4. чудовиштето е на таванот закачено 9.ова ни јас не го сваќам 22.оживување цело време , не може да умре 23. мало ѓаволче 25. мртво тело кој некој го носел на себе јас вака ги сватив од прилика
9. значи не бил одразот, некој друг бил во огледалото. Не може да се видеш како трепнеш. Ме свативте?
ова е вистинско не ми се случило на мене туку на сестра ми.Пред 5-6 години (така нешто) се будам сабајле и сестра ми ми вика дека сум ја исплашила вечерта ја и викам како тоа сум те исплашила кога цело време спиев и она ми вика дека ме видела како сум се исправила од креветот и потоа сум исчезнала и сум се појавила по неколку секунди покрај креветот како монструм ми вика како да сум била јас ама и како да не сум била јас туку како некое девојче на моја возраст,а мене ме немало во креветот се до ден денес ми е чудно ја и реков отако ми го кажа тоа дека сигурно сонувала но ми вика дека не сонувала дека се рабудила касно вечерта и ме видела така :/
1. Пред неколку години, ја легнував ќерката на мојата пријателка на спиење. Тогаш имаше околу 3 години и се плашеше да заспива. Ме праша зошто мора да легнува во кревет и јас и одговорив: „Бидејќи е доцна и време е малите девојчиња да се одморат.“ Тогаш таа покажа во празно на спротивната страна од собата и рече: „А ова мало девојче?“ 2. Пред 2 години го разгледувавме мојот алманах од основно школо со мојата 5-годишна братучетка. Кога дојдовме до страницата со еден клас од второ одделение, таа покажа кон фотографијата на едно момче и рече: „Тој изгледа исто како Николас!“ Кога прашав кој е Николас, таа рече: „Момчето во мојот плакар“ и едноставно продолжи да си разгледува. За малку не умрев. 3. Малите деца знаат чудни работи. Мојата внука има 4 години и постојано зборува за нејзината постара сестра. Исто така и нонстоп разговара со неа. Таа е единче и не знае дека мајка ѝ пред неколку години имала неуспешна бременост. Некогаш успева да ме преплаши. 4. Бев тргната кон купатилото на вториот кат во куќата на тетка ми и тогаш ја забележав мојата братучетка Ејприл на скалите. Ејприл имаше 4 години и беше многу ведра. Се занимаваше правејќи смешни фаци додека седеше на скалите. Ја прашав што прави, а таа ми рече: „Ја имитирам жената со плетенките.“ Погледнав наоколу, немаше никој друг освен нас. Ја прашав: „Каде е жената Ејприл?“ Таа покажа накај гредата паралелно на скалите. Ја прашав: „Ејприл, што прави жената?“ Таа рече: „Прави смешни фаци“. Се насмевнав и продолжив да одам нагоре кога Ејприл кажа нешто што ме стаписа во истиот миг. Рече: „Нејзините плетенки ѝ се околу вратот“. Се завртев назад и ѝ реков на Ејприл да повтори што кажа. Таа покажа во истата насока и рече „Жената виси на плетенките… Прави смешни фаци.“ Тогаш Ејприл почна да прави фаца што тогаш сфатив дека имитира некој кој се бори за воздух.“ 5. Го чував Џек (5-годишно дете), кој рече дека некој човек по име Џејкоб кој е облечен како дрвосечач седи до мене на каучот. Мора да забележа дека ме исплаши, па додаде: „Не се секирај, нема раце.“ 6. Мојот малечок внук порано постојано зборуваше за жена која го посетувала навечер во соба. Велеше дека таа носи црвен фустан, дека се вика Френи, дека му пеела… и дека лебди. 7. Чував неколку деца додека родителите им беа во кино. Го ставив најмалото (4) на спиење и се вратив да гледам ТВ сѐ додека не се вратија родителите. Следниот ден се јавија родителите. Според 4-годишното дете сум стоела на прагот од вратата, долго сум го гледала и сум се смешкала. Бев многу збунета, што не знаев што да кажам. 8. Јас и мојата пријателка една вечер го чувавме нејзиниот 4-годишен братучед. Таа многу веруваше во реинкарнација и слични работи и реши да ги тестира своите теории на братучед ѝ. Почна да му поставува прашања кои тој не можеше баш да ги разбере, но тогаш го праша со едноставни зборови: „Што беше пред да бидеш (името на детето)?“ Тој кажа дека бил кондуктер и мавна со раката како што тоа би го направил возрасен човек кондуктер. Ова дете е родено слепо. 9. Пред неколку години ја чував ќерката на мојата пријателка. Тие живееја во стан со голема стаклена врата која водеше кон поплочен праг. Таа пристапи кон стаклената врата, тргна кон плочникот и неподвижно гледаше во ноќта неколку минути. Брзо потоа се затрча накај мене, ме гушна и рече: „Страшно. Многу страшно.“ Не ми дозволуваше да ја пуштам и бараше да ја држам и да ја нишам во следниот половина час. На крај конечно почна да повторува: „Темнината сега доаѓа внатре. Темнината сега доаѓа внатре.“ 10. Откако го покрив тој ми рече: Знаеш, јас немам убиено никого. Не мораа да ми ја отсечат раката. Но земјата беше целата во крв.“ Мојата теорија е дека ова е реинкарниран војник од Првата светска војна. 