Мост Едно семејство сочинувајчи го мајка, татко и син оделе на одмор. По пат сретнале мост на тој мост ги застанала една жена која од нив побарала да ја однесат до дома. Тие се согласиле. Кога стигнале заѕвониле на вратата. Излегол нејзиниот татко, му кажале дека ја донеле неговата керка а тој одголворил дека таа умрела токму на мостот каде што ја нашле. Кога се вратиле во колата девојката ја немало.
Јас, мојот другар, мојата другарка седевме на клупата во 12.00 часот. По неполни пет минути ни се приближи еден странце. Во тој момент тој почна да не прашува за различни работи, дали не е страв и слично. Наеднаш се сврте кон мојот другар и му рече: Ти е викаш Филип имаш 15 години теткати више пет години е во брак и не може да забременее. Утре јавете ми се на овој број ... и теткати во среда ќе забремени. Ние сите бевме зачудени и исплашени, најмонгу зошто тој ја тоа му го кажа на филип што беше и точно. Утредента во вторник ние свртевме на тој број но тој број не постоеше. Утредента во среда неговата тетга забремени !!!
На 07.05.2008 кога мојата сестра почина во сообраќајна несеќа, од тој ден па се доденес во мојот сон ми се јавуваа таа, и ми вели: послушај ме, послушај ме ! нашиот нашиот дедо ме уби. Го кажува тоа и за миг ја снемува. Се до 05.09.2011 година сево ова не ми се веруваше но кога се дозна дека на вистина мојот дедо ја убил, и го притворија. Се од тој ден па се до денес сестра ми ми се појавува поретко во сон и ми вели: БЛАГОДАРАМ !!!!!
Некој дечко излегол во некој кафич и се запознал со некоја девојка. Се забавувале цела вечер, пиеле вино. Виното и се истурило врз фустанот. Подоцна момчето ја оставило пред нејзината куќа. И побарал телефонски број и го добил.. По некој ден дечкото и се јавил ,а на телефон се јавила мајката на девојката и му кажала дека девојката е мртва веќе година дена. Се тоа им било сомнително, па отишле на гробот и го откопале телото... Кога го отвориле ковчегот внатре била девојката во истиот фстан во кој била излезена и на него стоело истуреното вино.
Ѕвонче Беше топла,летна ноќ,последниот викенд од месецот септември.Мама и тато беа на свадба.Со мене останаа мојот постар брат и сестра кои учеа за преостанатите испити на факултет.Некаде околу 11 ипол навечер јас и сестра ми силно посакавме сладолед.Го наговоривме брат ни и тој со точакот отиде до продавницата да ни ја исполни желбата иако на почетокот несакаше сепак отиде.Беше 15 до 12 кога отиде.Во тоа време го гледав филмот 96 сати и бев тотално занесена,а сестра ми ја средуваше кујната.Во еден момент некој дивјачки заѕвони на вратата.Отидов до прозорот да видам во дворот,а сестра ми да види на влезната врата.Меѓутоа ни јас ни она не видовме никого,ама ѕвончето и понатаму дивјачки ѕвонеше,без да престане.Не знаев што да направам па ја прашав сестра ми кој е тоа.Она во тој момент беше во ходникот и кога виде дека нема никој панично ми рече да видам кој има во дворот,она не гледала никој.Ја и кажав дека и ја не гледам никого.За неколку секунди се сретнавме во ходникот.Она ми рече:"Па што се случува?Нема никој ни на вратата ни во дворот,а ѕвончето и понатаму ѕвони како лудо?Зарем се духови?"Само да напоменам ѕвончето и понатаму ѕвонеше без престан.Сестра ми внимателно излезе од куќата,во дворот,а ја тргнав по неа.И кога се уверивме дека пред вратата нема никој,одеднаш ѕвончето престана да ѕвони.Сестра ми вознемирено ми рече да влезам во куќата,додека она одлучи да прошета уште малку во дворот,за да се увери дали има некој?Ја гледав од прозорот и да ви кажам искрено уште сега вртев некој филмови во главата...Тогаш после неколку минути и сестра ми влезе и ми кажа дека се е океј,само да го затворам прозорот...Тек тогаш се исплашив,бев уверена дека сепак нешто видела,но претпоставувам дека не сакаше да ми каже за да не ме исплаши.После неколку минути дојде и брат ми со сладоледот.Кога му кажавме се како беше,он почна да се смее и ни рече дека гледаме премногу хорор фиилмови.Мислеше дека измислуваме.И тоа за него беше крај на приказната.Но јас цела ноќ сонував некој чудни сонови.А утрото кога тргнав на училиште,фрлив око на ѕвончето.Беше скршено а околу него имаше капки крв!