1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Хмм, па англискиот го ВЛАДЕАМ благодарение на курсот што го почнав од трето одделение , шпанскиот исто така (една голема благодарност до сите тие прекрасни шпански серии :lol: ), а солиден ми е и германскиот благодарејќи на школото. Се гордеам со себе :D
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Англиски- перфект
    Француски- перфект
    Шпански- перфект (освен пишување)
    Грчки- Солидно

    Ех ако не беа тие шпански серии немаше да го научам шпанскиов. Инаку сум имала можност да комуницирам на шпански јазик со една личност која живее таму и ми даде комплименти, мислеше дека сум посетувала курс а нема врска, многу е прост и едноставен. :D
     
  3. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Зборувам англиски, германски, француски (така- така, порано повеќе знаев, сега само разбирам), португалски (имав предмет на факултет, ама морав да го сменам)..

    Инаку обожавам јазици, уште од 5то одделение знаев дека тоа е мојата идна професија.. :D
     
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Па вака сега ако не ги рачунаме македонски, српски и хрватски ги познавам англискиот, шпанскиот, германскиот и го запознавам италијанскиот! :)
    И како зошто? Па заѓто јазик мора да се знае и зашто сакам да знам странски јазици!
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.748
    Допаѓања:
    38.671
    Пол:
    Женски
    Англиски солидно знам
    Француски уЧев 8 години а ништо незнам
    Германски поЧнав да го уЧам минатата година денес супер го владеам а и поради тоа што и секојдневно го зборам Супер го науЧив :D :D
     
  6. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Англиски завршив курс, шпански од серииве, албански сум 3 степен :)
     
  7. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    не ми одат јазициве многу многу ама се трудам :)
    англиски солидно, шпански доволно и грчкиов полека полека ќе го научам
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ми одат многу јазици јака страна ми се, одлично ги владеам англиски и германски. Латински знам, ама не е потребен во разговорна комуникација (освен во Ватикан). Овие српски, хрватски не ги ни сметам за странски, зошто се блиски со нашиов. Малку познавања имам од шпански и бугарски :)
     
  9. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Англиски знам одлично, Француски сум почетник, Шпански од серии и тоа е тоа...
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Англискиот го владеам одлично.
    Шпанскиот па пола-пола.
    Српскиот и босанскиот...па по дома цело време така зборам.
     
  11. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Англиски, секако. Потоа француски, шпански и италијански за колку да направам основен муабет и да се снајдам , и двата ми се прелесни, само што незнам да пишувам. Почнав пред две години да учам и германски, но сега освен „Hallo“ & „Auf Wiedersehen“ незнам друго. И баш ми е жал, се надевам некогаш ќе го научам како што треба, бидејќи се вели дека колку јазици познаваш, толку вредиш. : D
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    англиски француски и шпански :)
    и да грчки доволно за да ме изнатепаат коа ќе им отидам сеа летово :D
    и тоа што вие го кажавте нормално,српски,хрватски и да по малце словенски пошто ми е интересен
     
  13. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Јас зборувам англиски, италијански, шпански и германски...Најнеубав ми беше германскиот се додека не го научив, а дефинитивно најубавиот јазик на светот ми е италијанскиот :) ;)
     
  14. kiddie

    kiddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    зборувам македонски :rofl: , српско-хрватско-црногорски :rofl: , англиски, и француски
    имам и некое основно познавање на шпански што сама го учев минатиот распуст :)
     
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    * Англискиот го учам од 6 години. За неколку дена ќе полагам B2. Тоа е ниво пред знаењето на професорите.
    * Со германскиот јазик се запознав во 6 одделение и до сега супер ми оди.Течно го зборувам, го разбирам и немам никаков проблем.
    * Италијанскиот го знам малку. Во Април бев таму на една екскурзија и за 6 дена што научив тоа е. Всушност многу ми е интересен. Од година одам на курс. ( Ciao Bella. Ciao Debela :D )
    * Шпанскиот го знам како македонскиот.Започнав да го учам од сериите, но ми стана интересен па продолжив да го учам.

