1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страшни приказни

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од LudaDevojka, 24 април 2013.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Маж ми додека престојуваше во касарната во Тетово ( беше во редовна војска , па доби прекоманда во Тетово ) добил стражарско место , кај с.Порој . Ми вели , цитирам :
    " Морничава слика ме пречека кога отидов на стражарското место . Малку позапуштено беше таму . Околу мене само шума и хангар . Војникот кој го чуваше хангарот си одеше после 16:00 часот , а јас останував сам . Правилата се , несмееш да палиш цигара , никакво светло да немаш . Седам јас така и околу 3:00 часот по полноќ слушам чекорење на човек . Викам : " СТОЈ ! " Не застанува , сега се умножија чекорите , не беше еден , повеќе луѓе беа . Повторувам : " СТОЈ , ЌЕ ПУКАМ ! " Не застанува . Се јавив на колегата на соседното стражарско место да одам таму . Првата ноќ ја поминав кај другарот . Утредента , на доручек еден од старешините раскажуваше за војната во 2001 . Раскажуваше како касарната од таа страна била нападната од Албанците и како војници од касарната пукале кон нив за да се одбранат . Пукале со топови и тешки митралези , по што на жицата има големи дупки . Таа жица сеуште стои , само е прекриена со нова . Старешината ни кажа и да не тревожиме ако ноќе слушаме звуци на тоа стражарско место . Тоа се оние луѓе кои ја нападнале касарната . Луѓето на кои телата 7 дена им виселе на жицата . Години наназад , се слушаат звуци на шетање по хангарот , а нема никој . "
    Незнам дали сонувал или не , само знам дека оттогаш наваму верува во натприродни сили .
     
    На Arthur, Tinushka, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  2. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    12.565
    Пол:
    Женски
    1. Тунелот "Sensabaugh" во градот Тенеси во САД, предизвикува страв кај локалното население. Познат е како проколнато место на кое се случувале страшни работи. Еден урбан мит вели дека во тунелот биле убиени многу деца на различни начини. Луѓето тврдат дека во тунелот се слуша детски плач.
    Приказните одат до таму што некои сведоци изјавиле дека на крајот од тунелот, на својот автомобил имале отпечатоци од детски раце.

    2.Жена ми синоќа ме разбуди да ми каже дека сме имале натрапник во куќата. Таа беше убиена од натрапник пред 2 години.

    3.
    Додека некој човек резервирал соба во хотел, рецепционерката му рекла дека додека оди кон неговата соба ќе забележи друга соба без број на вратата и дека никако не смее да се обиде да влезе во неа. Човекот се согласил, но заинтригиран од нејзиното чудно предупредување одлучил да се обиде да ја отвори кога стигнал до неа. Не успеал, па затоа ѕирнал низ клучалката. Немало ништо необично во неа. Собата била иста како и неговата, само што тука имало жена со бледо лице која лежи на креветот. Не наоѓајќи ништо чудно, продолжил по својот пат.
    По неколку дена пак поминал покрај истата соба, но повторно не видел ништо. Овој пат не успеал да ѕирне низ клучалката затоа што гледал само нешто црвено. Немало никаков предмет или човек, само црвена боја. Било исто како да гледа во црвено платно или црвен лист хартија. Не му било јасно зошто рецепционерката го предупредила за собата и решил да ја праша кога се одјавувал од хотелот. Таа воздивнала и му објаснила дека пред многу години во таа соба некој човек ја убил жена си и нејзиниот дух сега го прогонува местото. Таа изгледа многу бледо, освен нејзините очи кои се целосно црвени.

    4.Докторот му кажа на ампутираниот човек дека може одвреме-навреме да чувствува како раката да е сè уште на него. Никој не го подготви доволно добро за моментот кога почувствува како студени прсти му поминуваат по неговата веќе непостоечка рака.

    5.Откако се вратив од работа мртов уморен, видов како девојка ми го лула нашето бебе. Не знам што беше позастрашувачки, тоа што мојата мртва девојка го ниша нашето мртвородено дете или фактот дека некој го обил нашиот стан за да ги внесе.