Изгледа дека никогаш нема да знам кој ѕвонеше и што се случило,но сигурна сум дека сепак нешто се случило,нешто страшно... Куќата на СТРАВОТ Моите пријатели и јас некое време се сретнувавме во една стара,напуштена куќа.Таму супер си поминувавме,па малку и ја уредивме и ни беше забавно престојувањето таму.Но по 1 месец дел од друштвото се скарало па нашите состаноци стануваа се поретки.Наскоро во потполност престанавме да одиме таму.Иако клучевите останаа кај мене,ни ја веќе не навратував таму.Но по неколку недели во соседствотот почнаа да се кружат приказни дека од таа куќа навечер се слушаат женски пискања.Мојата другарка и јас станавме прилично љубопитни па иако предпоставувавме дека се тоа само приказни одлучивме да одиме и да видиме дали навистина таму се случува нешто необично.Додека одевме према куќата,сретнавме една наша стара сосетка која ни изгледаше баш загрижено.Кога и кажавме каде одиме,само стана бледа и со испашен глас ни рече:"Деца,немој да идете во таа куќа!Опасно е!"Не ни интересираа нејзините зборови.Сепак отидовме.Кога сакав да ја отворам вратата,привемив дека е отклучена.Така да,некој дефинитивно бил тука.Кога влеговме внатре,по ѕидот имаше крв и целиот мебел беше распарчен.Одеднаш како некој да пројде покрај нас.Се плашевме.Сакавме да излеземе од задната врата ,но кога отидовме во другата соба,видовме човек со крвава секира во раката и жена која клечи покрај него,цела во крв.Не погледнаа.Човекот ја подигна секирата и појде накај нас.Тотално исплашени и избезумени почнавме да трчаме према излезот.Кога конечно излеговме,се свртевме да видиме дали тој лудак е сеуште позади нас,а на фасадата од куќата имаше крвав натпис:"НЕ ВРАЌАЈТЕ СЕ!!!"Така преплашени и загрижени одлучивме да ја најдеме таа соседката и да извлечеме од неа било каква информација затоа што беше сигурно дека нешто знае.Најпрво несакаше да каже ништо,ама кога виде колку се плашиме,сепак попушти.Ни кажа како во таа куќа пред 400 години живееле маж и жена.Мажот бил многу насилен,често ја тепал својата жена,не и давал да излегува од куќата.Жената многу му се плашела,но еден ден собрала храброст,излегла од задната врата и се обидела да избега,но он ја стигнал,ја фатил за коса и ја одвлеков дома,ја земал секирата и и ја исекол главата.Кога се свртел околу себе,видел едно девојче кое се видело.Кога се обидело да побегне,он ја стигнал.И прошол со раката над главата и во тој момент таа ослепила и оглувила.Барем така се мисли.Ни кажа дека тоа се се случувало секоја стота година после смрта на онаа сирота жена.Кога заврши со приказната,ги ококори очите како да видела дух.Гледаше во мојата другарка која со рацете си ги триеше очите,како ништо да не гледа.Јас пробав да ја викнам и да ја прашам што се случило,но она не ме слушна!Беше слепа и глува!Истрча некако од куќата и после тоа никој никогаш не ја видел.Повторно се случи тоа... Утре или задутре пак кје напишам,секако ако ви се допаѓа
секогаш кога се спомнува екскурзија асоцира на глупости дивјачење и изводење ама сепак во екскурзијата пред 2 години се случи нешто многу чудно иако многу ќе помислат дека тоа беше некој другар кој сака да ги плаши останатите но не беше така според мене и останатите во собата.....беше 12 часот на пол ноќ после првиот изминат ден во детското одморалиште во крушево се беше убаво имаше забава на која сите наставници беа пијани и повеќето от половина заспаа на масите во диското тоа значеше дека ние децаата ќе можи да правиме цела ноќ што сакаме и никој нема да реагира во собата бефме 8 девојчиња(немирни морам да напоменам) а во другата соба до нас беа ''бубалиците'' како што ние ги нарекуваме тие имаа заспано и ние решифме да си направиме мајтап на нивна сметка па 4 од нас влегоа во нивната соба со пастаа да им ги намачкаме лицата ги намачкафме а многу чудно беше што никоја од ниф не се разбуди и ништо не осети а не можевме да осетиме дали дишат или не одеднаш од нашата соба се чу вресок отрчафме и што ќе видиме сите другарки ја имаа напуштено собата а стаклото од прозорецот беше скршено девојчињата кои останаа во собота тврдеа дека прозорецот се скршил тукутака од еднаш а во собата не влетал ни камен ни ништо не им верувафме им рекофме дада зннаеме дека не сакате да ве вратат дома уште утре бидејѓи скришифте прозор а и дека дигате паника...