    Јазиците ги учам пред се заради себе. Како викаат " Колку јазици знаеш - за толку луѓе вредиш ". Јас познавам луѓе кои ги учат јазиците заради фалба. Јас ги учам со љубов. А и јазиците се дел од критериумите што и да работиш. :!: :angel:
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Не е да се фалам ,ама навистина сум талентирана за јазици. ;)
    И кинески да е ,ќе си ги поврзам некако изговорот и фацијалната експресија и за рекордно време - научено е :lol:
    Течно зборувам англиски ,шпански и српски (ако се смета веќе за странски јазик :lol: ).
    Подзакочувам на бугарскиот и францусиот ,ама ги разбирам добро.
    Во план сум да научам турски и италијански ,најомилените јазици :lol:

    А најомразен јазик ми е германскиот ,отсекогаш и засекогаш. Не можам да го поднесам оној нивни груб акцент ,никаква естетска вредност да се немало ! Исто и албански , од истите причини.
    Смеа ме фаќа од бугарски и руски ...Многу простодушно ми делуваат :rofl:

    П.С. Без навреди ,ве молам ! ;)
     
  17. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Во денешно време што повеќе јазици знаеш толку подобро :) бар така мислам јас.Англиски почнав да изучувам во 4то одделение досега фала богу не сум имала проблеми еве и баш неколку месеци волонтирам во една невладина како преведувач за мак-анг и обратно.Грчки почнав да учам покрај мајка ми слушајќи ја неа јас повторував :) и така малку по малку почнав да и да читам и почнав на часови по грчки(макар што тогаш многу луѓе се чудеа зошто воопшто го изучувам овој јазик).Германски изучував само 2години морав да прекинам поради финансиски причини,но сепак добив цврста основа така да кога се упишав на факултет немав проблем барем за основните зборови,азбуката на германски.Незнам зошто ама ама бугарскиот јазик ми е одвратен :puke:
     
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ги знам овие балканскиве српски и хрватски, англиски, германски, шпански, италијански и сега планирам да одам и на албански или француски. Ми одат јазиците и морам да кажам дека за жал подобро ги зборам и од македонскиот. Што е лошо, пошо во денешно време повеќе време им се посветува на странските отколку на нашиот македонски јазик кој што не е воопшто полош од другите. Али добро се разбира дека е супер да знаеш јазици, прво од лично задоволство, второ кога е во прашање вработувањето :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nikolika

    nikolika Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Без лажни скромности, јас навистина сум талент за јазици. Имам слух за било кој јазик а и изговорот ми е перфектен. Знам да зборувам англиски (и со американски и со британски акцент), шпански (научив и да ги разликувам латино-американските наречја едно од друго), португалски, српско-хрватски (и помеѓу нив добро ги препознавам разликите), разбирам и бугарски иако не го зборувам баш, по малку албански и турски (кој сакам да го научам во целост, може и ќе биднеше нешто да не беше проклетата синхронизација на серии :@ ), францускиот го разбирам едно добри 50 % но не го зборувам, германскиот (од школо), основни познавања и од други јазици пр.руски, романски и т.н.(мислам дека тоа не се смета зашто сите имаме колку-толку основа од неколку јазици) и тоа е се мислам, од прилика. Имам голема желба за учење на колку што е можно повеќе јазици, да е можно и сите би ги научила, па дури и грчкиот кој според мене, настрана политика, ама е најгрд јазик (барем од европскиве)... А, и добар преведувач сум :!:
     
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Англиски учам веќе 5 години и доста го владеам јазикот, да се изгубам некаде во непозната земја секако дека ќе може да се снајдам. :)
    Потоа шпански знам од серииве и од филм некој, исто и песни доста слушам шпански и го баратам без проблем, ама усно ова :D .Шпански не знам да пишувам и граматиката не ја знам, стручно така не го знам јазикот.
    Потоа француски учам во школо ама ми оди многу тешко, дали е до наставничката, дали е до мене ама ич не ме привлекува јазикот.
    Српско/Хрватски и тоа без проблем, го знам јазикот перфектно.
    И бугарски нешто, колку да се каже. :D
    Заклучок-Ми одат јазициве. :D