    Се извинувам доколку некоја приказна се повторува, немав храброст да ги прочитам сите...:shake::|:worried:
     
    На bicycle, dahlia_desire, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Ја нема веке 2 месеци.


    Него сите вас што ви десило вакво нешто, сте чуле за темјан, босилек и смил?
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Само мене ли овие приказни не ми се страшни? Некако чуени ми се веќе 100 пати, не верувам во нив.
    А таа сликата коментирана овде, навистина ви се чудам кај видовте сенки, жени и сл. Јас еве гледам 10 минути освен врата и прсти ништо страшно не гледам. Ете што ти е мозокот, она што сакаш да го видиш, или она во што сакаш да веруваш, тоа и го гледаш.
     
    На CameliaMiller, Arthur, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    2017-01-30 22.49.35.jpg eve ja slikata osvetlena..pa na prv pogled i jas nisto ne vidov cudno,odkako imase zaokruzeno kade e demek likot mi zalicuva i mene na zenska figura,no moze da e odraz na senki od nekoi predmeti..
     
  6. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Jas nisto nigde ne gledam ...
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Draginja

    Draginja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Ama bas nisto ne gledam,I osvetlena I neosvetlena nema nisto strasno ili cudno...
     
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    IMG_20170203_025025.jpg
    Или е предмет некој или нз шта речи.
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    E dobro de,ama se zapnavte za slikata,koj videl videl,koj ne,zdravje..mozno e da e statuetka,na nekoj predmet mi lici..
     
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ова со невестиве и девојките со палтата најпознати. Во секое село и градче ги има..
     
    На Donatela.W, Draginja и biGirl им се допаѓа ова.
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Вистина е ова го знам местото многу пати имам поминато и стварно е морничаво еднаш со дечкото го чекавме другарот што куќата му беше до тоа место кај што се вика дупка во тој момет осеќав како напнатос и страв.Другарот ја кажа цела приказна и дека е вистина тие се појавуват за да ги тргнат децата од тоа место за да не настрадат.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Верувам во надприродни сили што и ми се има случено.
    Еден летен ден што беше пекол јас и братми отидовме на грбот кај мојот херој мојот дедо.Рековме ајде ќе отидеме ќе запалиме свеќа на кратко и ќе си отидеме.Дојдовме запаливме свеќа седнавме тогаш немаше ветер никаков.Само беше пеколно се свртев сите свеќи се угасија во тој момент и се запалија повторно срцето ми застана,ден денес се прашувам зашто што ли било дали било некој знак а можеби и било.
    По неколку години додека спиев само се свртив од др страна на креветот и некој клечеше до мене многу се исплашив си реков можеби дедоми дошол.Бев на бајачка,по цркви и ден денес спијам со запалено светло.
    По некое време ми се случи нешто многу страшно ,си помислив дека дедоми дошол да ме спаси и да ме тргне ама јас не го послушав.
    И ден денес се борам со темницата и со соништата.

    -Девојката без израз на лицето
    Во летото 1972-та година, една болница примила девојка со бел крвав фустан, што кај персоналот предизвикало страв.

    Девојката била бледа, а на лицето имала растурена шминка. Освен со очите, таа не правела други движења со лицето, и изгледала како кукла од излог. Нејзината појава ги вознемирила докторите, кои решиле да ја врзат за кревет и да повикаат полиција.

    Тогаш се обиделе да и дадат седатив, на што жестоко се противела. Го свртела лицето кон докторот и се насмеала.

    Кога ја запрашале која е, девојката одговорила дека е Бог.
     
    На Meckicja, Arthur, Draginja и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Има една со околу 666 варијанти, најчесто типката се вика Марија (не знам зошто)

    Значи некаде пред некои 5,10,15 години, во околијата на Прилеп или Крушево или беше Паланка не знам точно, си возел шофер по гадно невреме и гледа покрај патот млада, убава, накисната женска особа која автостопира. И застанува ја качува ја прашува на каде оди, оваа му кажува пример Битола, и тој оди натаму, се е во ред.

    Муабетат онака да пројде време доаѓаат Битола и пред да се симне Марија му дава прстен некаков демек пошто не сакала да се вози за џабе, не била така научена или како и да било, важно му дава прстен (во други верзии заборава нешто во камионот)

    И животот пише романе, шоферот си вози наоколу со камионот кога еден ден пак навраќа во Битола и му текнува за прстенот и си вели дека е најарно да и го врати пошто вреди повеќе него вожњата, не е поштено да го продаде...