ни рекоја добро не ни верувајте ние си го кажафме нашето потсвесно сите бешме уплашени но продолжифме со смеење како ништо да не било одеднаш некој тропна на вратата од бараката (во секоја барака имаше по 2 соби) станаф јас да отворам ама веднаш по мене станаа сите отидофме отфорифме и ништо никој немаше (претпоставувафме дека некој оод нашите другари од соседната соба си прави мајтап) влегофме во собата и на ѕидот имаше дупка (ѕидот беше од гипс)се преплашифме седнафме сите на масата и не зборувафме по 5 минути (отприлика беше 3 часот по полноќ) заѕвона мојот мобилен и се јавиф беше мојот другар и беше многу лут и ми рече прво скршифте прозорец поттоа тропата и дупка на ѕидот на крај тоа беше срцеф удар за мене отидофме кај ниф бараките ни беа една до друга седефме таму цела ноќ и сабајлето им раскажафме на наставниците но тие не ни веруваа а подоцна една хигиеничарка ни кажа дека не е прф случај вака да се случи и не знаат од што е и ни рече да спиеме заедно сите мислам во една соба(со бубалиците кои сабајлето стаанаа беа лути а немаше ништо во нивната соба ни прозор скршен ни дупка во ѕидот...втората вечер не се случи ништо но сепак ние бефме преплашени и не спиефме....НАПОМЕНУВАМ НЕ ПИЕФМЕ НИШТО НИТУ СЕ ДРОГИРАФМЕ ИМАФМЕ САМО 11 ГОДИНИ
Приказнава можеби е глупава или барем глупаво напишана, ама не е измислена од девојчево (освен делот дека му ја исцицала крвта ). Одамна ми ја имаат кажувано, а ја имаше и на Мотика во категоријата мистерии, демек скопска урбана легенда. А ти што така нервна?
Бев во посета на баба ми сестра која беше многу стара.Секое утро одев да купам топол леб од соседното село и тазе млеко.Еден ден ме замоли да отидам кај нејзината комшивка да ми даде зеленчук и овошје.Ја послушав.Влегов во куќа на комшивката и ја видов како прави ручек.Моментално немам ништо,но ти си млада можеш да отидеш во горниот двор и да искинеш колку сакаш и што сакаш!-ми одговори.Јас ја послушав и отидов.Окулу бунарот имаше магла.Трчајќи поминав,а срцето почна да ми чукан се појако и појако.Меѓу пипирките ја видов како лежи со дупка во главата.Не можев воздух да земам.Колку ме држат нозете трчав до куќата на баба ми.Кога влегов внатре ја видов баба ми како држи секирата облеана во крф.Ми рече не се плаши,и почна да иде накај мене.Јас почнав да врескам на цел глас.Излегов од задната врата на куќата и во тој двор имаше мртви луѓе.Трчав до автобуската станица,се качив во првиот автобус и ме однесе до градот.
Девојки кога веќе сакате да пишувате мора да го подобрите стилот на пишување,а и граматиката. Внимавајте да не правите граматички грешки, бидејќи стварно бар за мене ја расипува приказната. Исто така не пишувајте објаснувања во заграда на секоја реченица бидејќи тоа не остава да се долови морбидна creepy атмосфера што една приказна за да биде страшна мора да ја има. Користење смајлиња исто така е едно големо НЕ. Ако разбирате англиски видете ја една страна што се вика Сreepypasta значи за хорор приказни е најдобра без конкуренција. Ги одбираат само најдобрите приказни,а тие стварно се да се уплашат. Приказните се прекрасно осмислени и иако имаат фактор на изненадување не претеруваат (како на пример му рекла дека е цицач и го исцицала, тоа е веќе преглупаво) На страната можете да ги прочитате правилата за како една приказна треба да се напише и верувајте ако се одржувате по нив приказните ќе ви бидат 10 пати подобри.
Девојки, јас имам слушнато слична приказна на оваа. Значи таксистот секоја вечер ја возел жената на гробишта и ја враќал дома. Една вечер бидејќи и било многу ладно му го побарала палтото и отишла. Тој ја чекал многу време и откако му здосадило решил да отиде до гробот и да види кај се задржала жената. Кога отишол на гробот го видел неговото палто а жената ја немала. Тогаш тој почнал да вика: -Тетко каде си, каде си.. И слушнал некој глас што му одговорил: -Јас не сум никаква тетка туку Свети Петка.
Ме наеживте немам зборови а иначе верувам во натприродни сили бидејки на мајка ми на татко ми дедо ми исто така им се имаат случувано