11. Го гушкав 3-годишниот син на мојата пријателка кога тој со многу сериозен тон ми рече: „Ти ветувам дека никогаш повеќе нема да ти ги џвакам коските. Ти ветувам.“ 12. Пред неколку месеци го загубив мојот дечко кој настрада од залетан куршум. Кога неколку дена потоа отидов да го посетам неговиот мал братучед, тој ми пријде додека плачев. Ме праша зошто плачам и јас му кажав дека ми недостига мојот дечко. Тој направи една збунета фаца и рече: „Зошто? Па ене го седи напред во дворот.“ 13. Еднаш чував девојче по име Сара која порано многу сакаше да ја чувам. Го знам ова бидејќи мајка ѝ постојано ми кажуваше како секогаш сакала да ја чувам јас, а не некој друг. Но Сара една вечер отиде чекор подалеку и ми рече: „Кога ќе умреш, сакам да те ставам во стаклена тегла за да можам да те чувам и да те гледам засекогаш.“ 14. Грижејќи се една вечер за мојот мал братучед во Монтана, тој почна да ми раскажува за „Морничавиот човек“ кој живее во собата на неговите родители. Поминува кај мене откако ќе ги посети нив. Еднаш згрешив и го прашав како изгледа. Ми рече: „Ох, па нема лице.“ 15. Една вечер ги чував децата на мојот пријател. Најмалото (околу 5 години) нацрта слика на која жена висеше од таванот, ме погледна и ми рече „Таа ми рече да го нацртам ова. Доаѓа по тебе. Скриј се.“ извор Кафе Пауза
Ај да ви ги објаснам. Првото значи дека чудовиштето е таму горе, и дека не сака да биде видена. Второто значи дека си го гледаш сопствениот одраз, е сега замислете како е вашиот одраз во огледало да трепне. Третото, ниедно дете не се раѓа со 32 целосно израснати заби, колку би било морничаво такво нешто? Четвртото јас го сфаќам како носење во раце некоја мртва девојка која ти сраснува за кожата, ама тоа само мојот морбиден мозок.
ова не само што е вистина туку и се случи се мислам лани беше во скопје, дечките што загинаа влетувајќи во гаража ако се сеќавате.... не е измислица ова, за жал
1. Едно девојче многу сакало кукли.И за неговиот роденден мајка му го земала и отишле да купат кукла за девојчето.Девојчето одбрало некоја кукла која имала дигнато 2 прста.Продавачката не сакала да ја продаде но мајката била инаетлива и морала да ја продаде и им рекла да не го оставаат девојчето само со куклата.Мајката не сватила сериозно и по роденденот навечер ја оставила сама.КОга се вратила го видела девојчето како лежи мртво (целото со крв) а куклата дигнала 3 прст а тоа значело 3 та ЖРТВА . 2. Оваа урбана легенда е поврзана со човек, кој се чекирал во еден хотел на неколку ноќи. Откако му бил предаден клучот од собата, жената на рецепција го предупредила дека во ходникот кон неговата соба, имало врата без број. Таа објаснила дека заклучената соба се користела за складирање работи, а исто така го предупредува да не се обидува да влезе во собата ниту да ѕирка низ клучалката. Човекот и покрај тоа што бил заинтригиран, отишол веднаш во својата соба, без да поставува повеќе прашања. Но, веќе втората ноќ, неговата заинтригираност го надвладеала и се упатил кон собата без број. Се фатил за кваката, но вратата била заклучена, баш како што му рекла жената од рецепција. Бидејќи не сакал да се откаже така лесно, тој се обидел за ѕирне низ клучалката. Позади вратата, навидум се простирала голема хотелска соба, сосема нормална и слична на неговата. Но, во ќошот стоела една жена со бледо лице, чија глава била потпрена на ѕидот наспроти вратата. Збунет, мажот се вратил во својата соба. На третиот ден, човекот решил да погледне барем уште еднаш низ клучалката. Но, овој пат, видел само црвена боја, ништо друго, туку само постојана, силно темна нијанса на црвено. Помислил дека можеби жената се посомневала дека некој ја надгледува и ја покрила клучалката со нешто црвено за да не се гледа внатре во собата. Тој одлучил да оди долу и да ја праша жената на рецепција. Таа воздивнала и го прашала дали погледнал низ клучалката. Откако потврдил, таа му ја кажала целосната приказна. Многу години наназад, некој човек ја убил својата жена во таа соба и затоа собата е прогонувана од нејзиниот дух од тој момент. Се велело дека нејзиниот дух е многу блед, освен нејзините очи, кои се со силно црвена боја!
Една вчечер бев сама со брат ми во куќата.Или барем така мислевме.Седевме во спалната и гледавме ТВ. Се слушаа чекори бидејќи спалната и дневната се поврзани со ходник.Се слушаше многу јасно.Го исклучивме телевизорот.Чекорите сеуште се слушаа.Утредента и кажав на мајка ми, но ми кажа дека само сум сонувала.А, знам дека не сонував.Чекорите се слушаа многу јансо...
ова ми станува смешно со тоа Ф-то на секој збор. а овие бубалициве немале ништо дека се бубалици изгледа е некој знак да сте помирни хахх