    И му текнува дека Марија му кажала каде живее, типот оди таму, ѕвони на врата, излегува постара жена и овој ја прашува дали тука живее Марија...
    Жената почнува да паничи, си мисли дека типот ја трола или дека е морбиден манијак. Ама гледа дека на шоферот ништо не му е јасно, дека не е трол и му кажува дека Марија (там там таааааааам) е умрена веќе некои шест години.

    Ајде го вика внатре, слатко од капинки па муабет и испаѓа дека Марија загинала во сообраќајка баш на делот на патот каде што шоферот ја видел како автостопира...

    После има неколку правци причата, во една ликот никогаш не возел повеќе оттаму, во друга возел секогаш оттаму во надеж дека пак ќе ја види Марија, во трета варијанта и тој загинал баш на тоа место и така...:devil:
     
    На Amona, Arthur, RainbowButterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Дешавкава е вистинита, според мој, сега веќе починат, добар другар.

    На враќање од викендица, по автопат, тројца другари меѓу кои и тој, околу 1 часот утрото, прават кратка пауза. Им се приближува човек, облечен во црно и со капа на главата. Другар ми му кажува добро вечер. Човекот застанува и не кажува ништо. Ликот не му се гледа убаво, оти главата му е цело време надолу. Двајцата другари го прашуваат со кого зборува. Тој не одговара ништо и носи заклучок оти нему му се причинува, пошто човеков никој не го гледа. Влегуваат сите тројца во кола и продолжуваат со возење. Другарот вози и цело време на ретровизор го гледа човекот, кој е од надворешната задна страна на колата, а се движи со брзина на колата. За целото тоа време, ништо не им кажува на другите. Двајцата други не забележуваат ништо, а ова трае се до 4, 5 утрото, кога веќе почнува да се разденува. Тогаш го снемува човекот. По кратко време, другарчето доживеа страшна сообраќајна несреќа, во која на жалост прерано го изгуби животот.

    Кај мене во маало, имаше порано фото студио кое беше во сопственост на комшијата. Човекот знаеше да работи и ноќе. Така една вечер, околу 2 часот по полноќ, кај него во студиото влегува девојка облечена во венчаница. Му вели, те молам побрзо да ме сликаш, утре правам свадба. Комшијата одбива оти ноќе не сака да прави сесии, а само развива слики. Девојката инсистира, човекот попушта. Таа излегува, а тој веднаш ги вади сликите. На нив нема ништо. Како да сликал празен ѕид, со исклучок на 2 фотографии каде јасно се гледа бела силуета, која седи на столчето за сликање. Човекот ова и го раскажува утредента на продавачката и се колне дека е вистина. Веста се шири со брзина на светлината. Тој го затвара студиото, а по кратко време се разболува.
     
    Последна измена: 23 април 2017
    На MarigoldA, Nigredo Odor, Amona и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Причава ја знам во малку поинаква верзија. Девојката е премрзната, а типот и го дава палтото и ја носи дома. Таа му кажува да се врати за некој ден да си го земе палтото. Кога иде типот кај неа на врата се објаснуваат со родителите дека таа е мртва веќе неколку години. Во не верување го носат типот на нејзинот гроб, каде тој си го наоѓа палтото.
     
    На Meckicja, Arthur, RainbowButterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Постои и верзија со млада невеста по име Лидија (!?) која што на разни начини влегува во кола и не прави муабет со останатите и на пола пат исчезнува, исто умрена одамна...
     
    На Arthur и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство за другарот, ама мене едно не ми јасно ако другарот кој што го гледал човек не кажал никому за случкава како сега кога е починат вие ја знаете? Или јас не разбрав нешто убаво.
     
    На LadyC и Petar80 им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Оти кажува по дешавката, не за време на дешавката. Утредента, да речеме. А после неколку дена се случува сообраќајката.
     
    На Arthur, RainbowButterfly и 1209 им се допаѓа ова.
  19. blackkittyy

    blackkittyy Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    1. Ме праша зошто дишам толку тешко. А не бев јас.

