1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    ^^
    ^^^
    ^^^^
    ...

    Со сета почит кон сите фемининки погоре, но независно колку јазици знаете, не заборавајте и едно важно правило во македонскиот јазик, односно...
    Кога набројувате јазици, како француски, англиски, руски... -ски, сите се пишуваат со мала почетна буква, затоа што се придавки, ја дополнуваат именката.
    Пример: -Каков јазик учиш?
    -Учам убав/тежок/лесен/француски јазик.
    *Како што гледате, зборот „француски“ ја дополнува и опишува именката, исто како „убав/тежок...“ и затоа нема потреба да се пишува со голема буква. :)
    Ете така, а јас доста си попувам. ;)
     
    На SexyLady и Annath им се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Англискиот го знам доста солидно...сите курсеви ги завршив,си појдов од 3-то одд,и сите 8 ги завршив...сега сакам да полагам за да земам сертификат,па би замолила некоја да ми каже каде би можела да полагам,и колку би ме чинело :?:
    Италијански одев година и пол на курс тука во ск,во приватно училиште и знам нешто-онака основно,колку што можеш да научиш со 3 степени ;)
    Шпански знам од серииве :lol:
    Сакам сега да почнам со албански или грчки,и -то :)
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште од малечка ми одеа јазиците
    ги владеам: англискиот-го учев во средно и две години од студиите ми беа на англиски
    албанскиот-морав да го учам оти ми требаше и за тестирањето за на факс, и на факс како облигативен предмет ми беше
    францускиот-го учев како облигативен предмет по неколку зборчиња знам на шпански и италијански(научив од тв новелите) доволно да кажам неколку реченици :$ и да разберам кога некој ке ми зборува основни работи(без граматика) :$
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Англиски...одлично
    Грчки солидно...3 години курс, плус ,,милање,, со драгите ни соседи... |(
    Француски, добро, не го сакам јазикот, со оглед што имав проф. по Француски дома требаше одлично да го знам...
    Португалски, добро...2 години на курс, ми фали конверзација....
    Шпански, одев 1 година, само граматика, фонд си имам од сериите :lol:
    Во моментов почнувам Албански...иако се колнев дека никогаш нема да го учам...и тоооо...то би било то...
    а да...и Српски и Хрватски како мајчин, со граматики и све остало..... :tmi:
     
  5. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Француски течно и секојдневно, и англиски исто. Шпански разбирам од сериите, а руски онака учев во основно, ама не можам да се пофалам дека многу знам. :lol:
    Ех да знаете колку маки истерав со францускиот, леле боже, пред една година не знаев да се насмевнам на француски :@ А сега ми е омилен :wasntme:
     
  6. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Англиски течно..а француски ми е омилен,и убаво ми оди ама треба да поработам поинтензивно за да го усовршам...е добро де ама не можам од другиве предметишта..многу се,,.. :( ама ќе најдам начин ,ќе го усовршам..а инаку многу сакам..па кога ќе сум во можност ќе почнам шпански или италјански
     
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    од странските јазици познавам англиски и германски , а на француски знам некој основни работи :)
    немам некоја желба за учење на јазици , англискиот јазик е официјален каде и да одиш , јас планирам да се запишам на факултет во странство , па секако ќе ми биде потребен. германски учам на училиште , малку е потежок , за 2год. научив многу работи. :) :) :)
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Обожавам јазици иако не се запишав на филолошки.

    Англиски и шпански знам перфект и говор и пишување, и шпанскиот многу повеќе си го сакам од англискиот.
    Од останатите италијански и германски имам учено 4 години па знам нешто, нешто сум заборавила.
    А последнава година бидејки секојдневно читам на хрватски, и тој го имам усовршено, ако го сметаме за странски :lol:
     
  9. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Го владеам англискиот,германски перфектно и француски колку да идам у Франција, да можам да преживеам,грчки зборувам и разбирам, но тоа писмото глупаво неможам да им го научам,од секогаш сум била полиглот, а се определив на сосема различна струка.Не ги наброив Соединетите Држави мислам нивните јазици зошто тоа е веќе јасно дека секој втори го може..свесни ли сте дека во странство кога им кажеш колку јазици владееш зборам за некој од Македонија мислат дека сме научници,интелигентна нација сме без можност да се истакнеме :D
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Англискиот го владеам одлично, исто така и француски. Дури можам да кажам дека францускиот ми е поомилен. Учам и италијански и сега за сега ми оди одлично. Почнав да учам грчки, ама се откажав. Шпански знам од серииве и скоро се разбирам. :)
     
