1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aнглиски-знам прилично добро учев во средно,и само тој предмет имав највисока оцена,и сега ми се погоди да живеам во странство,каде што англиски мора да се знае,и најлесен според мене е :) шпански-нема некој кој не знае и да не сакаш,ке го научиш,имаме едни пријатели од Jужна америка и со нив понекогаш се зафркавам :lol: и овие соседскиве нормално дека ги знае секој :D учев француски 3 години,ама ништо не научив не се секавам ништо :tmi: германски-само 1 година јас и другарка ми бевме почетници,а другите во класот имаа веке учено и секогаш препишувавме од другите :swear: не сакаше ништо да ни покаже,и само некои почетни зборчина знам :^)
     
  2. MirandaFan

    MirandaFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Англиски - Од школо секако, го разбирам премногу јазикот, знам да сврзам конверзација, но не сум експерт. :D Но ќе си дојде се по ред. :)
    Шпански - Од сериите, но премногу добро ми е совладан што другарките многу се изненадени колку го знам и тоа само од гледање серии. Летово планирам да се запишам на курс за да ја научам и граматиката па целосно да го усовршам. :)
    Германски - Исто од школо, но го знам само за да се разберам со некој, знам граматика но за долги конверзации многу тешко. :D
    И од соседните јазици знам српски и бугарски. :)
     
  3. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Многу ми се допадна темава :clap: За мене учењето странски јазици претставува хоби едно од омилените и со задоволство прифаќам да научам нешто ново на било кој јазик :) Зборувам Англиски, Шпански,по малце Француски, Хрватски, Српски од Балканот и се стремам да научам Италијански, Словенски и Чешки ...
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Искрено им се восхитувам на луѓето кои знаат повеќе од 2 странски јазици. Мене странските јазици никогаш не ми биле јака страна и никогаш сум немала некоја голема желба за нивно изучување.
    Англискиот го изучувам од 4то одделение и прилично го владеам добро. Од Шпанскиот сите научивме по нешто од серииве а едно време се обидував да учам и на нет. Српски, Хрватски, Бугарски - не ги сметам за странски бидејки се слични со нашиот и се лесно разбирливи. Можеби некој ден ќе почнам со Италијански ... :)
     
  5. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Мене јазиците ми одат. Знам англиски, француски, шпански, и по некој збор на индиски :D. А за овие хрватски, српски ... да не збориме. Би сакала да научам чешки ( иако баба ми е од Чешка не сум имала можност да го научам овој јазик) :)
     
  6. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Англсиски нашколо што учиме, како што го учиме го совладувам материјалот така да добар е :D
    Француски исто така учиме нашколо учам 4 години а само BonJour знам, но наставничката е таква ништо не не учи. :swear:
    Српски нешто да се сврзам :rofl:
    и тоо :)
     
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Англиски од школо и курс го знам и можам да комуницирам .
    Германски од школо знам основното .
    Бугарски знам научив затоа што татко ми секоја недела ве водеше за Бугарија и од филмови .
    Српски малце и Словенски исто така.
    Желба ми е да научам италијански.
     
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Англиски - перфектно го знам,конверзации,граматика,зборчиња се знам :)
    Германски - од училиште го знам,не сум баш за конверзации,но граматика знам и можам да се снајадм :P
    Италијански - ми е интересен,сега брзо почнав да го учам :D
    Шпанскиот - да по даваа уште малку шпански серии може и целосно ќе го научевме :*
     
  9. Ragdoll

    Ragdoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Англиски,руски,шпански,германски...сакам да знам арабски :)
    Всушност сакам да бидам полиглот и сите јазици да ги знам бидејки ми одат јазиците.
    п.с.една небитна информација ама татко ми руски јазик научи од речник за неколку месеци,т.е. ако имаш желба ќе научиш :)
     
  10. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Јас зборувам хм..од прилика 5 јазици: Англиски,Италјански,Германски,Шпански...
    А највеќе си го сакам англискиот и супер го владеам :D Би било губење на време ако учиш јазици и потоа не ги користиш зошто јазикот брзо се заборава ако не го негуваш :)
    Воопшто не сакам албански јазик и германски - ептен го учам германскиов во школо. А одам на курсеви по англиски и италјански.. Прочитав дека повеќето од вас сакаат италјански и стварно е преубав јазик :) Многу сакам јазици и имам желба и размислувам тоа да се запишам средно, али не се задоволувам со тоа да бидам наставничка или преведувачка.. :worried:
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Го владеам англискиот, затоа што го засакав уште од мал, кога омилена занимација ми беше да ги имитирам цртаните ликови што се вртеа по телевизиите... Затоа и денес го учам на факултет. :)
    Исто така го учам шпанскиот, од едноставна причина што како иден преведувач, би било корисно да знам што е можно повеќе јазици, а јазик кој го зборува Шпанија и речиси цела Јужна Америка не е на одмет. Само што имам многу да учам додека да го знам на барем приближно ниво како англискиот.
    А животна желба (не знам зошто, едноставно сакам...) ми е да научам јапонски, па самоиницијативно подучувам, кога имам време. :)
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Знам Англиски, Шпански, Германски (сеуште учам) и сега почнав да учам Француски...Рускиот некои зборови разбирам, сличен е со нашиот, а сакам да научам Кинески :D
     
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Знам Англиски, Италијански, сега учам и Словенечки. Имам и основно познавање од Грчки и Француски јазик :)
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Англиски,германски,шпански, сега учам словенски,иако имам некое претходно знаење :)
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Гледајќи го фактот дека студирам Филолошки 95% го познавам англискиот, 50% италијанскиот, 40% рускиот и 20% германскиот од средно.
    Англискиот го зборувам течно, тука некаде е и италијанскиот и германскиот, а рускиот бидејќи го почнав од претходниот семестар само го знам и многу слабо го зборувам.
    Знаете, многу добра ствар е да се знае јазик. Но, за да се знае 100% мора да се отиде во матичната земја. Затоа јас многу сакам да ја посетам Англија (Кралицата :lol: ) и Италија. Ќе спикам, парлам инглиш и италиано и ќе си го усовршам. Би можела да се искористи таа понуда за Англија за 35 евра, но што правиме ако не ми дадат виза? Затоа, Ма4о4 седи си мирна можеби факултетот ќе те награди бидејќи си одличен студент :!:
     
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Англиски течно зборувам(го учам од мали нозе) дефинитивно и е мојата најголема љубов.Моментално учам и Италијански и супер ми оди сега за сега,знаам Албански (научив од комшивките)Француски и Шпански.А го заборавив и Латинскиот (тој спаѓа во изумрените јазици но сепак ми треба за на школо) :)
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    47.894
    Пол:
    Женски
    Англиски , Шпански и Руски тие и ги студирам :) знам и по нешто германски онака останато од средно ми е :D
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Англиски веќе 7 години учам и ќе продолжам да го учам, најверојатно и идна професија ќе биде.
    Знам и француски и шпански :)
     
  19. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    колешки ќе сме? 8)
     
  20. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Го владеам англискиот одлично. Учам на University for Information Science and Technology, St. Paul the Apostle, Ohrid, и таму наставата е на англиски јазик. Исто така, почнав да го учам и францускиот. Имав некое познавање од претходно, но бидејќи во средно немав француски јазик како предмет, не го усовршив. Отсекогап ми било желба да го владеам исто добро како и англискиот, затоа и се решив на тој чекор. Уживам во учењето нови работи, а особено ако се работи за нов јазик. :)