    2. Последното нешто што го видов беше мојот будилник кој покажуваше 12:07, точно пред таа да ги зарие нејзините долги скапани нокти во моите гради, со другата рака придушувајќи ги моите врисоци. Седнав исправен, благодарен што е само сон. Во истиот момент, погледнав во будилникот кој покажуваше 12:06 и слушнав како се отвара вратата од плакарот.

    3. Мoјата сестра ми вели дека мајка ми ја убила. Мајка ми вели дека немам сестра.

    4. Бејбиситеркaтa пo телефoн ги прaшувa рoдителите нa децaтa дaли мoже дa јa пoкрие стaтуaтa нa клoвн, бидејќи е мoрничaвa, тие и oдгoвaрaaт дa ги земе децaтa и дa бегaaт, бидејќи тие немaaт стaтуa нa клoвн вo куќaтa.
     
    На Arthur, Draginja, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Да ја " оживеам " темава малку :D

    „Кога се преселувавме од Германија во Америка, мојата три годишна ќерка ми рече: „Мамичке, ќе ми недостига Ана“. Постојано размислував која е таа Ана и од каде ја знае мојата ќерка. Откако не можев да се сетам, решив да ја прашам. И зажалив. Никогаш нема да ги зборавам зборовите на ќерка ми. Додека си ја поставуваше масичката со играчки, ме погледна, ми се насмевна со најобична насмевка и ми рече: „Знаеш, девојчето што излегува од под мојот кревет за да си играме“.

    „Бев на посета кај моето семејство за време на зимскиот распут, пред околу 5 години. Одев во вц на вториот кат во куќата на мојата тетка, кога ја видов мојата братучетка Ана како седи на скалите. Ја запрашав што прави, а таа ми рече: „Ја имитирам жената со плетенката“. Погледнав наоколу, немаше никој освен нас. „Каде е таа жена, Ана?“ - ја запрашави исплашено. Таа покажа со прстот на една греда на скалите. Повторно ја прашав: „Што прави жената?“, а таа рече: „Ми прави гримаси“. Се насмевнам и започнав да слегувам по скалите кога Ана рече нешто што ме преплаши. „Нејзините плетенки се околу нејзиниот врат“. Се свртив назад и и` реков на Ана да повтори што рече. „Нејзините плетенки и` се околу вратот, а жената виси на плетенките и прави смешни гримаси“. Потоа Април започна да прави гримаси од кои сфатив дека некој нема воздух“.

    „Пред неколку години, кога ја заспивав мојата 3 годишна ќерка, таа ме запраша зошто треба да спие. „Затоа што е доцна и е време малечките девојчиња да се одморат“. Во тој момент таа со малото прсте покажа кон ѕидот во собата и рече: „Дали тоа важи и за она мало девојче?“

    „Мојот помал брат постојано зборуваше за нашиот дедо кој почина уште пред да се роди тој. Така, правеше работи што обично ги правеше мојот дедо (го допираше носот со јазикот, го вртеше увото и други работи со кои ние децата се смеевме). Кога го фативме како ги прави овие работи, тој рече: „Ги научив од дедо пред да се родам“.

    „Минатото лето бев на роденден кај 10 годишниот братучед на една моја пријателка со кој постојано си играм и се согласуваме одлично. Обично тој сака да играме фудбал, меѓутоа таа вечер беше различно. Го забележав како седи сам на верандата, па му пријдов и го запрашав што прави, на што тој одговори: „Навистина би сакал да го направев правилно“. Збунета, го запрашав: „А што да направиш правилно?“. „Па би сакал да ја прободев мајка ми. Наместо тоа, фрлав тули“.

    „Едно утро мојата ќерка дојде во дневната соба со книга за природата велејќи дека има прашање за мене. Ми покажа слика од голема змија како јади жаба и ме праша како може змијата да јаде нешто толку големо. И` одговорив дека змиите можат да ги прошират нивните вилици и да изедат нешто поголемо од нив.

    За момент се замисли и ми рече: „Така изгледа дека прави жената која постојано гледа на мојот прозорец“.
     
    На Draginja и LadyC им се допаѓа ова.