  11. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    многу обожавам странски јазици добро ми одат англиски и латински од германски имам малце познавање а италијанскиот ми е ептен омилен и за сега супер ми оди :)
     
  12. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    зборувам одлично англиски,но добро ми одат и германски и шпански ;)
     
  13. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Англискиот колку-толку го владеам,а сега почнав да учам италијански и супер ми оди :D преубав јазик е :rofl:
     
  14. HeartlySmile

    HeartlySmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    50
    Го занм само англискиот,иако учам француски ништо не занм а и не се потрудувамм не ми е убав..
    и од шпанските филмови знам нешто :P но би сакала да учам италјански,германски и грчки многу ми се убави :)
     
  15. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Англиски, Германски, Шпански и Романски сум течна или што би рекле Американците флуент :D
    Франуски ми е предизвик :D
     
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Најдобро ми иде англискиот, до некаде и германскиот и шпанскиот...
    Англиски сум почнала да учам од 3то одд, кога сестра ми повторуваше, и помагав нејзе, и така почнав да учам англиски, а веќе 3 години заработувам од тоа, значи преведувам, ама и го сакам јазикот.
    Најомилен странски јазик-англискиот.
    Не мислам дека јазиците се губење време, би сакала да одам на курс по германски, само бидејќи добро ми идеше првите 2 години во средно, и зошто да не го усовршувам, а многу ми се допаѓа тој јазик.
    Најтежок за изучување-арапскиот.
    Мразев српски јазик, ама откако почнав и од тој јазик да преведувам, и во тој јазик се вљубив, значи сите јазици ги сакам. Всушност, јазик кој никогаш не би го учела (колку и да ми е потребна) е ромскиот.
    И, да, се сложувам-јазикот навистина е богатство. :)
     
  17. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Би учела нон стоп по некој нов јазик ама не од потреба туку од љубов, значи сакам да знам.
    Го владеам англискиот, а германскиот и италијанскиот сеуште ги учам. Италијанскиот ми е ептен убав, кај и да е и на шпанскиот ќе се посветам некако слични ми се. Германската граматика ми е тешка но ќе ја совладам добро ми оди :)
    Одвратен ми е францускиот и ич не ми е убав ама за инет би го учела.
    Убаво е да се знаат јазици
     
  18. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    761
    Германскиот ми е веќе мајчин јазик, англискио го знам супер , и српски :D имам учено Италијаснки ама се сам забравила нешто не ме влечеше. Руски проба да учам ама мрзеше ме :D И така сега за сега тие ми се така највеќе шо ги знам. Сакам јазици да учам, дури се и запиша на Филолошки :) ама ај ке биде мош некој ден ке научам Француски ногу го сакам :)
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас одев на усовршување на англискиот јазик иако увидов дека имам талент за совладување јазици, ама ете повеќе бев насочена на мојата природно-математичка насока во текот на образованието, инаку да бев јазична сигурно поинаку ќе се ориентирав, меѓутоа пасија ми биле природните науки. На факултет го усовршував деловниот англиски посебно од областа на економијата и сум задоволна од себеси :) . Иако знам дека постои простор за повеќе не само за доусовршување и надградба на англискиот туку и за учење на нов јазик, ама се надевам дека ќе имам волја и време во некоја иднина посериозно да се зафатам со ова. Англискиот убаво ми звучи има огромен фонд на зборови и е најчесто изучуван странски јазик и според тоа практично е да се знае за комуникација на било кој континенет поради веројатноста дека токму тој е јазикот кој ќе го знае соговорникот барем делумно, ако не целосно.

    Француски и германски не ме влечат воопшто, иако првиот ми звучи некако интересно ама не се визуелизирам себеси како јас го изговарам некако не ми лежи на мојата природа или општество :lol: , а германскиов па дури и ми звучи одбивно од старт ми е како недефинирано надразнувачки шум на чувствителново увце.
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ги познавам англискиот(и тоа знам само да зборувам), шпанскиот (перферктно! со си граматика со си зборување и се друго), латински (како јазикот на медицината [традиционален]), француски, романски (ради факултетов тука ) и нормално руски :)