем да ја читам. :) Изговорот и акцентот нормално не ми се баш добри и чисти, знам се како се чита, ама сепак не сум од Англија или Америка па да зборам течно. Учам англиски од прво одделение и тогаш дури и подобро читав, такво малечко. :lol:
    Српски, да не напомнувам, се разбирам, за зборување така-така со наш акцент. :lol: Бугарски, паа, порано слушав многу нивна музика, па почнав да разбирам по нешто, ама за зборење тапа :x Ќе го терам дедо ми да ми кажува, он е Бугарин. :lol:
    Слушам руска музика, исклучиво t.A.T.u, па понекогаш си гледам на гугл превод на некои нивни руски песни на англиски, па поднаучив некој збор. И баш ми е голема желба да учам руски, не сакам веќе англиски, пукнав. |( Ај имам уште две години да учам англиски па после ќе се префрлам на руски. Исто сакам да учам и италијански, германски и турски. Убави јазици се.
    Шпански, еех порано кога бев малечка броев колку зборови знам на шпански, дури реченици сврзував. :lol: Порано, кога беа актуелни шпанските сапуници, повеќе знаев и разбирав, и сега разбирам по нешто ( ееј, човек јазик да научи јазик од серии, еве сега може и индиски и турски да поднаучиме. :lol: ) ама неможам да сврзам асална реченица.
    Албански знам по два-три збора (си живеам во таква средина со нив, па ете се учи по нешто) и нешто од пцуење. :$
    Турски исто знам по некое зборче ии така.

    Едитче. Учам исто и француски во школо, имам петка, ама неможам да го смислам. Толку ми е комплициран ии неможам да го кажам она р-то. Хахахха.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.692
    Пол:
    Женски
    Знам да зборувам

    Англиски - прво одев на курс од 9 годишна возраст па потоа продолжив да учам во основно и добро го владеам :)
    Грчки - го учев 1 година и научив доста работи ( почнав да го учам поради дечко ми т.е. сега маж ми ) :) и добро се снаоѓам и со грчкиот
    Бугарски - ме заинтересира јазиков пред едно 5-6 години од кога почнав да слушам песни на Планета :) од песни , филмови научив доста , солидно го знам
    Српски - кога би зборувала со некој на интернет на српски , би можела ама доколку размислувам..а ако почнам да зборам тогас ништо се ке измешам :tmi:

    Многу би сакала да го научам францускиот и шпанскиот јазик
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Англиски сакам да верувам дека го владеам и тоа прилично добро. Не да се фалам ама имам одличен изговор, пофалби и од професорката :D Како што ми кажа и она многу течно зборам, обрнувам внимание како изговарам и што кажувам. Дури еднаш ми има кажано и дека тешко приметливо е дека не ми е прв јазик според изговорот.
    Граматика колку што ми треба знам, ама до ден денес не знам да објаснам кога се користи некое време. Знам да го користам, ама објаснување? Никако. А инаку комуницирам супер.
    Знам луѓе кои идат по курсеви и слично, па пак знаеме на исто ниво, а јас не идам. Ич не го сакам патем, досаден ми е дека сите го знаат.
    Францускиов ми лежи на срце, имам амбиција да го научам и го учам, ама со школово и се, споро ми оди.
    Ми се допаѓа што ако решам да учам јазик кога го зборам се внесувам и обрнувам внимание да изговарам добро бидејќи сум перфекционист.
    Прво го вежбам изговорот, трескајќи глупости, после граматика. И еве граматика француски сум на не толку завидно ниво. Пуста иронија. Го обожувам.

    Учев бугарски и не сум горда на тоа! :D
    Се напнувам многу од тоа Идолот што уште некои луѓе мислат дека знаат. Или кога ќе се разборат нашиве на српски а благе везе немаат. :|
    Пишувавме на француски баш CV и сите ставија B2 ниво за бугарски,а азбуката не ја знаат.
    И латински учам поради школо. Сакам да го знам, ама многу тежок :@
    И ме нервираат особено сега со фејсбук многу ставиле: српски, српско-хрватски, хрватски, босански, црногорски, бугарски, шпански (од сериите), британски, американски.